Охридска архиепископија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (3)
Ред 31:
Во XIII век се појавила една сосема нова теорија за името и за правната положба на Охридската архиепископија според која Архиепископијата е исто што и некогашната [[Архиепископија на Јустинијана Прима]], па затоа и привилегиите издадени од [[цар]] Јустинијан во 11 и 131 новела на [[Архиепископијата на Јустинијана Прима]] важат и за Охридската архиепископија. Оттогаш и меѓу византиските историчари од тоа време се формира мислењето дека потеклото на Охридската архиепископија се основа на 11 и 131 јустинијанова новела. Според Цахарие оваа теорија ја измислил некој клирик од Охридската архиепископија. Х. Гелцер изнел свое мислење, според него, таа се појавила некаде во средината на XII век, во времето на охридскиот архиепископ [[Јован Комнин]]. До таков заклучок дошол бидејќи Јован е прв од охридските архиепископи кој се потпишувал со титулата Архиепископ на Јустинијана Прима. Веќе [[1157]] година постои негов потпис.
 
Б. Проќиќ истакнува дека се наоѓа и еден податок во кој се зборува за новата теорија, во која се вели дека по освојувањето на Охридското царство во 1018 година царот [[Василиј II]] Oхридската архиепископија ја утврдил како автокефална, бидејќи од уредбите, т.е. од 11 и 131 новела на [[цар]] [[Јустинијан I]], дознал дека Охридската архиепископија е исто што и [[Архиепископијата на Јустинијана Прима]]. Иако поновата теорија била измислена да се прикаже високото византиско потекло на Охридската архиепископија сепак нејзините архиепископи никако не сакале да се подложат под јурисдикција на вселенскиот патријарх во [[Цариград]], туку жестоко ја бранеле автокефалноста на Архиепископијата. Покрај тоа, тие нагласувале дека Охридската архиепископија ја издигнал на степен самостојна и независна црква [[Јустинијан I]] и тоа од римскиот папа, под чија јурисдикција била сесè до [[535]] година.
 
=== Црковни почетоци ===
Ред 55:
Македонската држава добила македонска црква, што довело до создавање на две посебни патријаршии,<ref name="повепа"/> македонска и бугарска. Македонскиот патријарх во 998 е [[Герман (охридски архиепископ)|Герман]] <ref name="Standard News 2001"/>, а на бугарскиот патријаршки преславски престол седи [[г.г. Глигориј]]<ref>(''Църковен Вестник'', Издание на Българската Православна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, наслов: [http://synpress.bglink.net/09-2003/patriarsi.htm “Българските патриарси през Средновековието”] Александра Карамихалева)</ref>. Под јурисдикција на Охридската патријаршија се наоѓаат Тесалија, Епир, Албанија, Дукља, Травунија, [[Захумје]], Рашка, Босна, Срем и подунавска Бугарија.<ref name="повепа" Во сѐ уште непознат временски период, Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија и ја сведува на ниво на митрополија Бугарија<ref>види титула на бугарскиот поглавар</ref>, па патријархот г.г. Глигориј се упокојува во [[1016]] година како „митрополит Бугарски“ [http://bulch.tripod.com/boc/saints.htm Православен календар на БПЦ] и како таков се слави од [[Бугарска Православна Црква|БПЦ]]. По укинувањето на [[Преславска патријаршија|Преславската патријаршија]], Охридската патријаршија својата јурисдикција ја распостила врз сите освоени територии на средновековната македонска држава, меѓу кои [[Малта]] и [[Сицилија]].
 
По пропаста на средновековната македонска држава, [[Василиј II]] ја инкорпорира Македонија во Византиското Царство, ги срушил световните и духовните обележја на средновековната македонска држава за народот да не се сеќава на славните времиња и затоа Македонија ја нарекува [[тема Бугарија]], заедно со [[Србија]], [[Албанија]], [[Црна Гора]], [[Панонија]], па сесè до [[Срем]]. Охридската патријаршија не ја уништува, туку и го намалува рангот на Автокефална Охридска aрхиепископија и дијацезата и ја намалува само на териториите од византиската тема Бугарија. Така, Охридската aрхиепископија станува главна црковна организација на „цела тема Бугарија“, односно на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Од тогаш, охридскиот архиепископ се титулирал како архиепископ на цела византиска тема Бугарија, со епархии во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.
 
=== XII и XIII век ===
Ред 81:
=== XIII - XVII век и укинување ===
[[Податотека:Paintings in the Church of the Theotokos Peribleptos of Ohrid 0227.jpg|мини|десно|[[Константин Кавасила]], охридски архиепископ од 1250-1263]]
По обновувањето на Бугарското царство во [[1185]] година, од Охридската архиепископија се издвоиле епископиите од Бугарија, формирајќи ја Трновската патријаршија. За време на владеењето на [[Добромир Хрс]] и кнежевството на Стрез од [[1185]] па сесè до [[1214]] година, тие имале потполна поддршка од Охридската архиепископија. Во [[1218]] година покрај Трновската патријаршија, се издвоила и Рашката епископија, така што се формирала Српската архиепископија. Од [[1230]] до [[1280]] година Охридската архиепископија изгубила голем дел од својата територија, која подоцна повторно ги повратила. За време на овој период Охридската архиепископија ја зачувала својата автокефалност и угледност. Архиепископот Никола, во [[1346]] година, учествувал на прогласувањето на српскиот архиепискот за патријарх и крунисување на Душан за цар.
 
Со паѓањето на Охрид и Македонија под Османлиска власт, Трновската и Пеќската патријаршија биле укинати, додека Охрдиската архиепископија продолжила да постои. Во тој период одиграла голема улога во зачувувањето на христијанството и била духовна поткрепа за македонскиот народ. Манастирите и црквите биле образовни центри, каде се негувала македонската писменост и култура, македонската варијанта на црковно словенскиот јазик од кој подоцна се развива македонскиот народен говор.