Второ Бугарско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Иван Асен II: Јазична исправка, replaced: Григур → Григориј
с Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај (6)
Ред 64:
'''Второто Бугарско Царство''' ({{lang-bg|Второ българско царство}}) — [[среден век|средновековна]] [[Бугарија|бугарска држава]] која постоела во периодот помеѓу [[1185]] и [[1396]] година (или [[1422]]).<ref name=tjupavl>{{наведена книга | last = Tjutjundžiev | first = Ivan |author2=Plamen Pavlov | year = 1992 | title = Bǎlgarskata dǎržava i osmanskata ekspanzija 1369–1422 | location = Veliko Tǎrnovo | јазик = бугарски}}</ref> Таа претставувала директен наследник на [[Прво Бугарско Царство|Првото Бугарско Царство]]. Својот врв од нејзиното постоење државата го доживеала во времето на царот [[Калојан]] и [[Иван Асен II]], пред истата да биде заземена од страна на [[Отоманското Царство]] кон доцниот [[14 век]] и почетокот на [[15 век]]. Во текот на историјата, по ослободувањето на територијата од [[Османлии]]те, било формирано најпрвин [[Кнежевство Бугарија]], а подоцна [[Царство Бугарија]] и денешната [[Република Бугарија]].
До [[1256]] година, т.н. ''Второ Бугарско Царство'' имало доминантна моќ на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]].<ref>http://www.world66.com/europe/bulgaria/history Историја на Бугарија</ref>[[Византија]] на неколку пати била поразена во многу големи и значајни битки. Порази доживеала и новоформираното [[Латинско Царство]] во [[1205]] година во [[Битка кај Адријанопол|биткатаБитката кај Адријанопол]], кога бугарските војски биле предводени од [[Калојан]]. Неговиот внук [[Иван Асен II]] ([[1218]]-[[1241]]) го поразил [[Епирско деспотство|Епирското деспотство]], зацврстувајќи ја доминантната власт на [[Бугари]]те над [[Балкан]]от. Меѓутоа, поради постојаните напади кон доцниот [[13 век]] од страна на [[Татари]], [[Византијци]], [[Унгарци]] како и поради пред се внатрешната нестабилност во земјата, тоа довело до постепено распаѓање на царството. Во текот на касниот [[14 век]] и почетокот на [[15 век]], земјата била целосно заземена од страна на [[Османлии]]те.
 
И покрај големото византиско влијание, сепак бугарските уметници и архитекти успеале да создадат посебен стил на уметност. Уметноста и литературата цветела во текот на [[14 век]], а голем дел од бугарското население било писмено.<ref>[http://news.netinfo.bg/?tid=40&oid=1178853 Нетинфо - Иследувачи: Потписот не е на Бојански мајстор<!-- Bot generated title -->]</ref>
Ред 70:
== Позадина ==
 
И покрај некои успеси на [[Византија]] во времето на [[Мануел I Комнин]], сепак земјата започнала полека да се распаѓа. [[Михаил I Комнин]] во голема мера се обидел да воспоставил контрола над [[Јужна Италија]] и да ги протере [[Селџуци|турските Селџуци]] од [[Мала Азија]], но во [[Битка кај Мариокефалон|биткатаБитката кај Мариокефалон]], турските Селџуци успеале да му нанесат голем пораз на царот и да воспостават трајна контрола врз дел од [[Мала Азија]]. Во исто време во внатрешноста на [[Византија]] се појавиле [[феудализам|феудалци]] кои во голема мера ја потисниле централната власт, во однос на нивните посакувања. Во земјата [[корупција]]та започнала се повеќе да се шири, настапило социјално незадоволство помеѓу народот. Сиромашните семејства биле принудени своите деца да ги продаваат како робови за имаат можност од што да преживеат.
 
Кон [[1183]] година, во северниот дел на земјата инвазија извршиле Унгарците, кои ги ограбиле регионите околу [[Ниш]] и [[Средец]], и според некои извори ги украле моштите на [[Свети Јован Рилски]].<ref>http://www.pravoslavieto.com/life/07.01_sv_Ivan_Rilski_moshti.htm Моштите на Свети Јован Рилски</ref> По само две години, [[Нормани]]те ги нападнале градовите [[Драч]] и [[Солун]]. По нивното заземање, населението било или ограбено или убиено. По ова, норманските орди се насочиле кон престолнината [[Константинопол]], но благодарение на главниот началник на Византиската војска, [[Алексеј Брана]], Византија успеала да го одбие ударот на норманите. Во истото време, во [[Константинопол]] бил извршен државен удар и на царскиот престол застанал [[Исак II Ангел]] ([[1185]]-[[1195]]), кој склучил династичен брак со ќерката на унгарскиот крал [[Бела III]].
Ред 82:
Во текот на есента [[1186]] година, бугарско-куманската армија ја преминала [[Стара планина]] (''Паристрион'') и се разделила на два дела: едниот дел од армијата заминал кон [[Македонија (регион)|Македонија]], а другиот останал да дејствува во [[Источна Тракија]]. Војната се водела со променлив успех на двете страни, кое дополнително го инспирирало на бугарскиот цар да собира поголема и пообучена војска. Во времето кога стигнал во [[Средец]], денешна [[Софија]], царот Исак II го убедувал на [[Бела III]] да ги врати откраднатите мошти на [[Свети Иван Рилски]]. По преговорите, било договорено унгарскиот крал да ги врати моштите но без едната рака, која подоцна била однесена во [[Грац]]. Во текот на пролетта на [[1187]] година, Византиските војници испеале да ја преминат Стара планина и да го опседнат градот [[Ловеч]] т.е. Ловешката тврдина. Опсадата на градот можеби продолжила повеќе од колку што очекувал самиот Исак II. По ова, тој решил да се обиде преку преговори. Во преговорите, византискиот цар ја признал власта на [[династија Асенивци]] над [[Мизија]], а како замена во плен го зедол братот на Асен и Петар, Јоаница (идниот [[Калојан]]). Веднаш по прогласување на мирот помеѓу двете земји, бугарското царство започало да ја обновува својата државна власт, да гради поголем број на тврдини. Како престолнина на новата бугарска држава бил избран градот [[Трновград]], денешно Велико Трново, главно поради својата недостапност и стратегиска позиција. Така, во следните години, Трново станал еден од најголемите културно-политички и религиозни центри на Бугарија.
 
По преминуњето на [[крстоносни војни|крстоносците]] преку бугарските и византиските земји, Исак II решил конечно да зазеде поголем поход против Бугарите, организирајќи поход кон Трново. Меѓутоа, градот бил доволно добро заштитен за да византијците не можат да го заземат. Во [[битка кај Тревна|биткатаБитката кај Тревна]] од [[1190]] година, Бугарија и нанела тежок пораз на Византија. Од тој момент, бугарската држава зазела големи походи против [[Византија]] низ цела [[Тракија]]. По големите неуспеси кои ги доживеал царот Исак II, во престолнината бил извршен преврат.
 
== Калојан ==
Ред 94:
На [[13 април]] [[1204]] година, крстоносците во текот на [[Четврта крстоносна војна|Четвртата крстоносна војна]] го [[Опсада на Константинопол (1204)|зазеле]] [[Константинопол]], по кое дошло до привремено распаѓање на Источното римско царство односно Византија. Од териториите на Византија се создале неколку помали држави и тоа: [[Никејско Царство]], која се смета како директен наследник на Византија, [[Епирско деспотство]] и [[Трапезунтско Царство]]. Во заземаните територии, крстоносците основале свои држави и тоа: [[Солунско кралство]] и [[Латинско Царство]]. Веќе на [[8 ноември]] бил склучен сојуз според кој папата ја дал титулата крал на Калојан (пониска титула од цар) и титулата [[примас]] на бугарски духовен татко, кој според папата одговарале на цар и патријарх. Царот Калојан во исто време потпишал заклетва според која тој се задолжил да ја признае [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]] и нејзината надмоќ врз овие простори, со кои тој требало да се потчини на секое решение земено од страна на папата. Но со заземањето на Константинопол од страна на крстоносците, на повеќе пати биле нападнати бугарските територии. Така, царот Калојан испратил писмо до [[Балдвин Фландриски]] со предлог да се склучи договор за мир. Но царот ова не го прифатил, и борбите продолжиле. Така кон почетокот на [[1205]] година, Калојан склучил договор со византиската аристократија за заеднички воени походи против Латинското Царство.
 
Така, скоро сите тракиски тврдини и области застанале на страната на Калојан. Во [[Едрене]] (или [[Одрин]]), Калојан ја испратил куманската коњаница каде рицарите и крстоносците доживеале голем пораз. Во таа битка бил заробен и самиот цар [[Балдвин Фландриски]] и однесен како заробеник во [[Трновградска тврдина|Трновградската тврдина]]. По биткатаБитката кај Едрене, бугарската армија зазела големи делови од [[Тракија]] и [[Македонија (регион)|Македонија]]. Поради страв да не биде нападната и расцепканата византиска држава, византиската аристократија се откажала од договорот кој бил склучен со Калојан. Поради тоа, царот Калојан го зазел денешниот град [[Пловдив]]. Во [[1207]] година војната се проширила го голема мера, за да на крај повторно биде склучено примирје за заедничко дејство против [[Константинопол]] односно Латинското Царство. Следувала опсада на Едрене и неуспешна опсада на престолнината на Латинското Царство. Како главна причина се смета повлекувањето на куманите од опсадата. По ова, бугарските позиции се насочиле кон [[Солун]]. Сепак, опсадата и можното заземање на Солун не се случила главно поради убијството на Калојан од страна на неговиот прв военоначалник ''Манастар''.
 
== Иван Асен II ==
Ред 106:
Во текот на [[1228]] година починал латинскиот цар [[Роберт Кутрен]], а на негово место застанал неговиот малолетен син [[Болдвин II]]. Овде повторно бил склучен договор помеѓу Латинјаните и Бугарите, во кои бугарскиот цар станал регент на латинскиот цар. Малолетната ќерка на бугарскиот цар, Елена, била омажена за латинскиот цар. Бугарите биле задолжени да помагаат на Латинското Царство при евентуалните војни со Епирското деспотство. Градот [[Пловдив]] бил повторно вратен на Бугарија. Но поради несигурноста од евентуални напади на Иван Асен, царот склучил договор и со поранешниот ерусалимски крал [[Жан де Бриен]].<ref>http://ald-bg.narod.ru/BG_vladeteli/33_Asen_II.JPG</ref>
 
Во текот на [[1230]] година, евентуалната офанзива од страна на [[Епир]] се оправдала по нападот на Теодор Комнин врз територијата на Бугарија. Двете армии се сретнале на [[9 март]] [[1230]] година во [[Битка кај Клокотница|биткатаБитката кај Клокотница]]. Бугарската војска успеала да и нанесе тежок пораз на [[Епирско деспотство|Епирското деспотство]], чија војска била многу побројна. Самиот Комнин заедно со своето семејство биле заробени. Оваа битка го најавило распаѓањето на деспотството.
 
Во времето кога [[Жан де Бриен]] станал нов цар на Латинското Царство, [[Иван Асен II]] бил принуден да го поништи договорот со [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]], протерувајќи го трновскиот епископ ''Василиј'' којшто бил проримски настроен. Како одговор на тоа, [[Папа Григориј IX]] му наредил на унгарскиот крал [[Андраш II]] да ја нападне Бугарија. Унгарците го окупирале [[Белград]] и [[Браничево]], но многу бргу претрпиле пораз. Бугарите влегле во сојуз со новиот српски крал [[Стефан Владислав]], склучувајќи династичен брак помеѓу една од ќерките на Иван Асен со самиот Владислав. По ова, главното упориште на бугарскиот крал повторно бил насочен кон Латинското Царство. Бугарија и [[Никејското Царство]] повторно започнале да преговараат околу евентуалниот поход против царството. Од страна на Иван Асен, како главно барање било решавање на прашањето околу независноста на Бугарската патријаршија, Никејскиот цар, кој бил наследник на Византискиот престол, [[Јован III Дука]], во сојузот со Бугарија ја гледал идната евентуална [[опсада на Константинопол]] од неговите две страни.
Ред 124:
Во времето на цар [[Смилец]] ([[1292]]-[[1298]]), започнала поредната војна со [[Византија]], во која Бугарија била поразена. Во [[1296]] година ја оженил својата ќерка со [[Стефан Урош III Дечански]]. Тој бил под директно влијание на Златната орда. Во [[ноември]] [[1298]] година царот починал. Неговата смрт до денеска е сѐ уште загатка. Во времето на [[Тодор Светослав]] ([[1300]]-[[1322]]), позициите на Бугарија привремено се зацврстиле на Балканот. Неговото владеење се карактеризира со добрата спроведена политика и стабилизација на земјата. Во [[1304]] година водел војна со [[Византија]], заземајќи ги црноморските градови и области. По огромната победа, Светослав се упатил кон [[Едрене]]. По неколкугодишните војни, двете земји започнале да преговараат околу можно примирје. Во [[1307]] година бил потпишан договор помеѓу Византија и Бугарија, склучувјќи династичен брак на Светослав со ќерката на [[Михаил IX Палеолог]]. Наследник на Светослав бил [[Георги II Тертер]] ([[1322]]-[[1323]]), како последен од [[династија Тертер]]. Поради бунтовите околу византискиот престол, новиот цар организирал поход против Византија заземајќи го [[Пловдив]] и [[Едрене]]. Но по крајот на дворската војна во Византија, новиот цар [[Андроник III Палеолог]] повторно успеал да врати голем дел од своите територии. По овие неуспеси, по само неколку месеци бугарскиот цар изненадено починал без да остави наследник.
 
[[Михаил III Шишман Асен]] ([[1323]]-[[1330]]) бил основач на новата царска [[династија Шишман]]. Тој е можеби последниот бугарски цар од Второто Бугарско Царство којшто се стремил за создавање на бугарската воена и политичка хегемонија на Балканскиот Полуостров. Во [[1330]] година се одвила [[Битка кај Велбужда|биткатаБитката кај Велбужда]] во која [[Рашка]] и нанела голем пораз на бугарската држава во кој бил убиен и самиот цар.
 
[[Иван Александар]] ([[1331]]-[[1371]]) успеал да ја прошири земјата на југ. Тој ја водел последната битка со царството на Византија. Во времето на неговото владеење започнала инвазијата на [[Османлии]]те. Најпрвин, Османлиите на полуостровот навлегле во помали дружини на кој им било плаќано за да се борат. Во [[1352]] година, [[Османлии]]те ја зазеле првата тврдина на полуостровот, [[Цимпе]]. Следувале војните со Византија. По крајот на неговото владеење Второто Бугарско Царство се разделило на [[Видинско царство]] управувано од [[Иван Страцимир]], [[Трновско царство]] управувано од [[Иван Шишман]] и [[Добруџанско деспотство]] управувано од страна на [[Добротица]].