Кукумјавка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна испавка, replaced: 5 cm → 5 см
Ред 22:
'''Кукумјавката''' ({{науч|Athene noctua}}) — вид граблива птица од фамилијата [[утки]] (''Strigidae''), релативно мала во однос на останатите претставници од оваа фамилија. Заедно со [[кукувија]]та, познати се по непријатното продорно огласување, по што и ги добиле имињата. Често може да се слушнат заедно на местата каде се спојуваат населбите со ливадите, пасиштата или обработливите површини. Сепак, како и останатите видови од фамилијата, и овие се исклучиво корисни птици.<ref>Далиборка Станковић (2009). Све Сове Србије</ref> Се среќава и во [[Македонија]].
 
Кукумјавката е мала утка (23 - 27,5 cm&nbsp;см во должина), со заоблена и одозгора сплесната глава на краток врат, со големи жолти очи насочени нанапред и задебелено тело. [[Пердув]]ите се со кафеава боја, со бели дамки.
 
Ова се претежно ноќни птици. Кукумјавката и кукувијата се [[синантропен вид|синантропни видови]], живеат блиску до човекот, во градско опкружување и селски домаќинства, секаде каде има отворени ливади со ниска грмушеста вегетација на кои можат да ловат ситни [[глодари]]. Како место за одмор и [[гнездење]] ѝ служат разните пукнатини во објектите изградени од човекот, дупките во земјените отсеци, дупките во дрвјата, пукнатините на карпите и напуштените гнезда. Во најладните периоди од зимата, сите утки се повлекуваат на југот на Европа и северот на Африка.
Ред 37:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Утки]]
[[Категорија:Птици на Македонија]]