Muggle: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана веб страница → Наведена мрежна страница (2) using AWB
с →‎top: Јазична исправка, replaced: суфиксот → наставката
Ред 1:
'''Muggle''' множински '''Muggles''' e поим од ''[[Хари Потер]]'' серијалот книги од [[Џ. К. Роулинг]] кој се користи за обраќање на ликовите од неволшебничко потекло, кои не поседуваат магични способности ниту се запознаени со волшебничкиот свет. Поимот се разликува од поимот ''Squib'' кој се однесува на ликови од волшебничко потекло, но кои немаат никакви вродени магични способности. Зборот се појавува во народната култура и литература и пред да биде посвоен од Роулинг. Сепак, ''Хари Потер'' серијалот го популизира зборот со што веќе се користи и во други контексти.
 
Според Роулинг, зборот е изведен од зборот ''mug'', англиски термин за личност која лесно може да се измами и излаже, со додавање на суфиксотнаставката ''gle'', со цел да звучи помалку понижувачки а „помило“.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.accio-quote.org/articles/2004/0304-wbd.htm|title=JK Rowling's World Book Day Chat, March 4, 2004|work=accio-quote.org|accessdate=5 декември 2010}}</ref> Пред популаризирање на поимот од страна на Роулинг, се смета дека поимот бил помалку застапен во државите од англиско говорно подрачје, а се користел за опишување на луѓе со недостаток на одреден талент, но и како сленг за дрога. Како и да е, во 2003 зборот е официјално вметнат во Оксфордскиот англиски речник со значење - човек кому му недостасува одредена вештина.<ref>{{cite web|url=http://news.bbc.co.uk/cbbcnews/hi/uk/newsid_2882000/2882895.stm|title=BBC: 'Muggle' goes into Oxford English Dictionary | date=2003-03-24 | accessdate=2010-01-05}}</ref>
 
Благородна Богоеска-Анчевска и Оливер Јордановски, преведувачите на првите пет книги на македонски јазик публикувани од книгоиздавателството [[Култура (издавачка куќа)|Култура]] зборот ''Muggle'' го преведуваат како ''шушумига'', збор од бугарско потекло со значење приглупава, неталентирана личност.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.makedonski.info/?search=%D1%88%D1%83%D1%88%D1%83%D0%BC%D0%B8%D0%B3%D0%B0|work=makedonski.info|accessdate=5 декември 2010}}</ref> Додека преведувачот на шестата книга, Лавинија Шувака, издадена од издачката куќа Матица македонска, зборот го преведува како ''нормален'', најверојатно поради српскиот превод на терминот, ''нормалец''. Бидејќи ниту еден од двата преоводи не е општоприфатен, помеѓу фановите и читателите најчесто се користи терминот ''неволшебник''.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Muggle