Алексиј I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (4), се додека → сè додека
с →‎Сојузот со Венеција против Норманите: Јазична исправка, replaced: Грегориј → Григориј
Ред 71:
 
===Сојузот со Венеција против Норманите===
Без доволно војска, без пари, Алексиј I морал веднаш по доаѓањето на престолот да стапи во борба и да го брани самиот опстанок на своето царство. Тој морал да ги прекова во пари црковните садови за да ја плати војската, којашто главно се состоела од странски наемници, во значителен дел од [[Англија|англиски]] [[Нормани]]. Но борбата не можела да се води само со овие сили и затоа царот на сите страни барал сојузници, водел преговори и со [[папа]]та [[Папа ГрегоријГригориј VII|Григориј VII]] и со царот [[Хенрик IV (Свето римско царство)|Хенрик IV]], и најодзади успеал да обезбеди помош од [[Венецијанска Република|Венецијанците]]. Венецијанската република се согласила да ја помогне [[Источно римско царство|Византија]] во борбата против Норманите, почитувајќи го принципот врз кој се темелела нејзината целокупна политика. Како поморска сила Венецијанците пред се барала да осигураат за себе слобода на движење во [[Јадранско Море|Јадранското Морe]] и да спречат било која да се зацврсти на едниот или на другиот брег од Јадранот. А токму тоа се обидувал да го стори [[Робет Гвискард]] и поради тоа тој во моментот бил непријател на Венецијанците, а византискиот цар нивен природен сојузник. За Византија подршката на венецијанските поморкски сили била дотолку подрагочена бидејќи нејзината флота била во уште полоша состојба одошто нејзината копнена војска, такашто на море Византија била целосно немоќна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 429-430.</ref>
 
Венецијанската република не ги изневерила надежите кои царот Алексиј во неа ги полагал. Таа на норманските кораби им задала тежок пораз којшто ги натерал да ја прекинат опсадата на [[Драч]] од море. На копно, меѓутоа, опсадата била продолжена и по побадата над царската војска во октомври на Драч. Портата на Византија му била отворена на Гвискард. Неговите трупи продреле длабоко во византиските земји, поминале низ [[Епир]], [[Македонија]] и [[Тесалија]] и ја опседнале [[Лариса]]. Меѓутоа, во јужна [[Италија]] со дејствување на царските приврзаници било предизвикано востание, па уште во [[пролет]]та [[1082]]г. Роберт Гвискард морал да го напушти [[Балкан]]от откако командувањето со норманската војска му го предал на својот син [[Боемунд Тарентски|Боемунд]]. Со времето јакнел византискиот отпор и под притисок на царската војска почнало повлекување на Норманите. Меѓутоа, како сојузници на царот, Венецијанците го запоседнале Драч. Роберт Гвискард успеал да го совлада востанието и одново да стапи во акција, но во почетокот на [[1085]]г. умрел од [[чума]]. Немирите коишто по неговата смрт настанале во јужна Италија за подолго време ја ослободиле Византија од норманската опасност.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 430.</ref>