Бенче: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Додавање на потребен параметар, replaced: слика мапа → слика, Инфокутија за село во Република Македонија| → Инфокутија з using AWB
с →‎Културни и природни знаменитости: Јазична исправка, replaced: префиксите → претставките (2)
Ред 79:
[[Податотека:Бенчевско четвороевангелие - почеток на XVI век.pdf|thumb|250px|Бенчевско четвороевангелие со минијатури]]
 
* '''[[Бенчевски литургиски зборник]]''', српска редакција, Ресавски правопис од првата третина на XVI век. Пишуван на хартија: 21,5 х 15,5 см. 152 листови. Листовите 2, 3, 7‛, 75‛, 100‛, 114‛, 149‛,151‛ не се испишани. Има остатоци од оригинална кирилска пагинација со кватерниони, но со подврзувањето е пореметена и е недоследна. Писмоото е 22-23 реда на полна страница. [[Полууставно писмо]] со облици од XV-XVI век. [[Двоеров правопис]], со траги од [[ресавската правописна школа]]. Големиот ер обично се употребува во предлозите и префикситепретставките, а малиот на крајот. Употребено е Ѕ (нose, sвѣзда, ѕиждителю и др.) Од надредните знаци се среќава кендемата, акценти и спиритуси, но доста ретко. Од интерпункцијата употребена е точка и две точки. Насловите и иницијалите се црвени. Водени знаци: „Ракавица со петолист одозгора“, од првата третина на XVI век; круг со петокрака одозгора со иницијал внатре „ВМ“ од истиот период. Орнаментика: Скромна. Нема знаменца. Насловите и почетните букви се поголеми со извесна мала доза на иницијалност. Повез: Оригинален од XVI век; штици завиткани во црна кожа - орнаментирани со рамови, ромбови во коишто се наоѓаат розети и палмети. На аглите и на средината се наоѓаат метални топчиња. Има остатоци ок копчиња и ременчиња за закопчување. Содржина: Литургиски зборник. Ракописот е најден во црквата во с. Бенче - Поречие во 1988 година.<ref>http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/bencevski-liturgiski-zbornik-16v.html</ref>
* '''[[Бенчевско четвороевангелие со минијатури]]''', македонска безјусова редакција, од почетокот на XVI век. Пишувано на хартија: 21,5 х 15 см., 360 листа. Размер на текстовното поле 15 х 8,5 см. Тетратките се по осум листови, нумерирани со кирилски броеви во почетокот и на крајот од секоја свеска. Хартијата е дебела. Во XVIII век оштетените листови се извадени и заштитени, направено е еден вид на примитивна конзервација. Писмо: Убаво [[полууставно писмо]], по 18 реда во полна страница, во една колона. Правописот е двоеров со [[ресавски принципи]]. Големиот ер обично се употребува во предлозите и префикситепретставките, а малиот ер на крајот. Употребен е фонемот ѕ. Од интерпукциските знаци употребена е точката и запирката. Застапени се доста напредни знаци како акцентот којшто е недоследен, потоа [[кендема]]та, [[паерок]]от и разни знаци за скратување. Насловите и почетните букви се напишани со црвено мастило, а останатиот текст со црно мастило. Водени знаци: 1. „Кардиналска шапка“ од типот Бриќе бр. 3457 со контрамарка „V“ од 1504 година. 2. „Камбана“ од типот Бриќе бр. 3405 од 1518 година. Орнаментика: Богата. Пред секое евангелие се наоѓа минијатура на евангелистот, вметнати отпосле во ракописот. Така на л. 7 се наоѓа минијатура на Матеја, на л. 102 на Марко, на л. 163 на Лука и на л. 264 на Јован. Минијатурите се изработени со врвна мајсторска прецизност и имаат голема уметничка вредност. После листовите на коишто се застапени минијатурите има големи знаменца во неовизантиски и балкански стил. На л. 8 големо правоаголно знаменце со преплети и флорални елементи што излегуваат надвор од правоаголната рамка. Знаменцето е нацртано со бледо зелена, црвена и кафена боја што ближи до позлата. Во ист стил и колорит е нацртана и почетната буква „К“. На л. 103 големо правоаголно знаменце со преплет и флорални елементи, како во рамка така и надвор од неа. Употребена е бледо сина, црвена, зелена и кафена боја што ближи до позлата. Во ист стил и колорит е нацртана и почетната буква „З“. На л. 169 се наоѓа големо правоаголно знаменце со преплети и флорални елементи. Употребена е црвена, зелена и кафена боја што ближи до позлата. Во сличен стил и колорит е нацртана и почетната буква „П“. На л. 265 има големи правоаголни знаменца со преплети и флорални елементи. Употребена е бледо зелена, црвена и кафена боја што ближи до позлата. Во ист стил и колорит е нацртана и почетната буква „В“. Освен четирите минијатури на л. 7, 102, 163 и 264, како и големите правоаголни знаменца, се среќаваат и помали знаменца нацртани со преплет и тоа на л. 2, потоа на л. 9 тесно знаменце во балкански стил со кругови и преплет. Слично се среќаваат и на л. 98, 100, 159, 161, 261 и 262. Повез: Оригиналениот повез е сочуван. Две даски обложени со орнаментирана кожа. Се среќаваат правоаглести рамки со кругчиња на аглите. Во средината орнаментиран крст со постамент. Има остатоци од копчиња за закачување. Содржина: Четвороевангелие. Ракописот е најден во с. Бенче - Македонски Брод.<ref>http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/bencevsko-cetvoroevangelie-16v.html</ref>
 
== Редовни настани ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бенче