Чауш: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нс
(нема разлика)

Преработка од 12:46, 8 јули 2020

Чавуш, Чауш или Чаус[1] (од турски: çavuş / چاوش, „гласник“), арапски 'shawish, شاويش'[2], (од старотуркиски chabush или chawush, „личност која дава наредба“)[3]османлиска титула која се користела за две посебни војнички професии кои се разликувале според рангот на офицерот во Отоманското Царство. Чавушот имал ранг веднаш под агата и кетудата, а исто така терминот се користел и за членовите на специјализираната единица чавушани[4] која се состоела од комбинирана коњаница и пешадија што служиле на Царскиот совет (како во Отомански Египет)[4].

Чавуш
Чавушбаши
Илустрација од Питер Манди (1618)

Чавушбашијата бил еден вид асистент (или заменик) на Големиот везир[5] и се занимавал со безбедносни прашања[6], ги придружувал амбасадорите при нивната посета на везирот и исто така го разгледувал петициите доставени до Советот, имал право да ги води состаноците на советот, кога Големиот везир не бил присутен.

  1. „Chiaus“. Merriam-Webster.
  2. https://www.almaany.com/ar/dict/ar-ar/%D8%B4%D8%A7%D9%88%D9%8A%D8%B4/
  3. „*Etimoloji: Kökenbilim, kelimelerin aslını ve evrimini inceleyen disiplin ~ EYun étymon "asıl" + logeía "bilim". Nisanyansozluk.com. Посетено на 2017-06-30.
  4. 4,0 4,1 Wilkins 2010, стр. 122.
  5. Başaran 2014, стр. 186, Stein 2007, стр. 84
  6. Başaran 2014, стр. 186.