Разлика помеѓу преработките на „Обврзница“

Одземени 502 бајти ,  пред 6 месеци
с
Јазична исправка, replaced: пацифичк → тихоокеанск
(#WPWPMK #WPWP)
с (Јазична исправка, replaced: пацифичк → тихоокеанск)
[[Податотека:San Francisco Pacific Railroad Bond WPRR 1865.jpg|мини|Обврзница за пацифичкататихоокеанската пруга издадена од градот и округот Сан Франциско, Калифорнија, 1 мај 1865 г.]]
'''Обврзница''' — должничка [[хартија од вредност]], со која се потврдува дека имателот (купувачот, доверителот) му исплатил на должникот (издавачот) определен износ [[пари]], како противвредност на обврзницата и дека должникот ќе му ги исплати на доверителот позајмениот износ, заедно со [[камата]], и тоа, според утврдената [[каматна стапка]] и во договорените рокови.<ref name="ReferenceA">''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 377.</ref> Обврзниците претставуваат дополнителен извор на средства за издавачот. Често, средствата добиени со нивно издавање служат за финансирање посебни програми или објекти чии приходи понатаму се користат за исплата на достасаните обврзници. Обврзниците се многу слични на [[кредит]]от, бидејќи и тие претставуваат форма на задолжување.
 
== Издавање ==
[[Податотека:Vereinigte Ostindische Compagnie bond - Middelburg - Amsterdam - 1622.jpg|мини|Обврзница издадена од Холандската источноиндиска компанија, 1623 г. ]]
Под примарен пазар на обврзниците се подразбира времето и просторот на кој правните и другите субјекти, во согласност, со прописите и своите потреби, издаваат обврзници заради прибирање парични средства. Кај државните обврзници, првата продажба ја врши [[централна банка|централната банка]], која работи како агент за сметка на [[држава]]та и која, за таа цел, може да организира [[аукција]]. Како купувачи на обврзниците може да се јават [[банкa|банки]], други финансиски организации, [[претпријатиe|претпријатија]], па и физички лица, кои најчесто се претставени преку посредници - ([[брокери]] и [[ дилери]]). Натамошниот промет со државните обврзници може да се одвива во непосреден контакт на купувачите и продавачите (неорганизиран пазар) или на институционален [[пазар на пари]].
 
За да може да се пристапи кон издавање [[корпорација|корпоративни]] обврзници, претпријатието мора да добие одобрение од надлежниот орган во земјата ([[Комисија за хартии од вредност]]). Издавањето обврзници има сложена постапка. Прво, се утврдува обемот на [[капитал]]от што се сака да се прибере со издавањето обврзници, видот на обврзниците, каматната стапка, номиналната вредност на кој ќе гласат обврзниците и др. По добивањето согласност од надлежниот орган, фирмата донесува одлука за издавање обврзници. Потоа, се заклучува договор со кој се регулираат правата на доверителите и обврските на корисникот. Овој договор обично се склучува со некоја финансиска организација која ја избира издавачот на обврзниците и која има законско овластување да ги претставува сите тогашни и идни купувачи на обврзниците од фирмата. Оваа организација всушност е старател (trustee). Првата продажба на обврзниците, фирмата може да ја изврши така што нив ќе ги продаде на некоја финансиска организација или ќе ги продаде на јавноста, со посредство на специјализирана организација ([[инвестициска банка]]). Притоа, посредникот може да се јави како гарант дека обврзниците ќе ги продаде, при што врз себе го презема ризикот на продажбата.<ref>Синиша Спасов, Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 225.</ref>
 
== Основни елементи ==
Секоја обврзница задолжително ги има следниве основни елементи:<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 377.<name="ReferenceA"/ref>
* Ознака дека станува збор за обврзница
* Називот и седиштето на издавачот
* корпоративни (corporate bonds).
 
Државни обврзници издава државата со цел да прибере средства за финансирање на тековниот дефицит во нејзиниот [[буџет]]. Најголемата светска економска сила, [[САД]] и нејзината влада земаат на заем голем дел од средствата со подажба на државни [[меницa|меници]] и државни обврзници. Достасувањето на државните меници може да биде до 10 години, а на обврзниците од 10 до 30 години. И државните меници и државните обврзници, се издаваат со износи од 1.000 [[долар]]и или повеќе, со полугодишни камати наречени купонски плаќања. Покрај нивните различни достасувања при издавањето, единствена поголема разлика меѓу нив е тоа што државните обврзници можат да бидат отповикливи во текот на даден период, обично во последните пет години од векот на обврзницата. Според оваа одредба, државата има право да ја откупи обврзницата по номиналната вредност.
 
Корпоративни обврзници се средства со кои приватните фирми позајмуваат пари директно од јавноста. Овие обврзници, според структурата, се слични на државните обврзници, т.е. плаќаат полугодишни купони во текот на нивниот век и му ја враќаат номиналната вредност на имателот на обврзницата на денот на достасувањето. При купување на корпоративните обврзници, инвеститорите особено внимание посветуваат на ризикот за неуспех.
* обврзници со променлива каматна стапка и
* обврзници што овозможуваат учество во добивката.
До средината на [[1970]]-тите години, каматните стапки на обврзниците биле фиксирани на денот на издавањето. Со појава на растечката инфлација, корпорациите започнале да издаваат обврзници со променлива каматна стапка (variable interest rate bonds). [[Ctiicorp]] била првата американска фирма која понудила обврзници со варијабилни каматни стапки.<ref name="ReferenceB">Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 218.</ref>
 
Според валутата на која се издадени, постојат:
''Доходни обврзници'' (income bonds) кои претставуваат најризични обврзници, издадени од корпорациите. Нивната клучна карактеристика е дека каматата се плаќа само доколку фирмата има средства за тоа.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 217.</ref>
 
''Конвертибилни обврзници'' (convertible bonds) кои претставуваат хибриден вид на [[хартии од вредност]]. Технички, тие претставуваат долг, бидејќи плаќаат камата, која претставува фиксна обврска на фирмата и имаат датум на доспевање. Но, овие обврзници имаат една специјална карактеристика - инвеститорот има [[опција]] да ја замени обврзницата во точно определен број обични [[акции]].<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 218.<name="ReferenceB"/ref>
 
''Бескупонски обврзници'' (zero-coupon bonds) се оние кои не плаќаат камата, но се продаваат со голем [[дисконтни хартии од вредност|дисконт]] во однос на номиналната вредност.<ref name="ReferenceC">Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 219.</ref>
 
''Високо ризични обврзници'' (junk bonds) кои не претставуваат посебен вид обврзница, туку тоа е име за долг со многу низок квалитет. Овие обврзници се неосигурени и можат да бидат подредени на другите должнички обврски на фирмата. Оттука, ваквите обврзници се многу ризични и мора да понудат повисоки камати.<ref>Михаил Петковски, ''Финансиски пазари и институции'', Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 219.<name="ReferenceC"/ref>
 
''Меѓународни обврзници'' се странските обврзници и еврообврзниците (eurobonds). Странските обврзници се издаваат од позајмувачи што потекнуваат од земја што е различна од земјата каде што се продаваат, додека обврзниците се деноминирани во валутата на земјата во која се продаваат. Наспроти нив, [[еврообврзни]]ците се издадени во валутата на една земја, но се продадени на [[пазар]] во друга земја.<ref>''Прирачник за подготвување и полагање на стручен испит за вршење работи со хартии од вредност'', Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2008, стр. 385.</ref>
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Финансии]]
[[Категорија:Хартии од вредност]]