Алберт Сент-Ѓерѓи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Приватен живот: Отстранување на категорија using AWB
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: Сегедин → Сегед
Ред 8:
Во 1920 година станал асистент на Универзитетот за фармакологија во [[Лајден]], од 1922 до 1926 година работел на Физиолошкиот институт во [[Гренинген|Гронинген]], Холандија, а во 1927 година отишол на [[Кембриџ]] како Рокферелов соработник, работејќи со Хопкинс. Поминал една година и во [[Рочестер (Њујорк)|Рочестер]] во Минесота пред повторно да се врати на Кембриџ.
 
Како професор почнал да работи во 1931 година кога добил место на Универзитетот во [[СегединСегед]] на катедрата за медицинска хемија, на иницијатива на тогашниот министер за наука, а во 1935 година и на катедрата за органска хемија. По крајот на Втората светска војна, го презел местото професорот по медицинска хемија на Универзитетот во Будимпешта, а во 1947 година ја напуштил Унграрија, отишол во [[САД]], каде што добил место на директор за истражување на институтот за истражување на мускулите во Масачусетс.
 
Истражувачката работа на Гронинген, Алберт ја започнал во областа на клеточно дишење, во која ја објаснил меѓусебната поврзаност на процесот на активирање на водород и кислород, и прв ја забележал улогата на ензимот кодехидразе и полифенол-оксидаза за физиолошки процеси во растителните клетки. При тоа го докажал постоењето на намалувачкиот агенс во растителните клетки и во животните, што подоцна ќе го донесе до неговото најголемо откритие - киселината и открил дека [[пипер]]ката (Capiscum annum) е богат извор на [[Витамин Ц|витаминот Ц]]. Со упорното истражување на патот на оксидацијата во живите организми, успеал да го докаже значењето на С4 киселината (меѓу кои се и овошни киселини како што се јаболкова и винска) како катализатор на биохемиски процеси во ќелиите. Неговата работа на биохемиска оксидација потполнета е со откривањето на флавинот. Во 1938 година своите интереси ги пресвртува кон истражување на физиологијата на мускулите и набрзо потоа откривајќи ги протеините пресудни за нивна контракција, актин и миозин, па комплексот во кои се меѓусебно поврзани. Исто така, докажал дека аденозин-трифосфат претставува директен извор на енергија на мускулната контракција. После овие откритија по првпат се можело да се репродуцира најважната реакција која доведува до контракцијата на мускулите. Некои од неговите дела од овој период довеле до почетокот на користење на глицерин за презервација на биолошки препарати.