Синклер Луис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
с Стилска исправка, replaced: ) бил → ) — , ) е → ) —
Ред 12:
| awards = {{awd|[[Нобелова награда за литература]]|1930}}
}}
'''Синклер Луис''' ({{роден на|7|февруари|1885}} - {{починал на|10|јануари|1951}}) е американски писател, прв [[Американци|Американец]] што добил [[Нобелова награда за литература]], во [[1930]] година. Тој бил романописец, драмски автор и критичар на општеството, а станал популарен со своите [[Сатира|сатирични]] [[роман]]и.
 
==Животопис==
Ред 26:
Во 1920 година се појавило неговото ремек-дело, романот „[[Главната улица]]“, откако една година порано Луис позајмил 500 [[долар]]и од татко му, ги исплатил долговите и се повлекол од јавниот живот. Во овој роман, кој претставува еден вид негова духовна [[автобиографија]], Луис остро ги напаѓа самозадоволството, незнаењето и хипокризијата на американските малограѓани. Поради тоа, романот постанал едно од врвните обележја на американската радикална интелигенција во 1920-тите.<ref>Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: Sinkler Luis, ''Čovek koji je poznavao Kulidža''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.</ref>
 
Следниот роман „[[Бебит]]“ (1922) бил немилосрден портрет на стопанственикот Џорџ Ф. Бебит при што изразот „бебитрија“ станал синоним за [[конформизам]] и [[комерцијализам]]. Во 1925 година се појавил романот „[[Д-р Мартин Ароусмит]]“ којшто го опишува животот на истоимениот лекар. Во создавањето на книгата, Луис соработувал со [[Бактериологија|бактериологот]] Пол де Круиф со кого поминал два месеца на [[Кариби]]те. Таму, Луис пиел и пишувал, додека Де Круиф ја сфатил пресериозно нивната соработка. Во 1926 година, книгата била наградена со [[Пулицерова награда|Пулицеровата награда]], но тој ја одбил, затоа што, како што рекол, „таа награда ја заслужуваат книги што ја слават [[Америка]], додека неговите критички настроени романи не треба да ја добијат“. Книгата ѝ била посветена на писателката Варлтон, на која Луис ѝ се восхитувал и тој никогаш не се жалел дека не ја добил наградата порано. Романот „Ароусмит“ набргу станал симбол на сите почитувачи на европското културно наследство, зашто според критичарот Алфред Кејзин, ликот од книгата Макс Готлиб станал олицетворение на неисцрпната европска мудрост.<ref>Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: Sinkler Luis, ''Čovek koji je poznavao Kulidža''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138-139.</ref>
 
Во следните дела Луис често користел експерти за технички совети, како што правел [[Емил Зола]] во [[Франција]]. Притоа, од 1920 до 1930 година, Луис го создал најважниот дел од својот книжевен опус, создавајќи ги романите: „[[Елмер Гантри]]“ (1927), „[[Човекот кој го познаваше Кулиџ]]“ (1928) и „[[Додсворт]]“ (1929). Романот „Елмер Гантри“ претставува [[Реализам|реалистичен]] портрет на еден [[Свештенство|свештеник]], но и критика на [[религија]]та, воопшто, додека „Додсворт“, иако формално зборува за еден [[фабрика]]нт со [[автомобил]]и и за неговата неверна жена, претставува уметничко свидетелство за [[Култура|културните]] разлики меѓу САД и Европа. Во „Човекот кој го познаваше Кулиџ“, Луис дава остра сатира на еден типичен американски малограѓанин.<ref>Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: Sinkler Luis, ''Čovek koji je poznavao Kulidža''. Beograd: Rad, 1963, стр. 139.</ref>