Сава Петровиќ Његош: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 1 година
с
→‎Биографија: Правописна исправка, replaced: се до → сè до (3)
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: Хабзбу → Хабсбу (2) using AWB)
с (→‎Биографија: Правописна исправка, replaced: се до → сè до (3))
Во 1742 година, владиката Сава заминал за [[Руската Империја]]. Таму побарал продолжување на финансиската помош за Црна Гора која не се испалаќала навреме. Царицата [[Елисавета (Русија)|Елисавета]] го примила владиката Сава и наредила задоцнетата помош да се исплати, а доделила и нова помош. Додека владиката Сава се наоѓал во Русија, неговиот внук, архимандритот [[Василије Петровиќ Његош|Василије]] во 1744 година заминал за [[Венеција]] со фалификуван печати на црногорските старешни со цел да го заврсти својот углед . Поради овој чекор, Сава дошол во судир со Василије, меѓутоа двајцата Петровичи набргу се смириле, а Василиј станал помошник на владиката.
 
Василиј и Сава имале различни погледи за политичкиот пат на Црна Гора. Додека, Сава се залагал за соработка со [[Венецијанската република]], тогашниот архимандрит Василија сакал Црна Гора да се поврзе со некоја голема сила и со надворешна помош Црногорците да ја продолжат борбата против [[Османлиското Царство]]. Во 1750 година, Василиј во [[Белград]] бил хиротонисан од страна на патријархот Атанасиј, а новиот владика се вратил во [[Црна Гора]]. Василиј успеал да се издигне како главна политичка личност во [[Црна Гора]] и целосно го потиснал Сава кој почнал да игра второстепена улога во општествениот и политичкиот живот на [[Црна Гора]], а оваа подредена положба Сава ја имал сесè до својата смрт.
[[Податотека:Шќепан Мали.jpg|мини|лево|200п|Шќепан Мали]][[Податотека:AtlBalk1750.jpg|мини|десно|250п|Балканот во 1750 година]]
Додека Василије се наоѓал во Русија, босанскиот везир [[Хаџи Мехмед Паша]] со својата војска дошол во Гацко за да ги казни непокорните Црногорци. Митрополитот Сава, гувернадурот Стано Радоњиќ и останатаите старешини, за да го избегнат османлискиот напад, се согласиле да го платат харачот. Меѓутоа, Василије по враќањето во Црна Гора ги поматил нивните сметки и ги потикнал Црногорците да го отфрлат договорот <ref>Ј. Томић, Црногорски митрополит Василеје Петровић у Црну Гору по првом повратку из Русије 1754-1756, Глас САН 88, 1911</ref>. По неплаќањето на харачот дошло до политички случувања во кој владиката Сава не учествувал сесè до смрта на Василиј во 1766 година.
 
По смрта на Василиј, настапил период племенска анархија, а Владиката Сава немал влијание меѓу Црногорците. Во 1767 година на историската сцена во Црна Гора се појавила една мистериозна личност т.н [[Шќепан Мали]]. Тој себеси се преставувал како рускиот цар [[Петар III (Русија)|Петар III]] <ref>Глигор Станојевић, Шћепан Мали, Пос. изд. Ист. института САН, Београд, 1957</ref>. Бидејќи [[култ]]от кон Русија веќе фатил силни корени, благодарение на дејноста на владиката [[Василије Петровиќ Његош|Василије]], самопрогласениот руски цар брзо и енергично успеал да ја наметне својата власт врз [[Црногорци]]те. Владиката Сава во почетокот не се сомневал во Шќепан, меѓутоа за да ја провери точноста на информацијата се обратил до русиот преставник во Цариград, кој од своја страна известил дека Шќепан е изманик. Владиката Сава набргу потоа дошол во судир со [[Шќепан Мали]], но владиката Сава бил затворен од страна на приврзаниците на Шќепан и бил ослободен во пролета 1768 година.
 
Шќепан Мали успеал да се одржи на власт во [[Црна Гора]] сесè до својата смрт во 1773 година. Меѓутоа, владиката Сава повторно немал никаво политичко влијани меѓу Црногорците, а на политичката сцена, како прва личност се издигнал гувернадурот [[Јован Радоњиќ]]. Сава во текот на својата владичка дејност имал мала улога во животот на [[Црна Гора]] и секогаш бил потиснуван од способни личности.
 
== Белешки ==