Рак (болест): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Исхрана и зголемена тежина: Правописна исправка, replaced: пијалоци → пијалаци (2)
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2), се додека → сè додека
Ред 66:
Во нечовечките организми, опишани се неколку видови на пренослив рак, каде ракот се шири меѓу животните преку пренесување на самите клетки на туморот. Овој феномен е забележан кај кучиња со стикеров сарком, уште познат како кучешки пренослив венеричен тумор, и како ѓаволов тумор на лицето кај [[тасмански ѓавол|тасманските ѓаволи]].
== Патофизиологија ==
Ракот е болест на управување на растот на ткивата. За една нормална клетка да се преобрази во канцерска клетка, треба да се променат гените кои го регулираат растот на клетките. Генетските промени можат да се случат на различни начини, од добивање или загуба на цели хромозоми, па сесè до мутација која ќе зафати еден единствен нуклеотид на ДНА. Постојат две пошироки категории на гени кои можат да бидат зафатени од овие промени. Онкогените можат да бидат нормални гени кои се пројавуваат во несоодветно високи нивоа, или променети гени кои имаат нови својства. И во двата случаи, изразувањето на овие гени го унапредува малигнениот фенотип на канцерските клетки. Тумор супресорните гени се гени кои ја спречуваат поделбата на клетките, опстанокот или другите својства на канцерските клетки.. Тумор супресорните гени се често оневозможени од промените кои се случуваат заради развојот на канцер. Типично, промените во многу гени се оние кои ја менуваат обичната клетка во канцерска.
Постојат многу начини на класификација за различните промени во геномот кои можат да допринесат за создавање на генерација на канцерски клетки. Повеќето од овие промени се мутации, или промени во нуклеотидната секвенца на геномската ДНА. Анеуплодија, односно присуство на ненормален број на хромозоми, е една од геномските промени кои не се мутации, и може да вклучува или придобивање или губење на еден или повеќе хромозоми преку грешки во митозата.
Мутациите од поголем размер вклучуваат бришење или придобивање на дел од хромозомот. Геномско засилување се случува кога клетката ќе прими преголем број копии (често 20 или повеќе) од еден мал хромозомски локус, кој вообичаено содржи во себе еден или повеќе онкогени и соседен генетски материјал. Транслокација се случува кога два одделни хромозомски региони стануваат неприродно поврзани, често на карактеристично место. Добро познат пример за ова е хромозомот „Филаделфија“, односно транслокацијата на хромозомите 9 и 22 која настанува при хронична миелогена леукемија и резултира со создавање на БЦР-АБЛ фузискиот протеин, онкогенска тирозин киназа.
Малите мутации вклучуваат точкести мутации, бришења и вметнувања, кои можат да се случат во промотерот на генот и да влијаат врз неговото изразување, или во кодираната секвенца на генот и да ја променат функцијата или стабилноста на неговиот протеински производ. Нарушувањето на еден единствен ген може да биде резултат на интегрирање на геномскиот материјал од вирусна ДНА или ретровирус, а ова може да доведе до изразување на вирусните онкогени во заразените клетки и нивното потомство.
Се што се множи (живи клетки) најверојатно ќе настрада од грешки (мутации). Освен ако поправањето и превенцијата на грешката не се извршат правилно, грешките ќе преживеат, и постои можност да се пренесат на клетките-ќерки. Нормално, телото се заштитува себеси од рак со неколку методи како апоптоза, помошни молекули ( ДНА полимерази) итн. Сепак овие методи на исправање на грешките не се секогаш успешни, особено во средини кои го олеснуваат правењето на грешки. На пример, таква средина може да вклучува присуство на штетни супстанции наречени карциногени или периодични повреди (физички повреди, жештина итн.), или средини во кои клетките не можат да опстојат, како хипоксијата. Значи, ракот е прогресивна болест, и овие прогресивни грешки полека се наталожуваат сесè додека клетката не почне да дејстува спротивно на својата функција во организмот.
Најчесто грешките што го предизвикуваат ракот се зголемуваат сами по себе, за да се наталожат со експоненцијална брзина. На пример:
* Мутација во механизмот за поправање на грешките во една клетка може да доведе до побрзо таложење на грешките во таа клетка и нејзините деца.
Ред 123:
 
== Историја ==
Хипократ (460 г. п.н.е – 370 г. п.н.е) опишал неколку видови на рак, нарекувајќи ги, меѓу другите, со грчиот збор „карцинос“ (рак или речен рак). Името доаѓа од изгледот на пресекот на цврст малигнен тумор, со „вените раширени на сите страни исто како нозете на животното, на ракот, и оттаму неговото име“. Бидејќи било против грчката традиција да се отвора телото, Хипократ ги опишувал и цртал само оние видливи тумори на кожата, носот и градите. Лекувањето се засновало врз теоријата за четирите телесни течности (црна и жолта жолчна течност, крв и слуз). Според овие течности, лекувањето се состоело од начин на исхрана, испуштање на крв, и/или лаксативи. Низ вековите, било откриено дека ракот може да се појави каде било во телото, но лекувањето засновано врз теоријата за четирите телесни течности останала популарна сесè до 19 век, кога биле откриени клетките.
Целс (Келсос, 25 г. п.н.е- 50 г. од н.е.) го превел „карцинос“ во латинскиот „канцер“ со истото значење- рак. Гален (втор век од н.е.) почнал бенигните тумори да ги вика „онкос“, според грчкиот збор за отекување, а хипократовиот „карцинос“ го користел за малигните тумори. Подоцна го додал и суфиксот „-ом“, грчки збор за отекување, добивајќи го името „карцином“.
Најстариот познат опис на хируршко лекување на ракот е откриено во Египет и датира 1600 години пред нашата ера. На папирус се опишани 8 случаи на чиреви на градите кои биле лекувани со каутеризација, со алатка наречена „огнена дупчалка“. Натписот за оваа болест вели дека е неизлечива.