Бајазит I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка (2) using AWB
с Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај (2)
Ред 89:
Во ноќта на [[25 септември]], кралот Сигизмунд свикал воен совет, на кој витезите долго и безуспешно се расправале за тоа кој е достоен прв да започне битка со [[Османлии]]те. Рано наутро француските витези, предводениа од бестрашниот до очај Војвода од Навара, излегле од логорот и без да ги чекаат другите, тргнале кон позициите на Османлиите. Силата на завојуваните страни не била еднаква. Бајазит I донел со себе 20-илјадна армија, искалена со военото искуство во претходните освојувања. Кралот на Унгарија и Чешка, имал под свое водство околу 10 илјади војници. Француските рицари под команда на Војводата од Навара лесно се пробиле низ структурата на турските стрелци коњаници, но почнувајќи да ги гонат, паѓале под огнот на стрелците јаничари од околните ридови.
 
Соочени со добро утврдените [[јаничари]] во ридиштата, француските витези, изморени од нападот, не можеле да ги пробијат на нивните позиции. Турците масакрирале илјадници француски крстоносци, а другите морале да се предадат во надеж дека ќе ја избегнат со тоа неминовна смрт. Целосниот пораз на кралот на Унгарија и Чешка во [[Битка кај Никопол|биткатаБитката кај Никопол]], им овозможило на отоманските Турци, без никакво противдејство на унгарските војници да ја покорат горна [[Босна]]. Таа станала еден вид на отскочна штица од која многу пати се правеле напади во Европа од турската војска.
 
По крајот на битката и големата победа на Бајазит, султанот наредил егзекуција на сите заробени војници со исклучок на оние кои се помлади од 18 години.
Ред 99:
На Пелопонез венецијаните претходно имале свои колонии и тврдини. Според пишувањата на венецијанскиот сенат османлиите станале многу силни во тој реон главно бидејќи со многу мал напор успевале да најдат свои сојузници. Нападите започнале во пролетта на 1394 година, кога Евренос го нападнал деспотот на Коринт и Мистра.
 
Од грчките и венецијанскиоте извори се проценува дека во 1396 година немало напади во Пелопонез. Се смета дека кон крајот на летниот период османлиските сили ја напуштиле јужна Грција за да се вклучат кон биткатаБитката кај Никопол. Во 1397 година нападите биле обновени. Настаните се опишани во Кратката хроника од 1425 година според која Јакуб паша и Тимурташ го зазеле Аргос на 2 јуни, кој бил венецијанска колонија. Во јануари 1399 година Бајазит испратил голема војска во Пелопонез, а флотата истовремено го нападнал островот Негропонте. Во 1400 година кога паѓањето на Мистра станало повеќе од очигледно, Венеција предложила деспотот Теодор и неговиот брат, императорот Мануил II да заминат на нејзините територии.
 
== Битка со Монголите ==