Лазар Поп-Трајков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: clean up, replaced: |Отоманско Царство}} → }} using AWB
с →‎Илинденското востание: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај (2)
Ред 60:
На [[23 јули]], Поп Трајков и неговата казнена чета заедно со војводата Стерјо Стерјовски и востаници одат кон големото помачко село [[Жервени]]. После неколку предупредувања за разоружување, го напаѓа селото (во кое има војска и многу башибозук). После целодневна битка, војската е истерана од селото давајќи големи жртви, а башибозукот е истепан до еден. Востаниците водени од Поп Трајков победоносно влегуваат во селото. Поп Трајков наредува селото да се запали до темел, зашто Турците од Жервени со децении ги тероризирале околните македонски села (убивале, силувале, пљачкале).
 
После биткатаБитката кај Жервени, четата на Поп Трајков заедно со Чакаларов и Кљашев води неколку битки со аскерот, од кои најголема во којашто тој учествува е биткатаБитката кај месноста Франговица околу селото [[Д’мбени]], каде што 600 востаници се нападнати од многуилјаден аскер. Во оваа битка Турците имаат и артилерија. Но и покрај тоа, секој турски напад е одбиен, а после последниот турски напад, востаниците прават контранапад и ја бркаат војската дури до соседното село [[Сливени]]. Во таа битка паѓаат 200 турски војници и 6 востаника. Заробен е и турскиот сигналист.
 
По еден месец борби скоро секаде во Костурско, здружените востанички сили (околу 2.000 на број) се разделуваат на две: 900 души на чело со Чакаларов заминуваат во казнена експедиција во Албанија за да изгорат неколку башибозучки села, а другата од 500 души на чело со Поп Трајков и [[Иван Попов]] заминува во [[Мариово]] (Прилепско) за да се приклучи на тамошното востание. Дел од востаниците остануваат во Костурско.