Фрескопис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: локалитет → наоѓалиште using AWB
с →‎top: Правописна исправка, replaced: се до → сè до , Се до → Сè до
Ред 10:
Фреските во [[Света Софија]], катедралниот [[храм]] на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]], во [[Охрид]] (меѓу [[1040]]-[[1045]] година), претставуваат најдобро сочуван живопис од сите постоечки фрескописни програми во една катедрална црква во [[Византија]] во [[11 век]]. Се смета за еден од клучните [[артефакт]]и во општата историја на Византија. Од овој период, во истиот фреско-опус, спаѓаат и делумно сочуваните фрески во [[Водочки манастир|Водочкиот]] и [[Велјушки манастир|Велјушкиот манастир]], во близина на [[Струмица]].
 
Според времето на настанување следи фреско-живописот во манастирската црква [[Црква „Св. Пантелејмон“ - Горно Нерези|Св. Пантелејмон]], во [[Нерези]], во близина на [[Скопје]], од [[12 век]] ([[1164]] година), единствен по својот стил и естетика, создаден од непознати мајстори, од рангот на врвните царски византиски фрескописци во тој период. Потоа, фреските во црквата [[Св. Ѓорѓи]], во [[Курбиново]], на бреговите на [[Преспанско Езерп|Преспанското Eзеро]], едни од најубавите, најоригиналните и во целост најдобро сочувани фрески што од тој период допираат до нас. Творештвото на тројцата непознати мајстори во Курбиново, претставува надоврзување на творештвото на нерешките мајстори, иако во голема мера се забележува голема оригиналност во стилот и изразот. СеСè до крајот на [[13 век]] во македонскиот живопис доминира комненовскиот стил.
 
Со појавата на зографите Михаил и Ефтихиј, кои во [[1295]] година, по покана од Прогон Згур, великиот хетериарх на Византија, започнуваат да го сликаат Охридскиот храм посветен на [[Пресвета Богородица Перивлептос]], започнува нов, величествен период во македонскиот фреско-живопис, во палеолошки стил. Истите мајстори подоцна ги живописале во целост и црквите [[Св. Георгиј]] во [[Старо Нагоричане]] кај [[Куманово]] (околу [[1317]] година) и [[Св. Никита]] во с. [[Бањани]] кај [[Скопје]] (оклу [[1320]] година). Нивното творештво е своевидно [[зограф]]ско и богословско ремек-дело, единствено по својот израз и високите живописни и духовни квалитети.
Ред 18:
Фрескописот во манастирската црква посветена на [[Архангел Михаил]], во [[Лесновски манастир|Лесновскиот манастир]] датира од [[1347]] година. Имињата на тројца од четворицата зографи, автори на овој живопис се познати: Михаило, Марко и Севаст. Додека името на главниот мајстор е оштетено, и останува непознато за нас. Од фреските настанати во [[14 век]] по својата вредност и убавина се издвојуваат и оние во [[Марков манастир|Марковиот манастир]], (изработени од непознати зографи од охридскиот живописен центар во периосдот [[1346]]-[[1372]] година); и оние во црквата [[Црква „Св. Андреј“ - Матка|Св. Андреј]], [[Матка (езеро)|Матка]] (живописана од митрополитот [[Јован Зограф]] од [[Зрзе]] и Григориј, околу 1389 година), обете во близина на Скопје. Творештвото на познатите браќа зографи митрополитот Јован и јеромонахот Макариј од Зрзе, како кулминација ги остава зад себе престолните икони на Исус Христос Спасител и Животодавец и Пресвета Богородица Пелагонитиса, од иконостасот во манастирот Св. Преображение, во с. Зрзе, Прилепско.
 
Со инвазијата на [[Османлии]]те, Македонија влегува во новомаченички период на петвековното турско ропство. Иако Охридската Архиепископија не била укината сесè до [[18 век]], сепак величествената епоха на македонскиот фреско-живопис останува неповратно назад, во историјата.
 
== Надворешни врски ==