Јулијан Отпадникот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Управување: Правописна исправка, replaced: например → на пример (2)
с →‎Војни во Германија: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
Ред 23:
=== Војни во Германија ===
 
Иако без воено образование Јулијан се покажал како одличен војсководец. Тој веднаш тргнал кон Галија, ја поминал зимата во [[Виена]] вежбајки се упорно. Живеел доволно просто, јадел храната на обичниот војник, спиел завиткан во овчо крзно, а ноќе работел административна работа и пишувал филозофски дела. Летото на [[356]] година навлегол во Германија. Дел од [[Алемани]]те ги уплашил со самото свое појавување, а други победил во биткатаБитката кај Бротомаг. Вратил под римска власт [[Келн|Колонија Агрипина]]. Барбарите биле победени но не и покорени. Тие наново се собирале за судир со римјаните. Јулијан се вратил назад, за да ја помине зимата во [[Сенона]], каде дури бил опсаден од нив неколку месеци. Есента на [[357]] настапил против [[Германци]]те, дошол кај бреговите на реката [[Рајна]] и подигнал старата римска тврдина Три Таберни, наскоро заземена и уништена од Алеманите. Главниот судир со нив се одржал кај градот [[Стразбур|Аргенторатум]], каде со 13000 војска ги поразил [[Алемани]]те ([[Битка кај Стразбур]]). Јулијан решил дека тоа не е доволно и ги бркал на другиот брег на Рајна, палејќи и уништувајќи ги нивните села. Гледајќи го страшното пустошење алеманските цареви понудиле мир. Тој се согласил на десетмесечно примирје и се вратил во Галија. Во [[358]] година ги нападнал и победил и [[Франки]]те, форсирал реката [[Рајна]], опустошил германските земи и востановил тврдините од времето на [[Трајан]]. Франките биле натерани да питаат мир. Им доделил римско поданство и ги населил во [[Токсандрија]]. Следни на удир биле [[Хамави]]те. Многу од нив биле убиени а останатите избркани надвор од границите на империјата, назад во [[Хамаланд]]. На сето ова Константиј II гледал со сомнеж и завист. Тогаш по вторпат се обатил против Алеманите, ја минал [[Рајна]] и навлегол длабоко во [[Германија]]. Разбеснетите војници убивале луѓе и стока, палеле без поштеда. Уплашени алеманските цареви еден врз друг молеле за мир. Јулијан ги задолжил да дадат заробеници и да обезбедат градежен материјал за тврдини. Во [[359]] биле изградени наново сите римски гранични градови. Истата година за третпат ја преминал [[Рајна]] и победил останатите цареви, коишто не се биле предале и биле присилени да се согласат на мир. Така за четири години војни ја зацврстил западната граница на империјата и добил толку успехи, колку што никој не очекувал од него.
 
=== Прогласување ===