Микеланџело Буонароти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Статуата на Давид: Правописна исправка, replaced: 17тиот век → 17 век using AWB
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (3)
Ред 2:
'''Микеланџело ди Лудовико Бонароти Симони''' ({{lang-it|Michelangelo di Lodovico Buonarroti Simoni}}; [[6 март]] [[1475]] – [[18 февруари]] [[1564]]), попознат само како Микеланџело — [[италија]]нски ренесансен [[вајар]], [[сликар]], [[архитект]], [[поет]] и инжинер кој имал големо влијание врз развојот на западната уметност. И покрај тоа штo направил неколку „излети“, надвор од уметноста, неговата разновидност во дисциплните со кои се занимавал била толку уникатна, што се смета за еден од моделите на тоа како еден уметник на ренесансата треба да изгледа, заедно со неговиот пријател [[Леонардо да Винчи]].
 
Микеланџело, за време на неговиот живот, се сметал за еден од најголемите уметници, и оттогаш па сесè до денес останал да биде еден од најталентираните луѓе на сите времиња. Многу од неговите дела, било да се работи за вајарството, сликарството или архитектурата, се едни од најпознатите дела кои некогаш постоеле. Неговото творештво, во секое поле на уметноста, за време на неговиот долг живот е огромно, вклучувајќи ги тука и дописките, скиците и спомените кои се зачувани како дел од него. Според ова тој е најдокументиран уметник во 16 век. Две од неговите најпознати дела, „Оплакување“ (Pieta) и „Давид“, биле извајани пред Микеланџело да наполни 30 години. И покрај неговото дистанцирње од уметноста и сликањето, тој ги насликал двете највлијателни дела во фрескосликарството во историјата на западната уметност, и тоа сцени од „[[Создавањето на Адам]]“ на таванот и „Страшниот суд“ на ѕидот над олтарот од Систинската капела во Рим. Како архитект Миекланџело започнал да работи во стилот на маниризмот во Лаврентијската библиотека. На 74 годишна возраст, тој ја добил работата на Антонио ди Сангало, помладиот, како архитект на базиликата Свети Петар, па направил неколку промени во архитектонскиот план. Западниот дел бил завршен според новиот план, а куполата била завршена дури по смртта на Микеланџело, со неколку измени.
 
Уште една работа која зборува за уникатноста на Микеланџело е фактот кој вели дека тој бил првиот уметник чија биографија била издадена уште додека бил жив. Всушност, две биографии биле издадени за време на неговиот живот. Едната била напишана од Џорџо Васари, истакнувајќи дека Микеланџело претставува врв на сите уметнички достигнувања од почетокот на ренесансата, став кој ја задржал својата важност векови подоцна. Го нарекувале „Il Divino“, што во превод значи божевствен. Еден од неговите квалитети на кој најмногу му се восхитувале неговите современици била неговата “teribilita”, способност на препознавање и умешност кои предизвикуваат стравопочит. Многу од уметниците се обиделе да го имитираат тој негов страсен и специфичен стил, кој подоцна ќе претставува зачеток за Маниризмот, следното главно уметничо движење на западот, по ренесансата.
Ред 101:
Неколку млади момчиња мудро ја искористиле слабоста на Микеланџело.Во 1532 година, тој му напишал љубовна поема на Фебо ди Поџи, кој возвраќајќи му со шарм и посветеност, се обидел да извлече пари од него. Една година пред тоа, Герардо Перини бесрамно крадел од Микеланџело. Уметникот се обидувал на секој начин да ја заштити својата приватност. Николо Квартези кој му бил пријател на Микеланџело имал отоврено работилница. Еден од вработените таму, сакајќи да го запише својот син во школата на Микеланџело, му посочил дека е навистина талентиран, ветувајќи му дека ако треба ќе биде добар и во кревет. Микеланџело со гадење го одбил, барајќи од неговиот пријател Квартези, веднаш да го отпушти тој човек.
 
Највпечатливи се писмата во кои Микеланџело ја искажува љубовта кон Томазо де Кавалјери (1509 – 1587 година), кој имал само 23 години кога го, во 1532 година, запознал уметникот кој тогаш имал 57 години. Ниту Кавалјери не го криел воодушевувањето кон Микеланџело – „ Ветувам дека ќе ти ја возвратам љубовта. Никогаш претходно не сум сакал некого онака како што те сакам тебе, никогаш така силно не сум копнеел по пријателство како што копнеам за твоето...“ Тој му останал верен на Микеланџело сесè до крајот на животот.
 
Микеланџело напишал повеќе од триста сонети и мадригали. Најголемиот дел од поемите биле посветени на Кавалјери. Некои од современите коментатори изјавуваат дека нивната врска била чиста платонска привлечност, посочувајќи ја можноста дека Микеланџело на него гледал како на свој син. Сепак, хомоеротската природа на нивната врска била добро позната во тој период, иако правнукот на Микеланџело, Микеланџело помладиот, се обидел да ја прикрие вистината, објавувајќи изданије од дел од поезијата на неговиот прадедо, во 1623 година, менувајќи го родот на заменките во поемите. Британскиот поборник на хомосексуалноста, Џон Адингтон Симондс, ја расветлит вистината која Микеланџело помладиот се обидел да ја скрие, преведувајќи ги оригиналните сонети на англиски јазик кои ги објавил заедно со биографија од два тома во 1893 година.
Ред 112:
:: кои без да направат никакво движење го поместуваат целиот мој свет..“
:: - ( превод на Мајкл Саливан )
Во поодминатите години, Микеланџело гаел огромна љубов за маркизата Виторија Колоња, која била поетеса, чиј сопруг бил починат. Тие двајца се запознале во Рим некаде помеѓу 1536 и 1538 година, кога Виторија имала околу четириесетина години. И двајцата пишувале сонети кои си ги посветувале еден на друг. Останале во постојан контакт сесè до нејзината смрт. Кондиви потстетувајќи се на Микеланџело, изјавил дека единствено нешто за кое уметникот се каел до крајот на животот, е што никогаш не успеал да го бакне лицето на Виторија, онака како што и ги бакнувал рацете.
 
Сигурни докази за тоа дали Микеланџело имал емотивно физички врска не постојат, (Кондиви го опишува како „девствен монах“), меѓутоа неговата поезија и визуелната уметност, вклучувајќи ги тука сите скултури, статуи и слики кои ги создал, доволно говорат за опсегот на неговата фантазија.