Отоманско-византиски војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Кнежество → Кнежевство, кнежества → кнежевства
с Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај (4), битката за → Битката за
Ред 32:
Во 1282 година починал [[Михаил VIII Палеолог]], а неговиот син [[Андроник II Палеолог]] ја презел власта. Смртта на стариот византиски цар дошла како олеснување за општеството во целина. Андроник II Палеолог ги напуштил амбициозните потфати на својот татко, се придржувал кон православието и откако започнал со своето самостојно управување во [[1282]] година, ја укинал Лионската унија со Римската црква, склучена од Михаил VIII во 1274 година<ref name=oxford-260>''Oxford History'', pp. 260–261</ref>. Андроник II ја наследил државната каса на Византија во состојба на банкрот, поради големите воени трошоци на Михаил VIII. Царот ги ограниил фискалните привилегии на големите земјопоседници и ги зголемил даноците.
 
Андроник II имал голем интерес во зачувување на анадолските територии на Византија и наредил изградба на тврдини во [[Мала Азија]] и енергична обука на армијата<ref name=oxford-260/>. Византискиот цар наредил неговиот двор да се пресели во Анадолија, за да ги надгледува кампањите против Османлиите. Раните успеси останале бескорисни кога Турците започнале опсада на [[Никеја]] во [[1301]]. Една од поголемите први османлиски победи била [[Битка кај Бафеј|биткатаБитката кај Бафеј]]. Претходно Османлиите во опсада ги ставиле градовите [[Никеја]], кој бил империјален град и [[Бурса]].<ref>Kazhdan (1991), pp. 1539–1540</ref> Турските напади претставувале и закана за градот [[Никомедија]]. За да го спречи ова, царот [[Андроник II Палеолог]] испратил армија од околу 2.000 војници да го ослободат градот.<ref name="Bartusis">Bartusis (1997), p. 76</ref><ref name="Kazhdan 1991, pp. 251, 1421">Kazhdan (1991), pp. 251, 1421</ref><ref name="Nicol126">Nicol (1993), p. 126</ref> Така битката се случила кај Бафеј, место кое очигледно се наоѓа помеѓу Никомедија и Никеја на [[27 јули]] [[1302]] година. Во битката, Османлиите успеале да го скршат отпорот на Византијците, принудувајќи ги да се повлечат кон Никомедија.<ref name="Bartusis"/><ref name="Kazhdan 1991, pp. 251, 1421"/><ref name="Nicol126">Nicol (1993), p. 126</ref>
 
По неуспесите на Византијците да се справат со сопствени сили, императорот ги повикал каталонските војници на чело со [[Роже де Флор]], кој пристигнал во [[Константинопол]] со 39 галии и 6500 луѓе, за да се бори со османлиските сили. Каталонците имале успех и привремено ја задржиле турската офанзива во Витина, но откако не ја добиле платата која им била ветена, тие започнале со грабежи по византиските територии во [[Мала Азија]]. Во 1305 година Роже де Флор бил повикан во [[Едрене]] каде бил убиен за време на една гозба. Ова убиство довело до крвави погрони, познати како Каталонска одмазда: платениците кренале востание и се здружиле со Османлиите па заедно започнале со своите пустошења по источна Тракија во текот на две години. Напаѓачите биле поразени во [[1308]] година кај [[Солун]].
Ред 42:
== Византиска контраофанзива (1328–1341) ==
 
Владеењето на Андроник III било обележано со последниот вистински обид на Византија за враќање на "''славата што некогаш беше Рим''". Во 1329 година, византиските војници биле испратени за да се соочат со османлиските сили кои ја имале опседнато Никеја. Судбината на Никеја била запечатена по византискиот пораз во [[Битка кај Пелеканон|биткатаБитката кај Пелеканон]] на [[10 јуни]] [[1329]] година. Така главната престолнина на имеријата пред 70 години, Никеја паднала во 1331 година<ref>A History of the Byzantine State and Society, Treadgold, W., Stanford Press, 1997</ref>. По овој пораз Османлиите се [[Опсада на Никомедија|насочиле кон Никомедија]] и ја зазеле.
 
И покрај овие неуспеси, Андроник III бил во можност да постигне неколку успеси против своите противници во [[Грција]] и [[Мала Азија]]; Епир, заедно со [[Солун]] биле заземени<ref name=oxford-263>''Oxford History'', p. 263</ref>.
Ред 48:
== Балканска инвазија и граѓанска војна (1341–1371) ==
 
По византискиот пораз во [[Битка кај Пелеканон|биткатаБитката кај Пелеканон]], Орхан развил пријателски односи со [[Андроник III Палеолог]], како и со неговите наследници. Во следните дваесет години отоманците внатрешно се зацврстиле. Во [[Византиска граѓанска војна (1341-1347)|Византиската граѓанска војна]] од [[1341]] до [[1347]], [[Византија]] ги потрошила можеби и своите последни ресурси. Во [[1341]] година починал Андроник III.<ref>''Oxford History'', p. 265</ref>. Негов наследник бил Јован V кој бил малолетен. Истата година [[Јован VI Кантакузин]] се прогласил за император на Византија давајќи го почетокот на граѓанската војна меѓу Ана Савојска и [[Алексиј Апокавк]]. И двете страни се стремиле да ги придобијат како сојузници туркиските владетели во [[Анадолија]]. Ана најверојатно својата делегација кај [[Орхан I]] ја испратила во [[1345]] година.
 
Во [[1346]] година, императорот [[Јован VI Кантакузин]] го признал Орхан како најголем емир меѓу муслиманските кнежевства. Тој се стремил да ги држи османлиските сили постојано до неговите интереси. Во [[1346]] година османлискиот владетел испратил делегација кај Кантакузин посакувајќи ја неговата ќерка Теодора за сопруга а во замена ветил дека ќе му помогне во бунтот против Ана. Според историчарите, Јован ова го прифатил дури откако се согласиле и поголемиот дел од семејството, служителите и другиот туркиски сојузник Умур<ref>Paul LEMERLE, L'Emirat d'Aydin. Recherches sur la Geste d'Umur Pacha, Paris (1957)</ref>. По добивањето на согласност, Орхан испратил во Селиврија, денешен Силиври, западно од Константинопол воена помош. Самата свадба била многу раскошна и опишана од страна на многу византиски историчари<ref>A.A.M. BRYER, „Greek Historians on the Turks: the Case of the first Byzantine-Ottoman marriage". In: R.H.C. DAVIS, J.M. WALLACE-HADRILL (eds.), The Writng of History in the Middle Ages. Essays Presented to Richard William Southern, Oxford (1981)</ref>. Сојузот меѓу Орхан и Кантакузин ја принудил на Ана да побара помош од емирот на Сарухан. Тие откажале и се придружиле кон силите на Орхан. На 2 февруари Јован влегол во Константинопол и по шест дена се прогласил за нов император. Јован V добро ги одржувал врските со Орхан. Во 1348 година српскиот цар [[Стефан Душан]] ја зазел [[Тесалија]]. Јован побарал помош од Орхан кој испрратил околу 10.000 пешадиска војска на чело со неговиот син Сулејман паша. Кога пристигнале блиску до Солун османлиите неочекувано се обрнале повторно кон Дарданелите, притоа вршејќи големи грабежи. И покрај тоа, во 1352 година Јован повторно побарал помош од Орхан кога Јован го нападнал Матеј кај Адријнопол. На страната на Матеј застанале османлиите и оствариле голема победа.
Ред 68:
== 1394-1424 ==
 
Иако односите со Јован VII се подобриле, Султан Бајазит I го опсадил [[Константинопол]] од 1394 до 1402 година. По пет годишна опсада, Мануил II му го доверил градот на неговиот внук и тргнал (со придружба од 40 луѓе) на долго патување во странство да бара помош против [[Османлиско Царство|Османлиското Царство]] од дворовите на западна Европа. Во меѓувреме против османлиска крстоносна војна водена од [[Кралство Унгарија|унгарскиот]] крал [[Сигмунд Луксембуршки]] била неуспешна при [[Битка кај Никопол|Битката кај Никопол]] на [[25 септември]] [[1396]] година, но османлиите биле и самите тешко поразени од [[Тамерлан]] во [[Битка кај Ангора|Битката кај Ангора]] во 1402 година. Мануил II испратил 10 бродови да им помогнат на крстоносците во Никопол. Како што синовите на Бајазит I се бореле за наследството на [[Отомански интеррегнум|османлискиот интеррегнум]], Јован VII успеал да ги врати во посед европскиот брег на [[Мраморно Море|Мраморното Море]] и Солун под византиска власт. Кога Мануил II се вратил дома во [[1403]] година, неговиот внук му ја предал контролата на Константинопол и бил награден со владение на новоосвоениот Солун. Мануил исто така од османлиите го освоил [[Несебар]] (1403–1453), [[Варна]] (1403–1415), и мраморното крајбрежје [[Ушкудар|Скутари]] до [[Измит|Никомедија]] меѓу 1403–1421 година. Мануил II бил во пријателски односи со победникот од Османлиската граѓанска војна, [[Мехмед I]] (1402–1421), но неговите обиди да се вмеша во изборот на наследникот довело до нов [[Опсада на Константинопол (1422)|напад на Константинопол]] од [[Мурат II]] (1421–1451) во 1422. По доаѓањето на власт на [[Мурат II]], тој сакал да се одмазди на Византија главно поради тоа што таа била еден од потикнувачите на граѓанската војна која се создала во султанатот. Така, на пристаништето на Солун, Мурат се нашол во [[1422]] година.<ref>John Julius Norwich, ''Byzantine: The Decline and Fall'' (Alfred A. Knopf Pub.: New York, 1998) p. 394</ref> За да се заштити подобро, Византија и го дала градот на [[Венецијанска република|Венецијанската република]].<ref>John Julius Norwich, ''A History of Venice'' (Alfred A. Knopf Pub.: New York, 1982) p. 343</ref><ref>Mango, Cyril. The Oxford History of Byzantium. 1st ed. New York: Oxford UP, 2002. pg 277</ref> Турците својата опсада ја одржиле до [[1430]] година кога го нападнале градот а потоа и го зазеле.<ref>Lord Kinross, ''The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire'', p. 85</ref> Во биткатаБитката за Константинопол, Османлиите за првпат употребиле [[топ]], кој иако бил со краток дострел сепак помогнал во битката.<ref name="Constantinople">Stephen Turnbull, ''[http://www.ospreypublishing.com/title_detail.php/title=S759X~ser=FOR The Walls of Constantinople, AD 324–1453]'', [[Osprey Publishing]], ISBN 1-84176-759-X.</ref> Силите на двете страни биле технички исти. Османлиите морале да изградат свои бази за да ги нападнат [[Константинополски ѕидини|ѕидините на градот]].<ref name="Constantinople" /> Византиските бранители ја освоиле оваа битка.
 
==1424-1453==
 
Османлиите се соочиле со бројни противници меѓу ''1424'' и [[1453]] година. Освен со опсадата на Солун, Османлиите морале да се соочат со Србите под [[Ѓураѓ Бранковиќ]], Унгарците под [[Јанош Хунјади]] и Албанците под [[Скендербег]]. Во 1444 година била организирана крстоносна војна која била добиена од Османлиите по биткатаБитката кај [[Варна]] во [[1444]] година<ref name="Madden, Thomas F pg 184" /><ref>''Oxford History'', p. 279</ref>
[[File:Siege of a city, medieval miniature.jpg|thumb|250px|right|Опсада на Константинопол]]
Во 1448 и 1451 година, имало промена во византиска и отоманска раководства, соодветно. Мурат II починал и бил наследен од страна на [[Мехмед II]] додека [[Константин XI Палеолог]] го наследил на Јован VIII. Мехмед II го обновил мировниот договор и со [[Венецијанска република|Венецијанската република]], на три години склучил примирје со [[Јанош Хунјади]], витешкиот ред на [[Родос]], господин Ревалахии и други владетели добиле уверување во врска со можноста за иден мир. Пред посланиците на императорот [[Константин IX]], султанот се заколнал на [[Куран]]от дека нема да претендира на владенијата на империјата на [[Константинопол]], уверувајќи дека ќе продолжи да плаќа пари на дворот на Константинопол, поради заложениот во Константинопол Орхан (внук на Бајазит и претендент за тронот). Но парите не биле платени, и како одговор на барањата на Византија со скриени закани дека ќе се постави на престолот Орхан, мирниот став се претворил во подготовки за воена акција. Султанот почнал отворено да се подготвува за [[Опсада на Константинопол (1453)|опсадата на Константинопол]], во април-мај [[1453]].