Ралф Валдо Емерсон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Живот, семејство и образование: clean up, replaced: листа на → список на using AWB
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (4)
Ред 30:
Емерсон бил роден во Бостон, Масачусетс на 25 мај 1803 година како син на Рут Хаскинс и отец Вилијам Емерсон, унитаријански свештеник. Тој бил именуван по братот на неговата мајка, Ралф, и прабабата на татко му, Ребека Валдо. Ралф Валдо бил вториот од петте синови кои доживеале зрелост; другите биле Вилијам, Едвард, Роберт Булкели и Чарлс. Трите други деца – Фиби, Џон Кларк и Мери Каролина – умреле во детсвото.
 
Таткото на младиот Ралф Валдо Емерсон починал од рак на стомакот на 12 мај 1811, само две недели пред Емерсон да наполни осум години. Емерсон бил одгледан од неговата мајка, со помош од другите жени во семесјтвото; неговата тетка Мери Муди Емесон имала голема улога во неговиот живот. Таа понекогаш живеела со фамилијата и постојано се допишувала со Емерсон сесè до нејзината смрт во 1863 година.
 
Школовањето на Емерсон започнало во Бостонското школо за латински во 1812 година додека имал девет години. Во октомври 1817, на 14 години Емерсон се запишува на Харвард колеџ и бил назначен за потпарол на претседателот на класот. Кон средината од неговата бруцошка година, Емерсон започнал да води список на книги што ги прочитал, како и дневник во тетратки, кои подоцна ќе ги нарече „Широк свет“. Емерсон започнал да работи како келнер и како повремен учител со неговиот вујко Самјуел во Валтам, Масачусетс. Тој работел за да може да ги покрие своите трошоци за школување. За време на неговата последна година, Емерсон се решил да го користи неговото средно име, Валдо. Емерсон служел како поет на класот; како што и било обичај, тој презентирал песна на денот во својот клас на Харвард, еден месец пред неговото официјално дипломирање на 29 август 1821, кога имал 18 години. Како студент, не се одвојувал од другите и дипломирал со среден просек во клас што броел 59 луѓе.
Ред 43:
Емерсон ја запознал својата прва жена, Елен Луис Такер, во Конкорд, Њу Хемпшир, на Божиќ во 1827 година и се оженил со неа кога таа наполнила 18 години. Тие се преселиле во Бостон, земајќи ја Рут, мајката на Емерсон, да се грижи за Елен, која била болна од туберколоза. За помалку од две години, Елен умира на дваесетгодишна возраст на 8 февруари 1831, откако ги кажала последните зборови: „Не ги заборавам мирот и радоста“. Емерсон бил тешко погоден од нејзината смрт и секојдневно го посетувал нејзиниот гроб во Роксбари. Во неговиот дневник датиран на 29 март 1832, Емерсон напишал: „Го посетив гробот на Елен и го отворив ковчегот“.
 
Втората црква на Бостон го поканила Емерсон да проповеда како помлад пастор и тој бил прифатен на 11 јануари 1829 година. Неговата почетна плата изнесувала 1.200 $ годишно, зголемувајќи сесè до 1,400$ до јули, но со неговата црковна улога тој презел и други одговорности. Тој бил капелан на законодавниот дом на Масачусетс и член на бостонскиот школски комитет. Со црковните работи постојано бил зафатен, иако за време на овој период, со смртта на неговата жена, тој започнал да се сомнева во неговите сопствени верувања.
 
По смртта на неговата жена, тој започнал да не се согласува со методите на црквата и во неговиот дневник вели: “Понекогаш мислев дека за да бидеш добар свештеник, треба да го напуштиш свештенството. Професијата е застарена. Во поинакво време, ние ги возвишуваме мртвите форми на нашите претци.” Неговите несогласувања со официјалните лица на црквата околу начинот на служење на евхаристиската служба дојдоа до таа мера што Емерсон мораше да си даде оставка во 1832 година. Како што тој напиша, „Овој начин на прославување на Христа не ми одговара. Тоа е доволна причина за да го напуштам ова.“
Ред 49:
Емерсон ја обиколил Европа во 1832 година и подоцна пишувал за овој подвиг во „Англискиот карактер“. Тој се качил на бродот „Јаспер“ на Божиќ, пловејќи прво кон Малта. За време на неговото европско патување, тој поминал неколку месеци во Италија, посетувајќи ги Рим, Фиренца, Венеција и други градови. Додека бил во Рим, се сретнал со Џон Стјуарт Мил, кој му дал препорака на Емерсон за да се сретне со [[Томас Карлајл]]. Бил и во Швајцарија и морал да биде одвлечен на сила за да го посети домот на Волтер во Ферни. Тогаш тој заминал за Париз, „гласно модерно место, слично на Њујорк“, и ја посетил градината на цвеќињата. Тој бил фасциниран од организацијата на цвеќињата според системот на класифицирање на Жусие, и начинот на кој сите објекти се поврзани. Како што вели Ричардсон, „Увидот на Емерсон во внатрешната поврзаност на работите во градината на цвеќињата бил момент на визионерски интензитет кој го одделил од теологијата, а го привлекол кон науката“.
 
Одејќи на север кон Англија, Емерсон се запознал со Вилијам Вордсворт, Семуел Тејлор Колриџ и Томас Карлајл. Карлајл особено имал големо влијание врз Емерсон. Подоцна, Емерсон ќе работи за Карлајл како неофицијален книжевен застапник во Америка и во март 1835 година тој се обидел да го убеди Карлајл да дојде во Америка и да предава. Емерсон и Карлајл продолжуваат да си допишуваат сесè до смртта на Карлајл во 1881 година.
 
Емерсон се вратил во Америка на 9 октомври 1833 и продолжил да живее со својата мајка во Њутон, Масачусетс, сесè до октомври 1834, кога се преселува во Конкорд, Масачусетс, да живее со таткото на неговата жена, д-р Езра Рипли. Гледајќи го растежот на лицејското движење, кое одржувало предавања на сите теми, Емерсон се видел себеси како предавач. На 5 ноември 1833, тој го направил првото од она што подоцна ќе бидат околу 1.500 предавања, дискусирајќи за „Користа од природознанието за Бостон“. Ова било пошироко образложување за неговото искуство во Париз. Во ова предавање, тој ги претставил некои од неговите најважни верувања и идеи, кои подоцна ќе ги развие во неговиот прв објавен есеј „Природа“:
{{quote|„Природата е јазик и секој нов факт што се учи е нов збор; но не е јазик кој e растргнат на делови и е мртов во речникот, туку е јазик што сочинува значајна и универзална смисла. Јас посакувам да го научам овој јазик, не за да знам нова граматика, туку за да ја читам големата книга што е напишана на тој јазик.“}}