Разлика помеѓу преработките на „Британска Империја“

Нема измена во големината ,  пред 2 месеци
с
Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај (2)
с (→‎Првата светска војна: Јазична исправка, replaced: пацифичк → тихоокеанск)
с (Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај (2))
 
За време на 19 век, Британија и [[Русија]] се натпреварувале за богатството кое го оставиле Османлиската, Персиската и Империјата Оинг кои веќе биле пред својот крај. Ривалствотот во Евроазија станало познато под името Големата игра. Поразите кои Русија им ги нанела на Персија и Турција, во Руско- Персиската војна (1826-1828 година) и во Руско-Турската војна (1818-1829 година), ги покажале руските амбиции и споособности и предизвикале страв кај Британија дека Русија може да направи инвазија врз Индија. Во 1839 година Британија се обидела да го спречи тоа преку обидот да изврши инвазија на Авганистан, но првата Англо-Авганистанска војна имала катастрофални последици за Британија.
Кога Русија извршила инвазија врз турскиот дел од Балканот, во 1853 година, стравот од руско влијание во Средоземјето ги натерал Франција и Британија да извршат инвазија на Кримскиот полуостров со цел да ги уништат руските поморски капацитети. Победата во Кримската војна (1854 – 1856 година), во која што се користеле нови технологии на модерното војување и која што била едниствена глобална војна која се водела помеѓу Британија и друга империја за време на Пакс Британика (британски мир), била катастрофален пораз за Русија. Ситуацијата во Средна Азија не се решила уште две децении, кога Британија го припоила [[Белуџистан]] во 1876 година како и [[Киргистан]], [[Казахстан]] и [[Туркменистан]]. Некое време се чинело дека уште една војна е незибежна, но двете земји во 1878 година се согласиле на спогодба во врска со нивните сфери на влијание во регионот, а во 1907година во врска со другите важни работи, со потпишувањето на Англиско-руската антанта. Уништувањето на руската морнарица во биткатаБитката кај пристаништето Артур за време на [[Руско-јапонска војна|Руско-јапонската војна]] (1904-1905) исто така ја намалила моќта на Русија и таа веќе не претставувала толкава закана за Британија.
 
==Од 'Ртот до Каиро==
==Првата светска војна==
 
Британија и објавила војна на Германија и нејзините сојузници и исто така во неа ги вклучила колониите и доминионите кои не обезбедиле некоја значајна воена, финансиска и материјална поддршка. Над 1,5 милиони луѓе служеле во армиите на доминионите како и илјадници волонтери од кралските колонии. Најголемиот дел од германските прекуморски колонии во Африка биле брзо окупирани, а на Пацификот, Австралија и Нов Зеланд ги окупирале германската Нова Гвинеа и Самоа. Поради она што го придонеле трупите на Австралија, Нов Зеланд и Њуфаундленд за време на Кампањата Галиполи во 1915 година против Османлиското Царство, се разбудила домашната национална свест и Австралија и нов Зеланд од колонии прераснале во нации со свои права. Земјите ова го паметат како АНЗАК- ден. Канаѓаните слично гледале на биткатаБитката кај Вими Риџ. Важниот придонес на доминионите во војната бил признат во 1917 година од страна на британскиот премиер Дејвид Лојд Џорџ кога тој ги поканил премиерите на секој доминион да му се придружат на кралскиот воен совет за да ја координираат политиката на империјата.
 
Под условите под кои е склучен Версајскиот Договор, потпишан во 1919 година, империјата го пстигнала својот најголем степен на проширување со додавањето на 4. 662. 000km2 и 13 милиони жители. Колониите на Германија и на Османлиското Царство им биле поделени на Лигата на управите на народите. Британија ја презела контролата врз Палестина, Трансјордан и Ирак, делови од Камерун и Того и Тангањика. Териториите на доминионите во Југозападна Африка (сега Намибија) им биле дадени на Унијата на Јужна Африка. Австралија ја добила Германска Нова Гвинеа, а Нов Зеланд- Западна Самоа. Науру бил поделен помеѓу Британија и двата тихоокеански доминиона.