Разлика помеѓу преработките на „Аденозин трифосфат“

с
Јазична исправка, replaced: == Види и == → == Поврзано ==
(embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information)
с (Јазична исправка, replaced: == Види и == → == Поврзано ==)
 
}}
 
'''Аденозин трифосфатот''' ('''АТФ''' или '''ATP''') е високоенергетско [[Хемиско соединение|соединение]] кое дава [[енергија]] на повеќето [[живот]]ни процеси кај [[Организам|организмите]]. АТФ е [[нуклеотид]], познат во [[биохемија]]та како „[[молекула|молекуларна]]рна валута“ за внатрешноклеточниот пренос на [[енергија]]та; односно, АТФ е во состојба да складира и пренесува енергија внатре во [[клетка]]та. АТФ исто така игра важна улога во [[синтеза]]та на [[Нуклеинска киселина|нуклеинските киселини]]. Молекулите на АТФ се користат и за депонирање на корисна енергија, која [[растенија]]та ја конвертираат во процесот на [[клеточно дишење]].
 
== Хемиски својства ==
Хемиски, АТФ се состои од [[аденозин]] и три [[фосфат|фосфатни]]ни групи (трифосфат). Неговата [[емпириска формула]] е C<sub>10</sub>H<sub>16</sub>N<sub>5</sub>O<sub>13</sub>P<sub>3</sub>, а [[Рационална формула|рационалната формула]] C<sub>10</sub>H<sub>8</sub>N<sub>4</sub>O<sub>2</sub>NH<sub>2</sub>(OH)<sub>2</sub>(PO<sub>3</sub>H)<sub>3</sub>H, со молекулска маса од [[1 E-25 kg|507.184]] [[единица за атомска маса|u]].
Фосфатните групи, почнувајќи од оние на [[Аденозин монофосфат]]от (АМФ) се нарекуваат алфа (α), бета (ß) и гама (γ) фосфати. Биохемиските имиња за АТФ се 9-ß-D-рибофуранозиладенин-5'-трифосфат, и еквивалентно, 9-ß-D-рибофуранозил-6-амино-пурин-5'-трифосфат.
 
== АТФ во човечкото тело ==
 
Вкупната количина на АТФ во човечкото тело изнесува околу 0,1 [[мол (единица)|молови]]. Енергијата која ја користат човечките клетки бара [[хидролиза]] на 200 до 300 молови АТФ дневно. Ова значи дека секој молекул на АТФ се рециклира 2000 до 3000 пати секој ден. АТФ не се складира, па затоа неговото искористување треба да следи брзо по неговата синтеза.
 
== Останати трифосфати ==
 
Клетките имаат и други високоенергетски [[нуклеозид]] трифосфати, како [[гванозин трифосфат]]. Помеѓу нив и АТФ енергијата лесно може да се пренесува преку [[Хемиска реакција|реакции]] како што се оние кои се катализирани од [[нуклеозид дифосфокиназа]] — енергијата се ослободува кога се хидролизира фосфат - фосфат [[Хемиска врска|врската]]. Оваа енергија можат да ја користат различни ензими, [[Моторен протеин|моторни протеини]] и [[Транспортен протеин|транспортни протеини]] за својата работа во клетката. Со процесот на хидролиза се ослободуваат [[Неорганско соединение|неорганските соединенија]] фосфат и [[аденозин дифосфат]], кој може и понатаму да се разложи до [[аденозин монофосфат]]. АТФ може да биде разложен во АМФ и на директен начин, со создавање на [[пирофосфат]]. Оваа реакција има предност за сметка на претходната во тоа што е ефективно неповратен процес во [[Вода|воден]] [[раствор]].
 
=== Реакција на АДП со ГТП ===
Постои идеја да се користи АТФ како енергетски извор во [[нанотехнологија]]та и имплантите. Вештачки пејсмејкери би можеле да станат независни од [[Бактерија|бактериите]].
 
== Види иПоврзано ==
 
* [[Аденозин дифосфат]] (АДФ)
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Биохемија]]