Хартија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2)
Ред 10:
== Производство ==
Како што веќе напоменавме, хартијата денеска најчесто се изработува од ситно мелена дрвна маса која се меша со големи количини на вода. Целата таа смеса се вари и се добива пулпа или каша која подоцна со помош на полирани цилиндри се извлекува во тенок слој. Подоцна во текот на производството се провлекува низ цел еден склоп од цилиндрични ваљаци, се суши и додатно се измазнува во зависност од потребите на побарувачот. Целата линија за извлекување на хартија од смесата е составена од ланец со повеќе групи на валјаци кои хартијата ја доведуваат на саканата дебелина. Во една од почетните фази на извлекување на хартијата се вметнува и една од главните заштитни мерки т.е водениот жиг, за кој подоцна повеќе ке зборуваме.
Целата технологија при производство на хартијата, општо кажано, се изведува со помош на два главни процеси и тоа: механички и хемиски. Под механички процес се подразбира самото мелење на дрвната маса и нејзината механичка обработка (отстранување на нечистотиите, варењето на смесата и сл.). Но за да ги добие своите конечни својства, (белина, трајност, отпорност и сл.) хартијата мора да претрпи и одредени хемиски процеси како што се додавање на разни хемиски средства (хлорин, озон, хидроген и т.н) кои хартијата ја прават мазна и бела. Хартијата добиена од дрвна маса е доволно добра за широка употреба но постојат одредени ограничувања, односно истата има релативно краток рок на употреба, со текот на времето пожолтува и старее, лесно се кине и уништува. Таквата хартија се користи за секојдневна употреба почнувајќи од обична тоалетна хартија па сесè до хартија за цртање и пишување, издаваштво и сл..
За добивање на високо квалитетна хартија која има многу долг век на траење и употреба, се користи памукот како основна суровина. Главна карактеристика на хартијата добиена од памукот е што таквата хартија не жолтее со текот на времето и ги задржува своите својства дури и по многу години на употреба. Начинот на производство е идентичен како и во преходниот случај за хартијата добиена од дрвната маса. Памучната хартија е прикладна за сите видови печатење поради нејзиното својство за апсорбирање на мастилото. На сликата бр.2 можеме подобро да го видиме целиот процес на добивање на хартија кој во основа е ист без разлика дали се работи за хартија добиена од памук, дрвна маса или од отпадна хартија.
 
Ред 32:
Од самите почетоци на користење на хартијата, човекот, увидел потреба за користење на хартија која ке биде одбележана (во прво време, а подоцна и заштитена) на некој начин, и која ке го претставува реномето на сопственикот или носителот на самиот документ лично, во исто време да не може да биде изменет од друго лице, намерно или случајно. Водениот печат, на кој подоцна ке обрнеме повеќе внимание, како заштитна мерка први почнале да го користат големопоседниците и веледостојниците за да дадат личен потпис на сите документи кои ги пишувале како и да се заштитат од препишување и изменување на содржината на нивните документи. Таквата хартија се изработувала во посебни фабрики и во точно контролиран тираж. На сликите 2 и 3 гледаме пример на заштита на хартијата со воден жиг кој се употребувал порано.
 
Примери како и потреби за користење на заштитната хартија има безброј, почнувајќи од обични билети за концерт или градски превоз па сесè до изработка на хартиени банкноти, патни исправи, визи и сл. Денеска заштитната хартија е во се поголема употреба. Не може да се замисли било каков документ кој има и најмало значење а да не содржи барем еден заштитен знак.
Полицискиот службеник е потребно добро да ги познава и разликува сите заштитни мерки кои се вметнати во производството на хартијата. За таа цел ке ги проучиме сите поединечно и ќе се запознаеме со нивните карактеристики.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хартија