Јулијан Пшибош: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK #WPWP
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: Infobox writer → Инфокутија Писател
Ред 1:
{{Инфокутија Писател
{{Infobox writer
| name = Јулијан Пшибош
| image = Julian Przybos.jpg
Ред 29:
 
==Творештво==
Пшибош е најголемиот поет на краковската [[авангарда]] во периодот пред [[Втората светска војна]]. Меѓутоа, своите најдобри поетски и теоретски дела ги напишал по започнувањето на војната, а по војната бил еден од најважните полски поети. За време на германската окупација, тајно објавил две збирки, „[[Додека ние живееме]]“ и „[[На тебе за мене]]“, кои се можеби неговото највисоко поетско достигнување, а повеќе песни од нив спаѓаат во најдобрите остварувања на [[Полска поезија|полската поезија]]. Пшибош е авангарден и новатор во вистинската смисла на зборот - тој создал нов [[стих]], нов [[речник]] и нова интонација на [[реченица]]та. Но, иако бил познат како најборбениот полски [[Модернизам|модернист]], тој бил голем почитувач на најголемите полски поети од минатото - [[Адам Мицкјевич]] (кому му ја посветил книгата „[[Читајќи го Мицкјевич]]“), Норвид и Словацки, а од поетите меѓу двете светски војни особено го почитувал [[Болеслав Лесмјан]]. Исто така, тој е автор на најдобрата [[Антологија|антологија]] на полски народни [[Лирика|лирски]] песни. Пшибош работел стрпливо и напорно во изградбата на својот поетски израз при што бил напаѓан дека е апоетичен и дека ја разурнува поезијата. Меѓутоа, неговата долгогодишна работа се покажала исправна, зашто по Втората светска војна имал најголемо влијание врз полските поети. Низ неговата школа поминале многу поети од средната и од младата генерација, вклучувајќи ги и некои од најголемите имиња на повоената полска поезија: [[Збигњев Бјењковски]], [[Тадеуш Ружевич]], [[Мирон Бјалошевски]] и [[Тимотеуш Карпович]].<ref>''Savremena poljska poezija''. Beograd: Nolit, 1964, стр. 87-88.</ref>
 
== Наводи ==