ФК Вердер Бремен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎1899-1933: Основање и првите децении: Јазична исправка, replaced: Конја → Конија
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2)
Ред 157:
Под раководството на дуото Томас Шаф (тренер) и [[Клаус Алофс]] (спортски директор) Вердер се повеќе и повеќе се дига кон врвот на германскиот клупски фудбал. Меѓу 1999 и 2003 година биле поставени основите на силен офанзивен тим, кој играл атрактивен фудбал со директни додавања. За потенцијалот на клубот од Бремен говорат пласманот во финалето на Купот на Германија во 2000 година и освојувањето на најголем број на бодови во календарската 2001 година. На 31 март 2002 година во натпреварот против [[ФК Ханза Росток|Ханза Росток]], која завршила со резултат 3-3, голманот на Вердер [[Франк Рост]] станал еден од само двајцата голмани (другиот е [[Јенс Леман]]) кој постигнале гол во судиското продолжение во натпревар од Првата Бундеслига. Клубот се пласирал за Купот на УЕФА во [[Куп на УЕФА 2002/03|сезоната 2002-2003]], без да постигне нешто значајно откако биле елиминирани во втората рунда од холандскиот [[ФК Витесе|Витесе]]. Во германското првенство серијата од добри резултати била задушена со лошите игри на самиот крај од сезоната и недостатокот на континуитет довел до паѓање од првите места на табелата. Младите и перспективни играчи на Вердер во овој период го напуштиле клубот за значајни трансфер суми, со што била осигурена стабилна финансиска ситуација. Особено профитабилни биле трансферите на [[Рафаел Вики]] во 2000, како и на Франк Рост, [[Торстен Фрингс]] и [[Клаудио Писаро]] во 2002 година. Откако клубот го напуштиле и Андреас Херцог и [[Андре Виденер]] во 2001 година, Марко Боде останал последниот фудбалер во клубот од "златната ера" под раководството на Ото Рехагел. Во [[Прва Бундеслига 2002-2003|сезоната 2002-2003]] Вердер го освоил шестото место како и една година претходно, но овојпат за разлика од минатата сезона не успеал да избори пласман во некој од елитните европските клупски турнири. Сепак, во текот на летото клубот направил важен потег на трансферниот пазар доведувајќи го францускиот плејмејкер [[Јоан Мику]], кој набргу потоа се претворил во клучната фигура во играта на Вердер.
 
Сезоната 2003-2004 започнала со шокирачко испаѓање од [[Интертото куп]]от од австрискиот клуб [[ФК Пашинг|Пашинг]], но на крајот сезоната се претворила во најуспешната во клупската историја на Вердер во домашни рамки. Покрај Мику Вердер го засилил својот состав и со искусниот голман [[Андреас Рајнке]], турскиот бек [[Умит Давала]] (бронзен со својата репрезентација на [[Светско првенство во фудбал 2002|Светското првенство 2002]]) и централниот дефанзивец [[Валериен Исмаел]]. Вердер добро го започнал првенството, движејќи се во групата на екипите од врвот на табелата. Од 16-тото коло па сесè до самиот крај на првенството бременците биле лидери на табелата, а на крајот нивната предност пред второпласираниот тим изнесувала цели 11 бодови, изградена благодарение на серијата од 23 натпревари без пораз. Победата со 3-1 во гости над вицешампионот Бајерн Минхен во 32-рото коло ги прави и најдобриот гостински тим во историјата на Бундеслигата во рамките на една сезона. Бразилскиот напаѓач на Вердер [[Аилтон Гонсалвес да Силва|Аилтон]] бил најдобар стрелец во лигата за таа сезона со својте 28 голови. Подоцна истиот фудбалер бил избран и за [[Фудбалер на годината во Германија]], како тек вториот играч на Вердер кој го добил ова признание по Руди Фелер.
 
На самиот крај на сезоната, откако Вердер го освоил првенството зелено-белите се закитиле со уште еден трофеј освојувајќи го Купот на Германија со победата со 3-2 над [[Алеманија Ахен]], стигајќи на тој начин до историската [[Двојна круна (фудбал)|двојна круна]] за клубот, со која во Германија дотогаш можеле да се пофалат само екипите на Келн и Бајерн Минхен (подоцна и Борусија Дортмунд).
Ред 562:
|}
 
Почнувајќи од сезоната 1999-2000, бројот на гледачи во домашните натпревари на Вердер Бремен постојано се зголемува, со исклучок само на сезоната 2005-2006 година, кога била извршена реконструкцијата на стадионот. Во сезоната 1999-2000 домашните натпревари на Вердер ги следеле во просек околу 29,834 гледачи, а во годината кога била освоена "двојната круна" бројот на гледачи во просек бил зголемен на 37,666. Речиси двојно зголемување во однос на последната сезона од ХХ век е забележано во сезоната 2006-2007, кога средната посетеност достигнала до 39,715. Освен тоа бројот на продадени сезонски карти исто така се зголемил - од 20,000 во сезоната 2003-2004 на 25,000 во следните четири години.<ref>{{cite news |url=http://www.fussball24.de/fussball/1/7/38/15617-werder-bremen-setzt-24-000-dauerkarten-ab |title=Werder Bremen setzt 24 000 Dauerkarten ab |author=Deutsche Presse-Agentur |author2=Traffic Rocket GmbH |work=fussball24.de |date=2005-06-20 |accessdate=2013-10-06}}</ref> Бројот на членови, кои претходно биле помеѓу 2,000 и 3,000 со децении, остро се зголемил со враќањето кон успехот под водството на тренерот Томас Шаф зголемувајќи се од 2.980 членови пред сезоната 1999-2000 на над 15,000 во шампионската година, па сесè до 30,266 во 2007 година. Во 2003 година започнала силна кампања низ целиот град Бремен за зголемување на бројот на членови во Вердер, со плакати и реклами во градскиот транспорт, во кој биле прикажани слики од тренерот со слогани "Те сакам!" и "Членувај во Вердер!".<ref>werder-blitz.de: [http://www.werder-blitz.de/images/schaaf140.jpg Bild aus der Werbekampagne für neue Mitglieder mit Thomas Schaaf]</ref><ref>{{cite news |url=http://www.weser-kurier.de/werder/profis_artikel,-Schaaf-will-mit-Pizarro-verlaengern-_arid,158714.html |title=Werder Bremen Schaaf will mit Pizarro verlängern |author=Thorsten Waterkamp |publisher=Bremer Tageszeitungen AG|work=weser-kurier.de |date=2011-12-08 |accessdate=2012-10-21}}</ref>
 
[[Податотека:Ostweser.jpg|thumb|left|Навивачите на Вердер на источната трибина]]