Орландо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Предевропска историја: Јазична исправка, replaced: археолошки локалитети → археолошки наоѓалишта
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2)
Ред 11:
Локалната легенда вели дека името Орландо потекнува од некој војник по име Орландо Ривс кој загинал во оваа област за време на Втората војна во Флорида (позната како Семинолска војна). Постојат спротивставени легенди, според кои Орландо Ривс (понекогаш познат и како Рис) управувал со фабрика за шеќер и плантажа на околу 30 милји (50 км) на север во Спринг Гарден во округот Волусија. Првите доселеници го пронашле неговото име врежано во дрво како “Орландо Акоста” и претпоставиле дека тоа е местото на неговиот гроб. Областа ја нарекувале “Гробот на Орландо” а подоцна само Орландо. Според некои пишани докази, Орландо Акоста бил војник, но повеќето детали од неговиот живот се непознати. Споменик кој се наоѓа покрај реката Еола го означува местото каде што загинал истоименикот на градот.
Друга позната локална легенда вели дека градот го добил своето име според еден од главните ликови во една од драмите на Шекспир. Една од главните улици во центарот на Орландо е наречена Росалинд авенју според Росалинд, хероината во истата драма од Шекспир.
За време на Втората војна во Флорида во 1838 година, армијата на САД постави стража во Форт Гатлин на неколку милји јужно од центарот на градот, но за многу кратко време беше напушена кога на војната и дојде крајот. Повеќето од првите доселенци не пристигнале сесè до Третата војна во Флорида во средината на 19 век. Многу од правобитните жители живееле одгледувајќи добиток.
== Основање ==
Откако во 1845 година беше поделен округот Москито, Орландо стана седиште на новиот округ Оринџ во 1856 година. Тој остана рурална област за време на Граѓанската војна и претрпе многу голема штета за време на блокадата на унијата. Ерата на реконструкција придонесе за нагло зголемување на бројот на населението, што доведе до основање на градот Орландо на 31 Јули 1875 година, кој потоа стана метропола во 1885 година.
Ред 34:
Торнадата обично не се поврзани со силните електрични бури кои настануваат на лето. Двете најголеми торнада во историјата на областа кои се случија во февруари се торнадото од 1998 година кога загинаа 42 лица, и во тоа во 2007 година кога загина 21 лице.
= Облакодери =
Орландо има вкупно 71 облакодер. Поголемиот дел од нив се наоѓаат во центарот на градот а останатиот дел се наоѓаат во туристичката област југозападно од центарот на Орландо. Ниту еден облакодер во центарот на Орландо не беше повисок од 134 метри, сесè до 1988 година кога беше изграден Сантраст центарот. Никогаш не беше изнесена официјалната причина за тоа, но градските архитекти шпекулираат дека тоа е поради ограничувањата наметнати од страна на Сојузната воздухопловна управа и поради тоа што Извршниот аеродром на Орландо се наоѓа на 6 км источно од центарот на Орландо.
= Демографија =
Во 2010 година во Орландо имаше 121 254 домаќинства од кои 15,4 % беа празни. Почнувајќи од 2000 година, 24,5 % од домаќинствата имаа деца под 18 годишна возраст кои живееја заедно со нив, а 32,4 % беа само брачни двојки. 15,4 % од домаќинствата имаа женски сопственик, а 47,6 не беа семејства. Просечната возраст беше 33 години. На секои 100 жени, 94,0 беа мажи. Во 2000 година, просечниот годишен приход на едно домаќинство во градот изнесуваше 35 732 долари, а просечниот годишен приход на едно семејство изнесуваше 40 648 долари. Мажите имаа просечен годишен приход од 30 866 долари, а од друга страна пак, жените беа со просечен приход од 21 216 долари годишно. Околу 13,3 % од семејствата и 15,9% од населението се наоѓаа под линијата на сиромаштијата, вклучително и 27,0 % од оние под 18 години и 12,6 % од оние кои се на 65 годишна возраст или постари.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Орландо