Стар Рим: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Византиска империја → Византиско Царство
с →‎'''Мариј и Сула''': Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 43:
Кон крајот на социјалната војна, Мариј и Сула биле главните лица на војската во Рим. Нивните приврзаници имале конфликт, борејќи се за моќ. Во 88 година п.н.е. Сула бил избран за неговото прво конзулство и неговата прва задача била да го порази Митридат VI од Понт, кој имал намера да го освои источниот дел на римската територија. Сепак, приврзаниците на Мариј ги извршиле воените постројки, спротивставувајќи се на Сула и на Сенатот. Ова била причина за гнев на Сула. За да ја зацврсти својата моќ, Сула спровел изненадувачко и незаконско дело: тој марширал до Рим заедно со својата легија и ги убил сите оние кои ги поддржале причините на Мариј и им ги набил главите на колци кај Римскиот форум.
Во следната 87 година п.н.е. Мариј кој побегнал од маршот на Сула, се вратил во Рим додека Сула ја водел својата кампања во Грција. Тој дошол на власт заедно со конзулот Луциј Корнелиј Цина и го убил другиот конзул Гнеј Октавиј. На тој начин го постигнал своето седмо конзуларство. Во обид да го зголемат гневот на Сула, Мариј и Луциј Корнелиј Цина ги одмаздиле своите приврзаници така што извршиле масакр и ги набиле на шилци главите на приврзаниците на Сула (како што претходно бил набиен Публиј Сулпициј Руф од страна на Сула).
Само неколку месеци по освојувањето на власта, Мариј починал во 86 година п.н.е. од старост и лошо здравје. Цина имал апсолутна власт сесè до неговата смрт во 84 година п.н.е.. По враќањето од неговите источни кампањи, тој имал слободен пат за повторно да ја воспостави својата власт. Во 83 година п.н.е. тој го направил својот втор марш во Рим и започнал крваво време на терор: илјадници благородници, витези и сенатори биле убиени. Исто така Сула имал две диктатури и уште едно конзуларство, кое ја формирало кризата и падот на Римската република.
 
== '''Цезар и неговиот прв триумвират''' ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стар_Рим