Преспа: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 2 години
с
→‎Историја на регионот: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
[проверена преработка][проверена преработка]
с (→‎Хидрографија: Правописна исправка, replaced: км² → км<sup>2</sup> (2))
с (→‎Историја на регионот: Правописна исправка, replaced: се до → сè до)
Во [[6 век|VI]] и [[7 век|VII]] век во Преспа се населуваат словенски племиња од племенскиот сојуз [[Березити]] - [[Брсјаци]].
[[Податотека:Yankovets Selianka.jpg|мини|десно|исправено|Жена од Јанковец во народна носија, Горна Преспа, почеток на XX век]]
Во [[10 век|X]] и [[11 век|XI]] век, за време на владеењето на [[Цар Самуил|Самуил]], [[Гаврило Радомир]] и [[Јован Владислав]] се спомнува покрај Преспанското Езеро градот Преспа, престолнина на првата средновековна македонска држава. Овој град истовремено бил седиште и на архиепископот на Афтокефалната македонска црква, чие седиште подоцна е пренесено во [[Охрид]]. Овде е основана и првата држава на македонските Словени под водство на синовите на кнезот Никола, четворицата комитопули: Давид, Арон, Мојсеј и Самуил. Најмладиот Самуил бил прогласен за цар. Успешно владеел со првата македонска држава. Самоиловото царство се протегало од Македонија и цела Бугарија на исток, [[Тесалија]], [[Епир]] и Албанија на запад, до [[Дукља]], [[Рашка]], [[Срем]] и [[Босна]] на север. Владеел од [[976]] год до [[1014]] год. Таа година бил поразен од византискиот цар [[Василиј II]] во битката на Беласица. На 14.000 заробени војници им биле извадени очите, секој стоти имал по едно око, Царот Самоил ги пречекал во Преспа и скршен од болка умира на [[6 октомври]] [[1014]] год. Државата опстојувала сесè до [[1018]] год. Во тој период Царот Василиј II ја изградил тврдината [[Василида]] на Петринска планина над с. [[Евла (Ресенско)|Евла]] и Константион покрај западниот дел од Преспанското Езеро покрај населбата [[Сирхан (Отешево)|Сирхан]].
 
Во [[1888]] година во селото Герман, Долна Преспа, сега во Република Грција, пронајдена е надгробната плоча на Самуиловите родители, неговиот татко Никола - брсјачки кнез, мајка му Рипсимија и братот Давид, а датира од [[993]] година. Тоа е еден од првите пишувани споменици на словенски јазик. Моментално се наоѓа во Софискиот музеј, највероватно пренесен во виорот на војните. Од тој период на островот Ахил, во малото Преспанско Езеро, сѐ уште постојат остатоци од Катедралната црква подигната од Самуил во чест на [[Св. Ахил]].