Лудовико Сфорца: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: светиот римски император → светиот римски цар using AWB
с →‎Управување: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
Ред 36:
Во 1494 година новиот крал на Неапол Алфонсо, се сојузил со [[Папа Александар VI]], кој сојуз претставувал голема закана за Лудовико. Лудовико одлучил да се понуди на Франција, каде владеел [[Шарл VIII]]. Тој му понудил да помине со своите војски преку Милано за да може да го нападне Неапол. Сепак неговите амбиции се намалиле, па го нападнал и самиот град Милано. По ова Лудовико направил сојуз со Максимилијан I. Така неговата внука [[Бјанка Марија Сфорца]] била омажена за светиот римски цар а војводството се приклучило кон сојузот против Франција.
 
Џан Галеацо, неговиот внук починал во 1495 година под сомнителни околности, а на престолот застанал Лудовико. Но од тој момент неговата кариера започнала во долна линија. На 3 јануари 1497 како резултат на тешко породување, Беатриса, неговата сопруга, починала. Лудовико, исто така, се надевал дека преку вклучување на Франција, и на светиот римски цар Максимилијан I во италијанската политика ќе може да манипулира со двете страни, поради кое бил одговорен за започнувањето на [[Италијански војни|Италијанските војни]]. Лудовико бил поразен од Франција во биткатаБитката кај Форново во 1495 година. Сепак, со смртта на Шарл, францускиот престол бил наследен од страна на неговиот братучед, Луј од Орлеан, кој стана [[Луј XII]]. Новиот крал тврдел дека треба Милано да му се потчини бидејќи неговата баба била [[Валентина Висконти]], ќерка на [[Џан Галеацо Висконти]], првиот војвода од Милано. Оттука во 1498 година, тој го нападнал Милано. Лудовико успеал да избега од француската армија, а во 1499 побарал помош од Максимилијан.
 
Лудовико врати со армија од платеници и повторно влегол во [[Милано]] во [[февруари]] [[1500]] година. Два месеци подоцна, [[Луј XII]] го ставил под опсада градот [[Новара]], каде Лудовико се наоѓал. Армиите на двете страни вклучувале швајцарски платеници кои не сакале да војуваат едни со други и одлучиле да ја напуштат Новара. Лудовико бил предаден на француските сили во април 1500 година. Лишени од сите удобности на животот, тој ги поминал своите последни години во во затворот во Лош, каде што починал на 17 мај 1508 година.