Светец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 2:
 
==Светците во средновековната латинска книжевност==
Во средновековната црковна книжевност се истакнува големата моќ на светците од кои [[ѓавол]]ите имаат голем страв. На пример, во делото „[[Дијалози (дело на Григориј Велики)|Дијалози]]“, Григориј Велики раскажува како [[свети Фортунат]] го избркал ѓаволот од еден опседнат човек, по што ѓаволот скитал низ градските улици жалејќи се дека останал без засолниште. [[Григориј од Тур]] ја наведува случката во која некоја жена не можела да се породи и ја испратила својата сестра да ја побара [[Паганство|паганската]] божица [[Дијана]]; тогаш ѓаволот (зашто тој бил паганското [[божество]]) ја упатил на [[Апостол Андреја|апостолот Андреја]], т.е. ја признал моќта на [[Светци|светцитесветци]]те.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 291-293.</ref> Исто така, ѓаволот кој ја запоседнал ќерката на некој италијански [[херцог]] не сакал да излезе, барајќи да дојде [[Свети Гал|св. Гал]], а штом пристигнал, светецот го избркал ѓаволот (кој имал лик на врана) и го истерал во пеколот.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 387.</ref> Во „Житието на св. Мартин“ (''De vita beati Martini''), [[Сулпициј Север]] пишува дека ѓаволот постојано го опседнувал св. Мартин, а еднаш се појавил во царска облека, претставувајќи се како [[Христос]] и барајќи светецот да му се поклони. Но, светецот не наседнал на итрината, па ѓаволот морал да си замине, оставајќи зад себе непријатен мирис во ќелијата.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 358.</ref> Во друга прилика, св. Мартин го избркал ѓаволот од некој опседнат човек, но притоа не му дозволил да излезе од устата на опседнатиот, туку го натерал да се спушти во [[желудник]]от.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 389.</ref> Во житието на [[Свети Колумбан|св. Колумбан]] се наведува случката во која ѓаволот не ги слушал наредбите на светецот и не излегувал од човекот кого го опседнал, па св. Колумбан ја пикнал раката во устата на човекот и го извлекол ѓаволот кој испуштал голема смрдеа.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 388.</ref>
 
Во своето дело „[[Дијалог за чудата]]“, [[Цезариј од Хајстербах]] наведува примери во кои светците понекогаш се служат и со човечки средства за да ги вразумат непослушните верници. На пример, на некој големец кој бил виновен за палењето на [[храм]]от, во [[сон]]от му се јавил св. Аустригизил кој му удрил толку силна шлаканица, што му останала модринка. Кога се разбудил, големецот им раскажал на слугите за случката и потоа умрел; слично постапил и [[Свети Никита од Лион|св. Никита од Лион]]: кога по неговата [[смрт]] се утврдило дека не му оставил никаков имот на [[манастир]]от во кој умрел, некој свештеник го обивнил за тоа, а светецот му се јавил во сонот и го истепал; свети Криспин и Криспинијан му се јавиле на [[епископ]]от виновен за уништувањето на опатијата изградена над нивните [[гроб]]ови и му ги скинале десната [[рака]] и [[нога]] и тој умрел; на некој бонски свештеник со име Јован, кој никогаш не ја наведнувал главата пред олтарот, ноќе му се јавил [[св. Јован Крстител]] и силно го удрил со ногата в [[стомак]], а оттогаш свештенико почнал да боледува; четирите свети патрони на манастирот во Суасон му се јавиле на сон на латариншкиот [[херцог]] и го истепале, а тој се разбудил целиот во модринки; <ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 312-313.</ref>
 
Во делото „[[Пофалба на глупоста]]“, [[Еразмо Ротердамски]] ја исмејува праксата секоја област да почитува посебен светец или на секој светец да му се припишува некое посебно својство (некој се грижи за родилките, некој за морнарите, некој ја намалува болката, итн.).<ref>Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 52.</ref>
Ред 10:
==Светците како тема во уметноста и во популарната култура==
Светците се јавуваат како тема во бројни дела од [[уметност]]а и [[Популарна култура|популарната култура]], како:
* „Светецот и грешникот“ - басна на американскиот писател [[Емброуз Бирс]].<ref> Емброуз Бирс, ''Басни''. Скопје: Темплум, 2016, стр. 82.</ref>
* „Светица“ - расказ на колумбискиот писател [[Габриел Гарсија Маркес]] <ref>Габриел Гарсија Маркес, ''Дванаесет искушенија''. Скопје: Три, 2008.</ref>
* „[[Ноќта на свети Лоренцо (филм)|Ноќта на свети Лоренцо]]“ - италијански [[филм]] од 1981 година, во [[режија]] на [[Браќа Тавијани|браќата Тавијани]].
* „Држи сесè до св. Кристофер“ (''Hang On St Christopher'') - песна на американскиот музичар [[Том Вејтс]] (''Tom Waits'') од 1987 година.<ref>[https://www.discogs.com/Tom-Waits-Franks-Wild-Years/master/13929 DISCOGS, Tom Waits ‎– Franks Wild Years (пристапено на 20.7.2019)]</ref>
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Светец