Разлика помеѓу преработките на „Анџело Ди Ливио“

Одземени 158 бајти ,  пред 1 месец
с
нема опис на уредувањето
с
Во сезоната 1995-1996, Ди Ливио го постигнал својот прв гол во европските натпревраувања, откако ја погодил мрежата на [[Романија|романската]] екипа [[ФК Стеауа Букурешт|Стеауа Букурешт]] во победата со 3-0 на [[Деле Алпи]] во групната фаза од [[УЕФА Лига на шампиони 1995/96|Лигата на шампионите]]. Својот трет трофеј со Јувентус го освоил во [[Суперкуп на Италија 1995|Суперкупот на Италија]] по победата со 1-0 над Парма во Торино; тој се појавил во игра од клупата за резерви на местото на стрелецот на единствениот гол во овој натпревар [[Џанлука Вијали]] во 78-мата минута. И во текот на оваа сезона тој бил стандарен првотимец забележувајќи 44 настапи во сите натпреарувања. Јувентус не успеал да ги одбрани титулите во Серија А и Купот на Италија, но затоа ја освоиле својата втора титула во [[УЕФА Лига на шампиони 1995/96|Лигата на шампионите]], победувајќи го холандскиот {{Fb team (N) Ajax}} во [[Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1996 година|финалето]] одиграно во [[Рим]] по изведување на пенали со 4-2 откако во регуларниот тек на натпреварот и продолженијата резултатот бил нерешен 1-1. Ди Ливио влегол во игра во 57-мата минута од финалето на местото на [[Пауло Соуса]], а после победата на Јувентус, тој се приклучил на мала група на играчи кои го освоиле ова престижно натпреварување во својот роден град; покрај Ди Ливио тоа го сториле уште [[Енрике Матеос]] и [[Мигел Муњос]] (Мадрид), [[Алекс Степни]] (Лондон), [[Никола Анелка]] (Париз) и [[Гарет Бејл]] (Кардиф).<ref>{{cite web|language=en|author=Andrew Richardson|url=https://www.thesun.co.uk/sport/football/3531959/gareth-bale-real-madrid-juventus-champions-league/|title=Gareth Bale to make history if Real Madrid beat Juventus in Champions League final as sixth man to win it in home city|date=10 мај 2017}}</ref>
 
[[Податотека:JuventusAngelo FCDi -Livio 1997 - Maglia 100 AnniJuventus.jpg|thumb|right|Ди Ливио (долу првиот од десно) за време на натпреварот со кој била одбележанаво стогодишнинатадресот на Јувентус.]]
Во следните две сезони, Ди Ливио освоил уште две скудета во Серија А и играл уште две финалиња во Лигата на шампионите, но за разлика од финалето одиграно во неговиот роден град овие две финалиња биле со неповолен исход за неговиот Јувентус откако тие биле поразени со 3-1 од {{Fb team (N) Borussia Dortmund}} во [[Минхен]] ([[Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1997 година|1997]]) и со 1-0 од {{Fb team (N) Real Madrid}} во [[Амстердам]] ([[Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1998 година|1998]]). Покрај тоа освоил уште еден [[Суперкуп на Италија 1997|Суперкуп на Италија]] победувајќи ја {{Fb team (N) Vicenza}} со 3-0, [[Суперкуп на УЕФА|Суперкупот на УЕФА]] победувајќи го {{Fb team (N) Paris Saint-Germain}} со вкупен резултат 9-2 и [[Интерконтинентален куп|Интерконтиненталниот куп]] со победа над [[ФК Ривер Плејт|Ривер Плејт]] со 1-0; Ди Ливиотој играл во сите тие натпревари.
 
Неговата последна сезона во дресот на Јувентус била сезоната 1998-1999, во која клубот доживеал неочекуван крах и долгогодишниот тренер Липи бил отпуштен и заменет со [[Карло Анчелоти]]. По завршувањето на сезоната, клубот се решил за поголема реконструкција и некои повозрасни играчи кои долг период биле во клубот биле продадени, a меѓу нив бил и Ди Ливио како и [[Анџело Перуци]] и [[Дидје Дешан]].
2

уредувања