Ренесансна архитектура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Перуци: Македонска предлошка, replaced: {{clear}} → {{среди}}
с →‎Алберти: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 190:
Св. Андреја е исклучително динамична градба и однадвор и одвнатре. Нејзината фасада е обележана со екстремни контрасти. Проекцијата на редоследот на пиластри кои ги дефинираат архитектонските елементи, кои во основа се нефункционални, е многу плитка. Ова е во спротивност со длабоко вградениот лак којшто прави колонада од столбови пред главната врата. Големината на овој лак е во директен контраст со двата ниски квадратни отвора коишто го урамуваат. Светлото и сенката делуваат драматично на повшината на објектот поради плиткоста на корнизите и длабочината на порталот. Во внатрешноста Алберти не ги користел традиционалните патеки и странични бродови. Наместо тоа се забележува бавна и величенствена прогресија на наизменични високи лакови и ниски правоаголни влезови, следејќи го мотивот на “триумфален лак” од фасадата.
 
[[Податотека:Santa Maria Novella.jpg|thumb|left|Фасадата на [[Санта Марија Новела]], 1456–70.]]Две од најпознатите градби на Алберти, палатата Рушелаи и Санта Марија Новела, се наоѓаат во Фиренца. Кај палатата Рушелаи, Алберти користел класични редови на столбови на фасадата во три нивоа. Било барано од него да ја заврши и декорацијата за фасадата на Санта Марија Новела. Дизајнот го завршил во 1456 година, но градбата останала недовршена сесè до 1470 година.
 
На долниот дел од објектот имало вдлабнатини во готски стил и типични полихромни мермерни украси. Морало да се земе во предвид и големиот окуларен прозорец кој бил поставен на крајот од страничниот брод. Алберти едноставно имал почит кон она што до тогаш било сработено и кон фирентинската традиција на употребата на полихром, која верно била одразена во црквата Св. Јован , една од најпознатите градби во градот. Кружните мотиви, кај кои се повторува формата на полукружен прозорец, и редовните прегради створиле еден вид распоред во декорацијата, која во суштина била рамна и најчесто од полихромен мермер.