Епистемологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Философија +Филозофија)
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до , се додека → сè додека
Ред 28:
 
==Оправдување==
Во дијалогот на Платон, Театетус, Сократ зема предвид голем број теории за тоа што е знаењето, од кои последната е дека знаењето е вистинско верување на кое „е раскажано“ – што значи е објаснето или дефинирано на некој начин. Според теоријата, тоа знаење е оправдано вистинско верување, за да се знае дека одреден пропозиција е вистинита, не само што човек мора да верува во релевантната вистинита пропозиција, туку мора да има и добра причина за тоа. Една импликација за ова би било тоа дека никој не би имал знаење само преку верување дека нешто што се случило е вистинито. На пример, болен човек без медицинска обука, но со генерално оптимистички став, може да верува дека брзо ќе се опорави од болеста. И покрај тоа, дури и ако ова верување произлезе како вистинито, пациентот не би знаел дека ќе му оди добро бидејќи неговото знаење нема оправдување. Дефиницијата за знаење како оправдано вистинско била широко прифатена сесè до 1960-тите. Во тоа време, труд напишан од американскиот филозоф Едмунд Гетиер испровоцирал големо ширење на дискусијата.
 
==Проблемот Гетиер==
Ред 56:
 
Британскиот филозоф Сајмон Блекбурн ја критикувал оваа формулација преку сугерирање дека не сакаме да прифатиме како знаење верувања кои, иако ја „следат вистината“ (како што бара објаснувањето на Нозик), не е сметаат за соодветни причини. Вели дека „не сакаме да ја дадеме титулата на знаење нешто на некого кој само ги исполнува условите преку дефект, мана или грешка, споредено со некој друг кој не ги исполнува условите“. Како дополнение на ова, екстранлистичките описи за знаење, како тие на Нозик, честопати се принудени да одбиваат заклучок во случаи каде тој е интуитивно валиден.
Тимоти Вилијамсон има теорија за знаењето според која знаењето не е оправдано вистинито верување плус некои екстра услови. Во неговата книга Знаењети има свои граници, Вилијамсон спори дека концептот на знаење не може да биде анализирано во збир од други концепти – наместо тоа, тоа е sui generis. Така, иако знаењето бара оправдување, вистина и верување, зборот „знаење“ не може да биде, според теоријата на Вилијамсон, прецизно сметана како едностано кратенка за „оправдано вистинито верување“.
 
==Екстернализам и интернализам==
Ред 75:
 
==Аналитичка/синтетичка разлика==
Некои препозиции се такви што ни се чинат како оправдани за да им се верува сесè додека им го разбираме значењето. На пример, „Братот на татко ми ми е чичко“. Се чини дека е оправдано да веруваме дека е вистина само затоа што знаеме што значи терминот. Таквите препозиции филозофите ги нарекуваат „аналитички“. Синтетичките пропозиции, од друга страна, имаат различни субјекти и предикати. Пример за синтетичка пропозиција би било, „Братот на татко ми има црна коса“. Кант кажал дека сите математички и научни изјави се синтетики a priori препозиции бидејќи се неопходно вистинити, но нашето знаење за атрибутите на математичките или физичките субјекти можеме да го добиеме само со логично вадење заклучок.
Американскиот филозоф В. В. О. Квин, во „Две догми на емпирицизам“, ја предизвика оваа разлика преку спорење дека двете имаат нејасна граница.
 
Ред 109:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Епистемологија| ]]
[[Категорија:Филозофија]]