Царев Врв: Разлика помеѓу преработките

Одземени 7 бајти ,  пред 1 година
с
Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2)
с (додадена Категорија:Осогово користејќи го HotCat)
с (Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2))
| age =
| first_ascent = непознато
| easiest_route = [[Пониква]] - [[Царев Врв]]
}}
 
'''Царев Врв''' — [[планински врв]] на [[Осоговските Планини]] во [[Република Македонија]], висок 2076 метри. Познат е и според неговиот [[турски јазик|турски]] назив ''Султан Тепе''.
 
== Правци за искачување ==
 
На Царев врв искачувањето може да се изврши од две страни: од [[Крива Паланка|кривопаланечкиот]] манастир [[Св. Јоаким Осоговски]] и од [[Кочанско]] преку [[Пониква]].<ref>[http://www.mkdmount.org/planini/planini2.html ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА, ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ, www.mkdmount.org] </ref>
 
Oд [[Крива Паланка]] до манастирот [[Св. Јоаким Осоговски]] се патува пеш или со сопствено возило по асфалтен пат во должона 3 км. Маркацијата ПМ започнува од манастирот и спрема Царев Врв води преку селото [[Варовиште]], Ловечка куќа и [[Калин Камен (врв)|Калин Камен]]. Од Ловечката куќа до врвот се оди по ливади. Планинарската патека е долга околу 25 км во еден правец за кои ви се потребни 5 часа. Покрај патеката има повеќе извори и чешми, а таа е просечно напорна.
 
Откај [[Кочанско]] маркацијата ПМ започнува од крајот на [[Кочани]], крајот на улицата “14-та бригада“ продолжува под градската депонија, над село [[Црвена Нива]] минува преку пошумен дел со [[бреза]] и [[бор (дрво)|бор]] сесè до [[асфалт]]от, минува покрај чешмата З’мбoва. Потоа продолжува покрај ''Дл’га ридина'' сесè до асфалтот. Сечејќи го асфалтниот пат продолжува преку Лешки рид. Некаде 500 метри пред Шумската куќа на [[ЈП Македонски шуми]] излегува на асфалтен пат, продолжува по него. После 200 метри од Шумската куќа се напушта асфалтниот пат (десно), се продолжува по стариот пат за Пониква. Од [[Кочани]] до Пониква потребни се 5 часа. Оние кои имаат сопствено возило можат да дојдат до Пониква која е оддалечена 20 км, по асфалтен пат.
 
Од Пониква патеката за Царев врв продолжува по широкиот колски пат со една кратенка кај бачилото поранешната земјоделска задруга “Галеб“ - [[Тркање (село)|Тркање]], некаде половина час пред врвот се напушта широкиот пат (десно) и се оди по ливади. Патеката е добро маркирана. Во вториот дел од патеката треба да се внимава на раскрсниците, бидејќи ги има доста. За овој дел од патеката ви се потребни 5 часа.