Меланхолија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Меланхолија''' — душевна болест која се карактеризира со беспричинска тага, нерасположение, страв, забавени душевни функции и склоност кон самоубиство. Во минатото, од 5-4 век п.н.е. во списите на [[Хипократ]], меланхолијата била опишана како состојба на болест која се карактеризира со „недостаток на апетит, очај, несоница, раздразливост, вознемиреност“. Исто така се тврдело дека „тагата и стравот, кога траат долго време, предизвикуваат меланхолија“. Денес, меланхолија се смета за ист феномен како и [[Депресивни растројства|депресивното растројство]].
 
Според старата хипократска теорија за четирите [[темперамент]]и, меланхолијата е резултат на нерамнотежа во човечката душа предизвикана од доминацијата на супстанција произведена од [[жолчка]]та, која се шири низ [[Крв|крвта]] во телото.
 
По откривањето на [[Крвоток|циркулацијата на крвта]] од страна на [[Вилијам Харви]] во [[1628]] година, оваа теорија го изгубила своето значење.
{{Видови чувства}}