Масовни медиуми: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Радио: Јазична исправка, replaced: Хемисфера → Полутопка
с →‎Радио: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 13:
Кај радио-телеграфијата брановите се испраќаат на идентичен начин како што се пишуваат во телеграфска порака со точки и цртички. Во тоа време, предавателите биле нарекувани „пали-гаси машини“, а биле употребувани во комуникацијата на бродовите меѓу себе и со копното. Американската морнарица прва ја употребила оваа технологија во 1899 година, а две години подоцна создала комплетен безжичен систем, испраќајќи ги гулабите „во пензија“. Првата приватна порака на овој начин била испратена од американскиот претседател Теодор Рузвелт, до англискиот крал Едвард VII, во 1903 година, од базата на Маркони во Масечусетс. Понатаму, се бележат употреби во метеоролошки, известувачки и полициски цели.
 
[[Ли Де Форест]] дал свој придонес со повеќе откритија: вселенската телеграфија, триодниот засилувач и детекторот на електромагнетно зрачење. Сето ова направило да стане возможно засилувањето на радио-фреквенцискиот сигнал што антената го добива, пред да се употреби во приемникот. Тој се смета и за „кум“ на зборот „радио“. Врз основа на ова е откриена амплитудната модулација, односно АМ-радиото. Претходните предаватели од типот „пали-гаси“ не го поддржувале овој систем. Соединетите американски држави го контролирале овој пронајдок сесè до крајот на Првата светска војна. Потоа сите патенти поврзани со радио технологијата биле префрлени на компанијата RCA (Radio Corporation of America).
 
Преносот на глас бил испитуван уште во 1892 година од Нејтан Стаблефилд, кој ги изговорил зборовите „Здраво Рејни“ кон својот тест партнер Мари, што се сметаат за први во оваа сфера. Експерименталната програма на Реџиналд Фесенден, составена од говор и музика, првпат била чуена преку радио станици на бродовите во 1906 година. Овој Канаѓанец се смета за пронаоѓач на модулацијата кај радио брановите, врз база на „хетеродин принципот“, што овозможувал прием и предавање на сигналот без прекин. Во 1915 година од морнарската база во Арлингтон, Вирџинија, бил пренесуван говор од Њујорк до Сан Франциско и преку Атлантикот до Париз. Првата редовна радио програма започнала на 2 ноември 1920 година во Питсбург, преку радиото КДКА. Пионерот на масовната комуникација, Др. Франк Конрад се смета и за пронаоѓач на кратките бранови, како и за создавач на првата реклама во историјата, што ја направил за продавницата за плочи која го снабдувала со музика.