Око: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Еволуција на окото: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 7:
[[Податотека:Dragonfly eye 3811.jpg|thumb|десно|200px|Сложените очи на [[Вилинско коњче|вилинското коњче]].]]
 
Кај еволутивно најпримитивните животни, [[сунѓери]], не постојат очи како органи. Возрасните [[сунѓери]] се силни организми кои имаат филтрирачки начин на [[исхрана]] и во нивниот живот фоторецепцијата нема голема улога. Младите сунѓери и [[Ларва|ларвите]] се подвижни организми и ним сетилото за вид им е повеќе потребно, иако сесè до неодамна се сметало дека ни ларвите на сунѓерот немаат очи. Со експериментите на осветлување на ларвите, докажано е нејзиното бегање од осветлувањето (тоа понатаму водело до откривање на фоторецепторите групирани на едниот крај на ларвата, опколени со трепките кои ја раздвижуваат ларвата). Кај останатите без‘рбетници, очите по правило се развиени. Исклучок прават [[паразит]]ски облици или организми во најголемите морски длабочини, но повеќето животни за кои би се рекло дека немаат очи, тие ги имаат. Така, очи постојат кај [[инсект]]ите, [[ракови]]те, [[пајак]]от, но и кај [[Медуза|медузите]], [[планарија]]та и [[школки]]те.
 
Постојат разлики меѓу очите на одделни групи животни. Во прв ред, очите можат да бидат прости, односно изградени од една фоторецепторна [[клетка]] опкружена со потпорни клетки или сложени, кога има систем од повеќе рецепторни клетки кои се интегрираат во процесот на примање на дразби. Повеќето прости очи служат само за детектирање на светлина, но кај некои организми (пајаци и некои [[Гасеница|гасеници]]) овие очи создаваат и слики. Сложените очи се едни од важните карактеристики, изградени од многу [[Фацета|фацети]] (мало просто око), по кои се одликуваат инсектите. Иако често се смета дека секоја фацета создава сопствена слика и дека [[инсекти]]те гледаат умножено, оваа ситуација е ретка - најчесто е во прашање добра координација на фацетата која овозможува создавање на слика од голем агол на гледање и голема резолуција во [[мозок]]от. Фоторецепцијата има голема и важна улога во секојдневието кај животните. Кај животните кои зависат од сетилото за вид во потрагата по храна, очите се добро развиени. Најразвиени се очите кои ги поседуваат [[главоноги]]те и [[‘Рбетници|‘рбетниците]]. Во овие две групи на животни, очите низ различни еволутивни патеки доаѓаат на исто решение на градба и функционирање на органите за вид.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Око