Ран нов век: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Исправка на предлошка, replaced: а Христијанството → а христијанството (2)
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (7)
Ред 178:
Помеѓу поважните владетели од тоа време [[Шарл Дрскиот]], како што му бил познат на непријателите,<ref>The title was derived from his savage behavior against his enemies, and particularly from a war with France in late 1471: frustrated by the refusal of the French to engage in open battle, and angered by French attacks on his unprotected borders in Hainault and Flanders, Charles marched his army back from the Ile-de-France to Burgundian territory, burning over two thousand towns, villages and castles on his way—Taylor, Aline S. ''Isabel of Burgundy''. Lanham, Md: Madison Books, c2001, pp. 212–213</ref> бил последниот [[војвода на Бургундија]] од [[Династија Валоа|династијата Валоа]] и неговата прерана смрт била важен, недоволно признат момент од европската историја. Шарл се сметал за последниот претставник на феудалниот дух – човек кој немал друга доблест освен слепата храброст. По неговата смрт, Шарл ја оставил неговата немажена 19-годишна ќерка, [[Марија од Бургундија]], како негов наследник; нејзиниот брак ќе има сериозни последици на политичката рамнотежа на Европа. Хабсбуршкиот цар ќе ја обезбеди нејзината рака за неговиот син, идниот [[свет римски цар]] [[Максимилијан I (Свето римско царство)|Максимилијан I]], со помош на маќеата на Марија, Маргарета. Во 1477 година, териториите на [[Војводство Бургундија|Војводството Бургундија]] биле припоени од Франција. Во истата година Марија се омажила со Максимилијан, надвојводата на Австрија, со што на [[Хабсбуршка династија|Хабсбурзите]] им дало контрола врз остатокот од [[Хабсбуршка династија|бургундското наследство]].
 
[[Клод од Лорена]], била [[војвода на Гиз]] од 1528 година па сесè до неговата смрт и се истакнал во битката кај Марињано (1515) и долго се опоравувал од дваестет и двете рани што ги здобил во битката. Во 1521 година, се борел кај [[Фуентерабија]] и [[Луиза Савојска]] му го препишала нему заземањето на местото. Во 1523 станал гувернер на [[Шампања]] и [[Бургундија]], откако ги победил [[Свето римско царство|царските]] војници кои биле испратени да ги заземат тие региони кај [[Нефшато]]. Во 1525 година, ја уништил анабаптистичката [[Селанска војна|селанска војска]], којашто ја имало во голем број во [[Лорена]], кај [[Лупстен]], во близина на [[Саверн]]. Откако Франсоа I се вратил од заробеништво во 1528 година, Клод бил прогласен за војвода на Гиз во [[француското перство]], иако дотогаш само принцевите од кралското семејство ја имале титулата војвода и француски пер. Династијата од Гиз, биле кадети во благородничкото семејство на Лорена и наследници на [[Анжујска династија|Анжујската династија]], барале предност пред [[Династија Бурбони|бурбонските]] принцеви од [[Конде]] и [[Конти]].
 
[[Третиот војвода од Алба]] бил благородник важен за раниот нов век, наречен ”Железниот војвода” од протестантите од [[Ниски Земји|Ниските Земји]] поради строгото владеење и суровост. Приказни за злосторствата направени за време на неговите походи во [[Фландрија]] станале дел од холандскиот и англискиот фолклор, формирајќи го централниот дел од [[Црната Легенда]].
Ред 216:
=== Откритија и трговија ===
[[File:Cantino Planisphere.jpg|thumb|right|[[Картата на светот на Кантино]] (1502 година), најстарата португалска поморска карта, покажувајќи ги резултатите од истражувањата на [[Васко де Гама]] во Индија, [[Кристофер Колумбо|Колумбо]] во Средна Америка, [[Гаспар Кортереал]] во Њуфаундленд и Педро [[Алвареш Кабрал]] во Бразил. Меридијанот од [[Тордесиљас]], кој го дели светот на португалска и шпанска половина е исто така прикажан]]
Времето на [[Големите географски откритија]] било период од раниот 15 и продолжил сесè до 17 век, кога европските бродови пловеле ширум светот во потрага по нови трговски линии и партнери кои ќе го хранат зголемениот капитализам во Европа. Исто така барале нови трговски добра како злато, сребро и [[зачин]]и. Во тој процес, Европјаните сретнале луѓе и ги ставиле на карта земјите за кои претходно не знаеле. Овој фактор во европскиот ран нов век бил од [[Глобализација|глобализаторски]] карактер; ’откривањето’ на Америка и појавата на одржлив контакт помеѓу претходно изолираните делови од светот бил важен историски настан.
 
Потрагата по нови трговски линии се базирала на фактот дека [[Патот на свилата]] бил под контрола на Османлиското Царство, кое било пречка за европските комерцијални интереси, а другите [[источни трговски линии]] не им биле достапни на Европјаните поради муслиманска контрола. Способноста да ги заобиколат северноафриканските муслимански држави било клучно за преживувањето на Европа. Во исто време Иберијците научиле многу од нивните арапски соседи. Северозападниот дел од [[Евроазија]] имал многу долг брег и претрпел најмногу влијание од својата ''[[поморска историја]]'' од кој било друг континент. Европа е убаво сместена помеѓу неколку мориња на кои се плови и на кои имало и многу пловни реки со што се олеснило влијанието морскиот сообраќај и трговија. Во [[поморската историја на Европа]], караките и каравелите го имале [[латинското едро]] со што бродовите подобро маневрирале. Преку преводот на арапските верзии на [[старогрчките географски дела]] на латински, европските морепловци се здобиле со подобро знаење за изгледот на Африка и Азија.
Ред 256:
 
===== Апсолутизам =====
[[Апсолутизам|Ерата на Апсолутизмот]] ја опишува моќта на владетелот како непопречена од останатите институции, како црквите, [[Законодавна власт|законодавството]] или социјалните елити на [[список на моментални монарси|Европските владетели]] при транзицијата од [[список на моментални монарси|феудализам]] на капитализам. Владетелите опишани како апсолутен можат да се најдат од 17 па сесè до 19 век. Апсолутизмот се карактеризира како со крајот на феудалното делење, консолидација на моќта на владетелот, произлегувањето на [[политичка моќ|политичката моќ]], обединувањето на [[државни закони|државните закони]] и намалувањето на влијанието на [[благородништво]]то.
 
===== Француската моќ =====
Ред 294:
Во [[сарацени|сараценската]] сфера на моќ, Османлиското царство, кое го освоило [[Константинопол]] во 1453, и го завзело Египет во 1517 година, основало регенти во [[Алжир]], [[Тунис]] и [[Триполитанија|Триполи]] (помеѓу 1519 и 1551), [[Мароко]] останало единствената независна, арабизирана [[Бербери|берберска]] држава под контрола на Саадитската (Шарифската) династија, кој била основана кон крајот на 13 век.
 
Во Источна Африка, [[Соломоновата династија]] дошла на власт во 13 век и тврдело дека потекнува од кралската фамилија на [[Аксумското царство]]. Соломонците продолжиле да владеат со оваа област во источна Африка со кратки прекини сесè до модерната историја. Во 16 век, Шоа и останатиот дел од [[Абисинија]] биле освоени од силите на [[Ахмед Грањ]] од Адал,и [[Шоа]] потпаднала под муслиманска власт; регионот потоа бил под притисок од народот [[Оромо]], кои во првите децении од следиот век успеале да се населат околу Шоа.
 
===Сефевиди===
[[Сефевидското Царство]] било големо, шиитско, персиско царство по исламското освојување на Персија и утврдувањето на исламот, озачувајќи важни точки од историјата на исламот на истокот. Сефевидската династија била основана околу 1501 година. Од нивната база во Ардабил, Сефевидите успеале да ја освојат цела Персија и го наметнале иранскиот идентите во регионот, со што станале првата домашна династија после [[Сасанидско Царство|Сасанидите]] што успеала да основа обединета иранска држава. Проблем за Сефевидите било моќното Османлиско Царство. Османлиите, сунитска династија, се бореле во неколку кампањи со Сефевидите.
 
Тоа што го засилило подемот на сефевидската економија било локацијата помеѓу големиот број европски цивилизации на запад и муслиманската средна Азија на исток и север. Патот на свилата, којшто поминувал од северните накај источните земји повторно заживеал во 16 век. Владетелите исто така ја поддржувале директната трговија со Европа, особено со Англија и Холандија на кои им биле потребни персиски килими, свила и текстил. Други извозни добра биле коњи, влакна од кози, бисери и хадем-талка (горчлив бадем што не се јаде), кој се користел како зачин во Индија. Главни увезувани добра биле зачин, текстил (волна од Европа, памук од Гуџарат), метали, кафе и шеќер. И покрај нивната пропаст во 1722 година, Сефевидите го оставиле свој белег сесè до денешен ден со основањето и ширењето на шиитската верзија на исламот во големи делови од Кавказот и средна Азија.
 
===Узбеци и авгански Паштуни===
{{main|Узбеци}}
Во 16, па сесè до раниот 18 век, областите на север биле под контрола на [[Узбеци]]те, а најоддалечените источни делови биле под власт на локалните [[Паштуни]]. Помеѓу 15 и 16 век, различни номадски племиња пристигнале од степите, вклучувајќи ги [[Кипчаките]], [[Најманите]], [[Канглите]], [[Унгиратите]], [[Мангитите]] и други и овие племиња биле предводени од [[Мухамед Шејбани]] кој бил [[хан]] на Узбеците.
 
[[Авганските]] Паштуни потекнуваат од династијата [[Хотаки]].<ref name="US State Dept">[http://dosfan.lib.uic.edu/ERC/bgnotes/sa/afghanistan9407.html Afghanistan: History], ''U.S. Department of State'' (retrieved 10 October 2006).</ref> По арапските и туркиските освојувања, паштунските ''[[газии]]'' (воини за верата) ја нападнале и осволе северна Индија за време на династиите [[Лоди]] и Сури. Паштунските сили исто така ќе ја нападнат Персија и ги поразиле противничките сили во битката кај Гулнабад. Паштуните ќе го основаат Дураниското царство.
Ред 374:
===Ерата на разумот и Научната револуција===
{{main|Просветителство}}
Големата дивергенција била олицетворена со [[Просветителство]]то или ”Ерата на разумот”. Просветителството (кое започнува во 1750те) цветало сесè до 1790-1800, кога нагласувањето на разумот почнало да се заменува [[Романтизмот]] и нагласувањето на чувствата како сила против Просветителството.
 
Центар на Просветителството била Франција, каде било основано во салоните и го достигнало врвот во големата ''[[Енциклопедијата|Енциклопедија]]'' (1751-72) изменета од [[Дени Дидро]] (1713-1784), со придонес од водечките филозофи (интелектуалци) како [[Волтер]] (1694-1778) и [[Монтескје]] (1689-1755). Француското Просветителство било примено во Германија и негувано од [[Фридрих II Велики]], [[Кралство Прусија|кралот на Прусија]] и со тоа зацветала [[германската филозофија]], чиј најважен претставник секако е [[Имануел Кант]]. Францускиот и германскиот развој исто така влијаел во [[шкотска филозофија|шкотската]], [[руската филозофија|руската]], [[Просветителство во Шпанија|шпанската]] и [[полската филозофија|полската]] филозофија.