Курск (подморница): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Северното море → Северното Море using AWB
с Јазична исправка, replaced: Retrieved on → Посетено на (3)
Ред 52:
Изградбата на Курск започнала во 1992., а била предадена во работа во 1994. Таа била последна од серијата подморници од класата Оскар 2 кои биле дизајнирани и произведувани во времето на [[СССР]]. Со должина од 154 метри и висока речиси колку четирикатница, таа била најголемата воена подморница било кога направена. Надворешната обвивка била од челик со висок процент на хром и никел дебел 8,5мм. Ова ѝ овозможувало добра заштита од корозија и од магнетна детекција. До внатрешната обвивка дебела 50,8мм имала 2м празен простор.
 
Курск бил дел од Руската Северна флота, која била постојано недоволно финансирана во текот на 1990-тите. Многу од подморниците биле усидрени и рѓосувале во Северното Море, близу до Мурманск.<ref>[http://www.bellona.org/articles/andreyeva_ticking_bomb ''Andreyeva Bay is a ticking bomb, Bellona’s documents prove'' – Rashid Alimov, ''Bellona Foundation'', Oslo, 7 June 2007].RetrievedПосетено onна [[2007-08-08]].</ref> Опремата била слабо одржувана, а морнарите не добивале плата со месеци. Кон крајот на декадата дошло до пресврт и вистинска ренесанса за флотата: во 1999 Курск успешно ја следел Шестата флота на [[САД]] во [[Медитеран]]от за време на [[Косовската војна]].
 
== Експлозија ==
 
Во август 2000-та во [[Баренцовото море]] се одржувала голема воена вежба во која биле вклучени четири подморници, крстосувачот „Пјотр Велики“ и флотила од помали бродови. Курск испловил за да изврши вежба со испалување на вежбовни торпеда кон крстосувачот „Пјотр Велики“. На 12 август 2000, во 11:28 по локално време (07:28 [[УТЦ]]) Курск ги испалил торпедата, но брзо потоа дошло до експлозија во подморницата. Единствениот веродостоен извештај до денес е дека експлозијата настанала како резултат на оштетување на едно од торпедата кое било погонувано од [[хидроген-пероксид]]. Хемиската експлозија имала сила еквивалентна на 100-250кг [[ТНТ]], и создала потрес од 2,2 степени по [[Рихтеровата скала]]. По експлозијата подморницата потонала до длабочина од 108м, на околу 135км од Североморск, на координати {{coord|69|40|N|37|35|E}}. По 135 секунди, првата експлозија била проследена со втора, поголема, која создала потрес од 3,5-4,4 степени по Рихтеровата скала, еквивалентно на 3-7 тони ТНТ.<ref>[http://www.geotimes.org/feb01/kursk ''Forensic seismology''].RetrievedПосетено onна 2007-08-08.</ref> Една од тие експлозии исфрлила големи парчиња метал кон внатрешноста на подморницата.
 
== Обиди за спасување ==
Ред 68:
Курск била извлечена од холандски спасувачки конзорциум во 2001-та, кој со помош на голема скела ја подигнал подморницата од дното на морето и ги извадиле загинатите. Се покажало дека од високата температура од првата експлозија, дошло до втората експлозија на 5-7 торпеда.<ref>''Raising the Kursk'' television show by the National Geographic Show</ref>
 
Нуклеарниот реактор бил деактивиран и нуклеарното гориво обезбедено, а потоа целата подморница била расклопена во заливот Сајда, на полуостровот Кола во 2003.<ref>[http://www.bellona.org/english_import_area/international/russia/navy/northern_fleet/incidents/28703 ''Defuelled Kursk will join submarine graveyard'' – Igor Kukrik, Bellona Foundation, Oslo, 3 март 2003].RetrievedПосетено onна [[2007-08-08]].</ref>
 
Официјалната истрага заклучила дека неисправно торпедо било причината за експлозијата и потонувањето на Курск.