Новогодишна ноќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Србија: Правописна исправка, replaced: пијалоци → пијалаци
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (4), се додека → сè додека
Ред 65:
 
=== Русија ===
Повеќето Руси ја дочекуваат Новогодишната вечер со нивните фамилии или со блиските пријатели. Потеклото на оваа прослава во [[Русија]] е различен од христијанскиот празник Божик. Божик беше голем празник во Русија сесè додека не беше забранет заедно со другите религиозни празници од Комунистичката партија. За да се компензира неславењето на Божик, Нова година била славена слично како денот на Рождеството Христово само без религиозниот аспект на празникот. Дури и после распадот на [[СССР]], Нова година се слави во Русија и стана традиција.
 
Прославата обично започнува неколку часови пред полноќ и вообичаениот поздрав е: „Поздрави ја старата година“, памтејќи ги најважните моменти во изминатите дванаесет месеци. Пет минути пред полноќ, повеќето граѓани го следат новогодишното обраќање на Претседателот пренесуван на ТВ екраните или да се следи популарното шоу „Плав огномет“, но традиција е и да се очекува звонењето на часовниот од Кремељ кој е пренесуван преку радијата и ТВ станиците.
Ред 78:
Низ регионот, особено на просторот на бившите Југословенски републики, [[Белград]] е познат како место на кое се одржуваат големи забави, концерти и случувања. Во поскоро време стана традиција голема група на Словени да го посетуваат својот стар главен град и да го прославуваат почетокот на Новата година. Особено во текот на 90-тите , уличните прослави се претворија во масовни собири на кои присуствуваат стотици илјади граѓани, прославувајќи ја Новата година на неколку локации низ Белград.
 
За време на мандатот на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ собирите добиваа и силна политичка конотација. Од 2000 година градот Белград секоја година организира неколку концерти со голем број домашни и интернационални изведувачи на поголемите Белградски плоштади. Концертите започнуваат рано навечер и траат сесè до раните утрински часови. Обично се организираат посебни концерти за младите и посебни за постарите.
 
Полноќ е обележан со огромен број огномети испукани од соодветни места. На 1 јануари улицата Светогорска е затворена за сообраќај и се користи за фестивалот „Улица на отворено срце“, се служат храна и пијалаци и се изведуваат разни претстави на отворено , додека семејствата со децата како и политичарите (најчесто и претседателот) се шетаат низ улицата.
Ред 161:
Централната прослава се одржува на плоштадот „Тајмс сквер“ во [[Њујорк]]. Новогодишната вечер е настан кој е прославен со формални забави и семејно ориентирани активности. Новогодишниот ден е јавен празник во [[САД]]. Во текот на последните 100 години спуштањето на „Топката“ на Тајмс Сквер во [[Њујорк]] е пренесувано низ цела Америка па дури и пошироко и е голем дел од прославувањето на Новата година. Кристалната Топка тешка 5,368 килограми и со дијаметар од 3,7 метри се спушта полека со почеток во 11 часот и 59 минути за да го допре дното на својата кула 60 секунди подоцна, точно на полноќ.
 
Од 1981 па сесè до 1988 градот спуштал големо јаболко во знак на неговиот прекар „Големото јаболко“. Слични спуштања на топки има и во другите американски градови. Овој обичај е инспириран од временскиот сигнал кој бил даван точно на пладне на пристаништата. Од 1972 па до сега (со исклучок во 2005) Дик Кларк е домаќин на телевизиското емитување на настанот наречен „Новогодишната вечер на Дик Кларк“ прикажано на телевизиската мрежа АБЦ, а сега е преименувано во „Новогодишната вечер на Дик Кларк со Рајан Сикрест“ за дочекот на 2009 со тоа што Рајан Сикрест ги презема водителските должности. На 31 Декември 1999 шоуто било интегрирано во „АБЦ 2000 Денес“ со Дик Кларк вршејќи репортажа за време на емитувањето на „АБЦ 2000“ со претставување од страна на Питер Џеннигс кој кажал дека многумина нема да сметаат дека ова е Нова година доколку Дик Кларк не го врши одбројувањето.
 
Помеѓу 1951 и 1976 Бен Гауер бил познат по својот пренос на Новата година во живо од Тајмс Сквер во [[Њујорк]]. Од 1956 до 1976 на телевизиската мрежа ЦБС, Гај Ломбардо и неговите Кралски Канаѓани ги забавуваа САД од собата за бал на хотелот Волдорф - Асторија сместен на авенијата Парк. По смртта на Ломбардо во 1977, Кралските Канаѓани продолжиле на ЦБС сесè до 1978 година и шоуто „Среќна Нова година“ ги смени во 1979 продолжувајќи сесè до 1995.
 
Песната ''Auld Lang Syne'' станала популарна песна која се пее на полноќ на Новогодишната вечер, со тоа што верзијата на Ломбардо е стандардна. НБЦ исто така е домаќин на емитувањето на прославувањето на Нова година, традиционално, водителите на доцните шоуа на таа мрежа вршат пренос на специјални изданија на нивните регуларни шоуа (вклучувајќи и специјално одбројување специфично за централната часовен појас на шоуто на Конан О’Брајан), но од 2005 мрежата се одлучила за специјално издание наречено „Новогодишната вечер со Карсон Дејли“. Фокс, ''CNN'' и Фокс Каналот за Вести исто така имаат свои специјални емисии за Нова година.