Александар III Македонски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Походот на Индија: Правописна исправка, replaced: например → на пример
с Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај (8)
Ред 29:
Во [[334 п.н.е.]], со 40.000 војници го започнал својот против [[Персија]] и навлегол во [[Мала Азија]] преку Хелеспонт, кај Сест. Првиот судир со персиската војска се случил кај реката Граник на Пропонтида. По победата, Александар продолжил со својот пробив. Градот Сард се предал без борба, а во градовите во Ајолида и Јонија, меѓу кој бил и [[Ефес]], го пречекале како ослободители. Единствено [[Милет]] и Халикарнас се спротиставиле. По овие освојувања ја поделил војската на два дела, едниот дел на чело со Парменион заминал во Сард каде што требало да презими, а другиот дел тргнал во поход преку Карија, Ликија и Памфилија, освојувајќи ги сите градови и тврдини. Во [[333 п.н.е.]], во Гордион, престолнината на [[Бриги|фригиските]] кралеви (Гордиј и Мида), се собрала целата војска. Тука, според една легенда, Александар го пресекол со меч неразврзливиот гордиев јазол, со што го исполнува пророштвото дека ќе загосподари со [[Азија]]. Во освоените територии најчесто го задржувал постојниот административен систем: сатрапиите – основни административни единици на чело со сатрапи, а најчесто [[Персијци]]те, ја имале цивилната и воената власт, освен во [[Лидија]], каде што бил поставен Македонец. Финансиската власт ја раководеле Македонци, а македонската војска ја контролира освоената територија.
 
Првата битка со ''големиот крал'' (крал на кралевите) [[Дариј III]] се случила [[битка кај Ис|кај Ис]] во [[333 п.н.е.]], каде што Александар со својата војска победил, а Дариј избегал од бојното поле. Во [[Феникија]] ги освоил градовите [[Тир (град)|Тир]] и [[Газа (град)|Газа]]. Во [[Египет]] бил дочекан како ослободител и бил прогласен за [[фараон]]. Во градот [[Мемфис (Египет)|Мемфис]], египетските [[Свештенство|свештеници]] му ја предале двојната круна на египетските фарони. Во 331 п.н.е, на делтата на реката [[Нил]] го основал градот [[Александрија]]. Преку [[Сирија]], навлегол во северна [[Месопотамија]]. Во 331 п.н.е во [[биткатаБитката кај Гавгамела]] извојувал победа против бројна персиска војска. По победата, се прогласил за крал на Азија и влегол во градот [[Вавилон]], еден од главните центри на [[Персиско царство|Персиското царство]]. Отаму, продолжил кон срцето на Персија и ја освоил [[Суза]], втората престолнина на персиската држава, а набргу во негови раце се нашол и градот Екбатана. Неговата потера на персискиот крал Дариј завршила во Хекантопил, каде што било пронајдено телото на Дариј Кодоман (бил убиен од персисикиот сатрап Бес). По закопувањето на Дариј, со сите кралски почести, Александар како персиски крал се упатил на север кон Хирканија и Партија, области на југ од [[Касписко Море|Каспиското Море]]. Во периодот помеѓу 330 – 327 п.н.е, Александар престојувал во Бактрија и Согдијана. Во Бактрија во 327 п.н.е, се оженил со иранката Роксана, која подоцна го родила неговиот син Александар. Во походот во [[Индија]], кај реката Хидасп во 326 п.н.е, Александар ја водел својата последната битка против Пор, кралот на Пенџап. По големата победа над овој индиски владетел, ги присоединилземјите од оваа страна на [[Инд]] кон својата империја. На местото на биткатаБитката кај Хидасп, Александар го основал градот Никаи (Победа), а во близина подигнал уште еден град, наречен Букефала, во чест на неговиот коњ [[Букефал]]. На бреговите на реката Хифаст подигнал дванаесет жртвеници на [[бог]]овите и столб на кој пишувало „Овде застанал Александар“.
 
На врќање од Индија, на брегот на реката Инд, основал нова Александрија, еден од 17-те градови под ова име. На брегот на [[Индиски Океан|Индискиот Океан]], неговата војска се поделила на два дела, едната под команда на Александар се движела по копно, а другата под команда на Неарх, пловела 80 дена. По враќањето од својот индиски поход, Александар планирал нови походи. Тој наредил да се извршат подготовки за поморско патување околу [[Арапски Полуостров|Арапскиот Полуостров]] до [[Картагина]] и до [[остров]]ите на [[Херакле]] (Мелкарт), најстариот теснец меѓу [[Европа]] и [[Африка]] (денес [[Гибралтар]]). Овие планови, пропаднале поради неговата [[смрт]].
Ред 62:
=== Падот на Персија ===
 
Армијата на Александар ги минала [[Дарданели]]те со околу 42.000 војници од Македонија, разни грчки градови-држави, како и платеници и пратеници од [[Тракија]], [[Пајонија]] и [[Илирија]]. По почетната победа против персиските сили во [[Битка кај Граник|биткатаБитката кај Граник]], Александар го прифатил предавањето на провинциската престолнина и богатствата на градот [[Сардис]], и продолжил по Јонското крајбрежје. Кај Халикарнас (денес [[Бодрум]] во Турција) Александар успешно ја спровел првата од многуте опсади, принудувајќи ги своите противници - платеничкиот капетан Мемнон од Родос и Оронтобатес, персискиот сатрап од Карија, да се повлечат преку морето. Александар ја препуштил Карија на Ада, која била владетел на Карија пред да биде сменета од нејзиниот брат Пиксодарус. Од Халикарнас Александар продолжил во планинската Ликија и Памфилијската рамнина (близу денешна [[Анталија]], Турција), преземајќи контрола над сите крајбрежни градови. Од Памфилија натаму, брегот немал позначајни пристаништа и затоа Александар продолжил кон копното. Кај Термес Александар го покорил, но не го нападнал Писидијскиот град. Во античкиот град Гордиум, Александар го одврзал дотогаш нерешливиот [[Гордиев јазол]], загатка која според легендите била решлива само од идниот „крал на Азија“. Според една од приказните, тој едноставно го пресекол јазолот со сабјата. Според друга, го одврзал така што го извадил делот од двоколката околу кој бил врзан.
 
Армијата на Александар ги минала Цилицијските порти, ја сретнала и поразила главната персиска војска под команда на [[Дариј III]] во [[Битка кај Ис|биткатаБитката кај Ис]] (денес во Турција, на границата со [[Сирија]]) во ноември [[333 п.н.е.]] Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, и бегајќи ги напуштил сопругата, две ќерки, мајка му [[Сисигамбa]] и непроценлива количина на богатство. Подоцна, тој му понудил мир на Александар, предавање на сите земји кои овој веќе ги освоил и откуп од 10.000 таленти за своето семејство. Александар му одговорил дека бидејќи сега е тој крал на Азија, тој ќе решава за поделбата на земјата. Продолжувајќи по брегот на Средоземното Море ги освоил градовите [[Опсада на Тир|Тир]] (во денешен [[Либан]]) и [[Газа]] по познатите опсади.
 
[[Податотека:Battle of Issus mosaic - Museo Archeologico Nazionale - Naples.jpg|thumb|''Мозаик со Александар кој ја прикажува биткатаБитката кај Ис'', најден во Куќата на Фаун, [[Помпеја]]]]
 
Во [[332 п.н.е.]] Александар се обидел да ја освои [[Нубија]], но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите [[Поход на Египет|сили кон Египет]]. Во таа 332 и следнатa 331 година, Александар бил добредојден како ослободител на Египет, кој до тогаш бил окупиран од Персија. Бил прогласен за син на [[Амон]] (египетски бог на сонцето, грчки: Зевс) од египетските свештеници во пророчиштето во оазата Шива во Либијската пустина. Оттогаш, Александар често се повикувал на Амон-Зевс како на свој татко, а неговата слика на кованите пари била со биковски рогови како симбол на божественоста. Ја основал [[Александрија]] во Египет, која подоцна, по неговата смрт, станала напреден главен град на [[Птоломејска династија|Птолoмејската династија]].
 
Напуштајќи го Египет, Александар продолжил кон Асирија и на [[1 октомври]] [[331 п.н.е.]] го победил Дариј уште еднаш во [Битка кај Гавгамела|биткатаБитката кај Гавгамела] (веројатно близу до [[Мосул]], денешен Ирак). Повторно Дариј бил принуден да побегне од бојното поле, но овојпат Александар го следел до Арбела, откаде овој пребегнал во Екбатана (денешен Иран).
 
Потоа Александар тргнал кон [[Вавилон]]. Од Вавилон, Александар се упатил во [[Суса]], еден од главните градови на Персија, и го освоил неговото легендарно богатство. Испраќајќи ја главнината од својата војска кон главниот град на Персија [[Персеполис]], Александар ги нападнал и освоил Портите на Персија (денес планината Загрос), а потоа побрзал кон Персеполис пред неговата војска да го опљачка богатството на градот. За време на нивниот претстој во градот, избил пожар во палатата на [[Ксеркс]] и се проширил низ остатокот од градот.
Ред 92:
[[Сисикотос]], кој му помогнал на Александар во овие битки, подоцна бил назначен за владетел на Аорнус.
 
Откако го совладал Аорнус, Александар ја преминал реката [[Инд]] и влетал во битка против [[Пор]], владател на територијата [[Пенџаб]] во [[Битка кај Хидасп|биткатаБитката кај Хидасп]] во [[326 п.н.е.]]
 
[[Податотека:Le Brun, Alexander and Porus.jpg|thumb|300px|Слика на [[Шарл Ле Брeн]] на која се претставени Александар и [[Пор]] за време на [[Битка кај Хидасп|биткатаБитката кај Хидасп]].]]
 
После победата, Александар бил импресиониран од храброста на Пор во битката, па затоа влегол во сојуз со него назначувајќи го за управител на неговото кралство, дури и придодавајќи му во владение и територии кои претходно Пор не ги владеел. Потоа Александар изградил два нови града, од кој едниот го именувал [[Букефал]], во чест на неговиот коњ кој го донел него до [[Индија]] а загинал во [[Битка кај Хидасп|Битката кај Хидасп]]. Александар продолжил со освојувања на сите утврдувања покрај реката [[Инд]].