Маркови Кули (Прилеп): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
Ред 47:
Крале Марко (околу 1335 - 17 мај 1395) бил последниот крал што владеел во големиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани и станал најпознат јунак на епското народно творештво не само на Македонците, туку и пошироко. Кралството на Марко е со средиште во Македонија со Прилеп како главен град и затоа се смета за македонски крал.
Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, а во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда, Дева, Вида, Угра, Шаина и Беда. Имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник. За потеклото на династијата [[Мрњавчевци]] нема сигурни сознанија бидејки современите пишани извори не даваат податоци. Најстари податоци за оваа фамилија дава дубровничкиот писател Мавро Орбини од XVII век. Според него, тие потекнувале од [[Ливно]] во Херцеговина од сиромашниот властелин Мрњава, кого Душан (цар, 1346-1355) го повикал на својот двор и многу го издигнал. Врз основа на ваквото пишување на Орбини прифатено е презимето Мрњавчев за ова семејство и како такво одамна е востановено во литературата.
За време на владеењето на неговиот татко, Марко ја имал титулата “млад крал“, односно престолонаследник. Во Маричката битка во 1371 г., Марко не учествувал во бојот, туку останал да управува со територијата на земјите на татка си и чичко си. По неа и по смртта на браќата Мрњавчеви, тој станал крал и формално-правно совладетел на царот Урош. Според некои научници, тој е и единствениот легитимен крал на Царство, по смртта на Урош и замирањето на династијата Немањиќи. Но, владеењето на кралот Марко се соочувало со постојани притисоци, како од страна на српските големци, така и од страна на Турците, кои сe посигурно завладувале со Балканот. Набргу некои територии му биле одземени од кнезот Лазар, Никола Алтомановиќ, Балша и Турците. Тоа било време кога многу од владетелите склучувале мир со Османлиите, станувајќи нивни вазали. Така и Марко ја признал врховната власт на Мурат I, се обврзал да му плаќа данок и да служи на турската војска во нејзините воени походи. Постојат различни претпоставки за годината кога кралот Марко станал турски вазал. Некои сметаат дека тоа се случило во 1371 г., веднаш по Маричката битка, но постојат записи кои кажуваат за турски опсади на Прилеп и Битола во 1385 г., што го дефинира Mарковото кралство како независна територија во однос на турската држава. Интересно е да се напомене дека и покрај турското вазалство, кралот Марко се издигнал на ниво на легендарен национален херој, под чие владеење народот се чувствувал заштитен и поспокоен во однос на соседните народи. Музафер Туфан во “Кралот Марко во некои турски извори“ објаснува дека тоа се должи на: “фактот дека тој успеал најдолго да ја сочува внатрешната автономија и фактот дека тој тоа го постигнал врз основа на својата тактичност, државничка мудрост и подготвеност на осојузување, дури и по цена на саможртва, со цел подолго да се опстане и да се сочува внатрешната автономија и соработка на Балканот“. На 17 мај 1395 г. во биткатаБитката кај Ровине, застанувајќи на страната на турскиот султан Бајазит I и борејќи се против влашкиот војвода [[Јован Мирче]], кралот Марко загинал, провоцирајќи низа шпекулации како точно се случило тоа и каде било погребано неговото мртво тело. Според Мавро Орбини, Крале Марко ја загубил битката против Мирча крај Кралево, а потоа побегнал во некоја шума каде, по грешка, бил убиен од некој Влав кој мислел дека се работи за ѕвер. Неговото тело било закопано во близина на Скопје, во манастирот Блачани. Други научници веруваат дека мермерната плоча од ѕидот на трпезаријата во Марков манастир зборува дека неговиот гроб се наоѓа токму на ова место. Ниту една од овие теории се уште не е потврдена од страна на науката. Преданието вели дека непосредно пред битката, на деспотот на кумановско-кратовската област Константин Дејанов, кој исто така се борел на страната на Османлиите и загинал во битката, Марко му ги кажал следниве зборови: „Го молам Бога да им помогне на христијаните, а јас прв да загинам во таа борба“.
 
== Галерија ==
Ред 76:
{{КНМ-Прилеп|collapsed}}
{{Архео-Прилеп}}
 
[[Категорија:Згради и градби во Прилеп]]
[[Категорија:Тврдини во Македонија]]