Разлика помеѓу преработките на „Македонија и Берлинскиот конгрес“

с
→‎top: Правописна исправка, replaced: се до → сè до (4)
с (→‎top: Јазична исправка, replaced: Турската империја → Османлиското Царство (4) using AWB)
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: се до → сè до (4))
{{Внимание}}
{{Викифицирање}}
На 3 март 1878 година, со мирот склучен во Сан Стефано, заврши Руско-турската војна. Русија победата се обиде да ја искористи за да ја реши таканаречената Источна криза во своја корист. Русија, всушност, сакаше, користејќи го правото на победник, Балканот да го претвори во зона на свое влијание, притоа, почитувајќи ја австроунгарската заинтересираност за неговиот западен дел. Со одредбите на Санстефанскиот договор Србија, Црна Гора и Романија ги проширија своите територии на штета на Турција: Србија се прошири сесè до Рашка, Нови Пазар во Санџак и Ситница и Лаба на Косово. Црна Гора ги доби Плав, Подгорица, Никшиќ, Гадско, Жабљак и Бар, а Романија северниот дел на Добруџа. Со договорот во Сан Стефано се создаде сосема нова автономна бугарска држава, со сопствена влада и војска, чии граници ги опфатија териториите на денешната бугарска држава, Врањскиот округ, вклучително и градовите Ниш, Пирот и Врање, преку Шар Планина, Кораб, Црн Дрим, па сесè до Грамос во денешна Грција, опфаќајќи ги Преспанското и Охридското Езеро, како и подрачјето на градот Корча во денешна Албанија, вклучително и самиот град. Според мировниот договор, замисленото бугарско кнежевство на југ требаше да ги добие териториите северно од границата што беше подвлечена од Грамос до Вардар и продолжуваше понатаму до сливот на Места. Солун и Халхидик останаа турски. Од Места, по Родопите, преку Луле Бургас, границите на кнежевството допреа до Црно Море.
 
Како што се гледа, огромен дел од етничка и географска Македонија влезе во новоформираното бугарско кнежевство. Руските војски требаше да останат во новата држава за да помогнат во утврдувањето на новосоздадената власт. Австроунгарската монархија и Русија, според договорот, ја обезбедуваа автономијата на Босна и Херцеговина.
Во Манифестот, еден прецизен патриотски и револуционерен документ, се изнесува мислењето оти „со минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македонците нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Моментот за Македонија е критичен: се работи за нејзиниот живот или смрт!“.
 
Обраќајќи сесè до Македонците со повикот „Вистински Македонци, верни деца на татковината!“, потписниците на Манифестот, претседателот Васил Симон (овде потпишан: Васил Чомо) и секретарот Никола Трајков, ќе извикаат:
 
„Направете се на знамето што ќе го кренеме да биде напишано: Единствена и Обединета Македонија!... Потоа, собирајќи се околу знамето на Македонија, како ваш единствен национален белег, дигнете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно: да живее македонскиот народ, да живее Македонија!“.
 
И во Бугарија активна е македонската емиграција. Неа, во еден добар дел, ја сочинувале учесниците во Руско-турската војна, како и учесниците во Македонското востание. Тие и понатаму не се помирувале со ропството на македонскиот народ. Во Софија се здружиле околу 1.800 активни учесници во ослободителните војни против Османлиското Царство. Нивната одлука се свела на тоа борбата да продолжи до конечното ослободување на Македонија. Под лозунгот жСлобода за Македонија или смртж, била формирана Бугарско-македонска лига, чие име подоцна е сведено само на Македонска лига. Лигата се изјаснила за политичко ослободување на Македонија и за создавање македонска држава . За да може да ја реализира оваа висока цел Лигата почнала да организира сопствена војска, како и да разработува сопствена стратегија за водење ослободителна војна на Македонците. Објавувајќи се како народен фронт за ослободување на Македонија, Лигата формирала Привремена управа на Македонија, со единствено политичко и воено раководство сесè до ослободувањето на Македонија и до создавањето македонска држава. На чело на Привремената управа стоел главен војвода, потоа тројца постари војводи и началник на главниот штаб. Воените единици броеле по 180 војници, на чело со војводи.
 
Привремената управа на Македонија, како највисоко законодавно тело, изработила Органски устав на Македонија, во кој бил разработен статусот на идната македонска држава. Уставот, кој имал 103 члена, бил сличен на Критскиот устав од 1868 година. Тој предвидувал политичка и културна автономија на Македонија. Според него, Македонија требало и понатаму да остане во вазален однос кон Турција и во Империјата би имала статус на федерална единица. На нејзино чело би бил генерален губернатор, а владата би била составена од 12 ресорни министри. Границите на идната македонска држава би се поклопиле со границите на трите македонски вилаети: Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот (без Косово и Метохија). Седиштето на губернаторот и на владата би било во Солун.