Хари Мартинсон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија using AWB
с Стилска исправка, replaced: ) е → ) — (2)
Ред 14:
 
==Животопис==
Татко му починал кога Мартинсон наполнил шест години. Мајка му ги напуштила децата и емигрирала во [[Америка]]. Мартинсон го поминува детството во сиропиталишта. На крајот од [[Првата светска војна]], Мартинсон доаѓа во [[Гетеборг]], каде што работи на бродови. Од 1920 до 1927 година (со прекини) е морнар и огнар, често останува во пристаништата во [[Индија]], [[Кина]], [[Јужна Америка]]. Заболува од туберколоза и е принуден да го напушти морнарскиот живот. Во исто време почнува да пишува поезија.<ref>НИД„''Микена''“, Битола, 2009</ref>
 
==Литературни дела==
Првата стихозбирка „''Сенишниот брод''“ (1929) е под силно влијание на [[Киплинг]] и на шведскиот поет [[Артур Лундквист]]. Мартинсон се затврднува како поет со стихозбирката „''Скитник''“ (1931), напишана во слободен стих, што остава впечаток со јазикот и стилот, кршејќи ги уметничките канони. Автор е на огиринални патописи - „''Патешествија без цел''“ (1932) и „''Збогум Кејл!''“ (1933), на автобиографски романи „''Копривите цутат''“ (1935) и „''Излезниот пат''“ (1936). За време на советската инвазија во [[Финска]] (1939-1940) влегува во составот на Шведскиот доброволечки корпус за ослободување на Финска, но од здраствени причини е принуден да го напушти. Започнува да ја пишува книгата „''Стварност за смртта''“ (1940) во која се зборува за борбата против тоталитаризмот. Меѓу најзначајните творби се стихозбирките „''Пасат''“ (1945), а романот „''Патот кон царството на камбаните''“ (1948) и поемата „''Анијара''“ - филозофско дело за кризата на цивилизацијата, послужил за основа на либрето за опера, напишано од [[Карл Биргер Блумдал]].
 
Во 1949 година е избран за член на Шведската академија - ретка чест за писател без образование. Мартинсон е почесен доктор на Универзитетот во Гетеборг. Во творештвото ја отсликува глобалната противречност на епохата - меѓу прирдниот начин на животот и индустриското општество што продува отуѓеност и ја раскинува човечката природа. Во 50-тите и во 60-тите години Хари Едмунд Мартинсон продолжува да пишува поезија - стихозбирките „''Цикада''“ (1953), „''Кола''“ (1960) и „''Стихотворби за светлината и темнината''“ (1971).