Разлика помеѓу преработките на „Британска Империја“

с
→‎Првата светска војна: Јазична исправка, replaced: пацифичк → тихоокеанск
с (Правописна исправка, replaced: се до → сè до (7), се додека → сè додека)
с (→‎Првата светска војна: Јазична исправка, replaced: пацифичк → тихоокеанск)
Британија и објавила војна на Германија и нејзините сојузници и исто така во неа ги вклучила колониите и доминионите кои не обезбедиле некоја значајна воена, финансиска и материјална поддршка. Над 1,5 милиони луѓе служеле во армиите на доминионите како и илјадници волонтери од кралските колонии. Најголемиот дел од германските прекуморски колонии во Африка биле брзо окупирани, а на Пацификот, Австралија и Нов Зеланд ги окупирале германската Нова Гвинеа и Самоа. Поради она што го придонеле трупите на Австралија, Нов Зеланд и Њуфаундленд за време на Кампањата Галиполи во 1915 година против Османлиското Царство, се разбудила домашната национална свест и Австралија и нов Зеланд од колонии прераснале во нации со свои права. Земјите ова го паметат како АНЗАК- ден. Канаѓаните слично гледале на битката кај Вими Риџ. Важниот придонес на доминионите во војната бил признат во 1917 година од страна на британскиот премиер Дејвид Лојд Џорџ кога тој ги поканил премиерите на секој доминион да му се придружат на кралскиот воен совет за да ја координираат политиката на империјата.
 
Под условите под кои е склучен Версајскиот Договор, потпишан во 1919 година, империјата го пстигнала својот најголем степен на проширување со додавањето на 4. 662. 000km2 и 13 милиони жители. Колониите на Германија и на Османлиското Царство им биле поделени на Лигата на управите на народите. Британија ја презела контролата врз Палестина, Трансјордан и Ирак, делови од Камерун и Того и Тангањика. Териториите на доминионите во Југозападна Африка (сега Намибија) им биле дадени на Унијата на Јужна Африка. Австралија ја добила Германска Нова Гвинеа, а Нов Зеланд- Западна Самоа. Науру бил поделен помеѓу Британија и двата пацифичкитихоокеански доминиона.
 
==Меѓувоениот период==