Политика на САД: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка (2) using AWB
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до , се додека → сè додека (2)
Ред 44:
===Совет-Менаџер===
Градскиот менаџер е одговорно лице за зголемувањето на комплексноста на урбанистичките проблеми на кои им треба способно управување кое честопати не е во сопственост на избраните јавни функционери. Одговорот на ова е да се довери поголемиот дел од извршната власт, вклучувајќи го и спроведувањето на законите и обезбедувањето на услуги, на градски менаџер кој е обучен и искусен професионалец.
Планот за градски менаџер е усвоен од поголемиот дел од граѓаните. Според овој план, избраниот совет ги составува законите на градот и ја спроведува политиката, но ангажира и платен администратот кој е наречен градски менаџер за да ги спроведува одлуките. Менаџерот изготвува градски буџет и ги надгледува поголемиот дел од секторите. Најчесто, нема определен мандат за него, менаџерот служи сесè додека советот е задоволен од неговата/нејзината работа.
 
===Власта во окрузите===
Ред 76:
Едно лице може да избере да присуствува на состаноците на еден локален партиски комитет еден ден, а следниот ден да учествува на друга партиска комисија. Единствен фактор што ги носи за една ,,акција поблиску” е квантитетот и квалитетот на учеството во партиските активности и способноста да ги убедат другите да доделуваат одговорности.
Идентификацијата на партијата на некој начин станува формализирана кога едно лице се бори за партиска функција. Во повеќето држави, тоа значи дека себеси се прогласува за кандидат при номинациите од одредена партија и се обидува да влезе во првичните избори за претставник на таа партија. Партискиот комитет може да избере да го подржи еден или друг кандидат од оние кои бараат номинација, но на крајот сепак се се сведува на оние кои гласаат, и често е тешко да им се каже што да прават при гласањето.
Резултатот е тоа што американските политички партии имаат слаба централна организација и малку централна идеологија, освен по пат на консензус. Партијата не може да го спречи некое лице кое не се согласува со поголемиот дел од позициите во партијата, или кое активно работи против целите на партијата, да се кандидира за членство, сесè додека гласачите кои се одбрани да гласаат на прелиминарните избори го избираат тоа лице. Ако еднаш влезе во канцеларија, избраното лице може да ја промени партијата едноставно ако изјави дека таква му е намерата.
На федерално ниво, секоја од двете големи партии има национален комитет кој работи како центар за собирање на финансиски средства, особено во претседателските кампањи. Точниот состав на овие комисии е различен за секоа партија, но тие претежно се составени од претставници од државните партии и придружните организации и од други важни партии. Сепак, националните комитети немаат моќ за директно насочување на активностите на членовите на партијата.
Двете партии исто така имаат и посебни комитети за кампањи, кои работат на одбирање на кандидати на одредено ниво. Најзначајни од нив се Хил комисиите, кои работат на избирање на кандидати за секоја од домовите на Конгресот.
Ред 92:
Повеќето официјални лица во Америка избираат по еден член од единиците и добиваат канцеларии со победа над своите противници во систем за утврдување на победниците кој се нарекува прв-последователен-последен, а оној кој ќе го добие мнозинството ќе победи. Ова го охрабри двопартискиот систем. Во отсуство на повеќето членови во конгресните окрузи, можна е пропорционалсна застапеност и третите партии не можат да напредуваат. Иако на изборите во Сенатот се избираат по двајца сенатори по изборна единица (држава), а скалестите мандати ефективно резултираат со по една изборна единица на изборите за Сенатот.
 
Друг критичен фактор е пристапот кон гласачкото ливче со закон. На почетокот, гласачите кои излегуваа на избори јавно кажуваа кој кандидат го подржуваат. Подоцна ова се разви во процес каде што политичката партија создава свое гласање и на тој начин глсачот своето гласачко ливче на партијата го става во гласачка кутија. Во доцниот XIX век, државите започнаа да го усвојуваат Австралискиот метод на тајно гласање, а тоа на крајот стана и стандардно во САД. Методот на тајно гласање гарантира дека приватноста на граѓаните ќе биде загарантирана и секоја држава посебно ќе биде одговорна за креирање на официјално гласање. Фактот дека државните законодавни тела беа доминирани од страна на демократите и републиканците им даде шанса на овие партии да ги усвојат дискриминирачките закони против малите политички партии, но таквите закони не се појавиа сесè до првото Ред Скеар што ја погоди Америка по Првата светска војна. Законодавството почна да донесува тешки закони кои им ја отежнаа шанската на помалите политички партии да кандидираат кандидати за функции со барање на потписи за петиција од граѓаните и намалување на времето за кое таа петиција може да се прошири.
Исто така треба да се напомене дека и покрај тоа што често не го прават, сепак партиските членови се редат во линија и ги подржуваат политиките на нивната партија, тие се слободни да гласаат и против нивната партија и да гласаат за опозицијата ако тоа го сакаат.
Во Америка, истите политички етикети (Демократите и Републиканците), ги покриваат речиси сите области, и затоа повеќето од гласачите се мобилизирани ви име на овие две партии, вели Нелсон Б. Полсби, професор по политички науки, во книгата Нови Федералистички Трудови: Есеи во одбрана на Уставот. Сепак, демократите и републиканците не се исти насекаде. Варијации во 50 политички култури на државите даваат значителни разлики во севкупното она што значи да се биде, или да се гласа за демократите или републиканците. Овие разлики покажуваат дека се може да биде оправдано осврнувајќи се на американскиот дво-партиски систем како маска за нешто повеќе од сто-партискиот систем.