Конкуренција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Право: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до , се додека → сè додека
Ред 57:
Луѓето на кои учествувањето на натпревари им претставува задоволство се познати како „компери“. Голем број „компери“ присуствуваат на национални собири кои се одржуваат секоја година. Во 2012 година, повеќе од сто луѓе од ширум Австралија се сретнаа во Голд Кост, Квинсленд за да дискутираат на оваа тема.
Биологија и екологија
Конкуренцијата во рамките на еден вид, или помеѓу два или повеќе видови живи организми претставува една од движечките сили во биологијата, особено во полето на екологијата. Конкуренција помеѓу претставници од еден вид („интравидова“) за ресурси како што се храна, вода, територија и сончева светлина можа да заврши со поголема зачестеност на варијанти од самиот вид кои се најсоодветни за опстанок и размножување сесè до нивна целосна асимилација во една популација. Постои и конкуренција помеѓу различни видови („интервидова“). Кога ресурсите се ограничат, многу видови може да зависат од нив . Според тоа, секој од видовите се натпреварува со другите за да се здобие со тие ресурси. Како последица на тоа, оние видови кои се способни да се натпреваруваат за ресурсите можат да изумрат доколку не се адаптираат како на пример, со групирање по природни особености. Според теоријата на еволуцијата, оваа конкуренција за ресурси помеѓу еден ист вид или помеѓу различни видови, игра значајна улога во природната селекција. Во пократки временски размери, конкуренцијата е и еден од најважните фактори кој го контролира диверзитетот во еколошките заедници, особено кај растенијата каде што обично е присутна асиметрична конкуренција и конкурентна доминантност.
Проучувањето на конкуренцијата
Конкуренцијата е област на проучување на неколку домени, вклучувајќи ја психологијата, социолоцијата и антропологијата. Социјал-психолозите на пример, ја проучуваат природата на конкуренцијата. Тие го истражуваат природниот нагон за конкуренција и она што е поврзано за тој нагон. Тие исто така ја проучуваат и „динамиката на групата“ за да откријат на кој начин произлегува конкуренцијата и кои се нејзините ефекти. Социолозите во меѓувреме ги проучуваат ефектите на конкуренцијата врз општеството во целина. Освен тоа, антрополозите ја проучуваат историјата и праисторијата на конкуренцијата во разни култури. Тие го проучуваат и начинот на кој конкуренцијата се манифестирала во разни културни опкружувања во минатото, и како конкуренцијата се развивала со времето.
Ред 63:
===Конкурентност===
Многумина филозофи и психолози откриле една особина кај повеќето живи организми која може да го поттикне одреден организам да се натпреварува. Оваа особина, не случајно наречена конкурентност, се смета за вродена биолошка особина која коегзистира заедно со нагонот за опстанок. Конкурентноста, или склоноста на натпреварување, сепак стана синоним со агресивноста и амбицијата во англискиот јазик. Понапредните култури ги спојуваат агресивноста и конкурентноста во взаемно дејство, како начин на распределување на ресурси и адаптирање. Повеќето растенија се натпреваруваат за повисоко место со цел да примат повеќе сончева светлина.
И покрај тоа, Стивен Џеј Голд (анг. Stephen Jay Gould) и други тврдат дека додека некој се искачува по еволуционата хиерархија, конкурентноста (инстинктот за опстанок) станува помалку вродена, а повеќе стекната особина. Истото важи и за соработката. Кај луѓето, во најмала мера, и соработката и конкуренцијата се сметаат за стекнати особини, бидејќи човечкиот вид учи како да се прилагоди на еколошките притисоци. Затоа, доколку е потребна конкуретност за да се опстане, единката ќе се натпреварува, а доколку е потребна соработка единката ќе соработува. Во случајот кај луѓето, според тоа, агресивноста може да биде вродена карактеристика, но човекот не мора да е конкурентски настроен истовремено, на пример при искачување на карпа. Од друга страна, изгледа дека луѓето поседуваат и инстинкт за грижа, да ги заштитат новородените и слабите. Тоа помага, сесè додека не бара здружен начин. Терминот се однесува и на економетријата исто така. Во овој случај, претставува компаративна мерка на способноста и работењето на едно претпријатие или оддел да продаде и произведе/набави стоки и/или услуги во одреден пазар. Двата теоретски начини на размислување за проценката на конкурентноста се „парадигмата структура-работење-успех“ и посовремениот „моделот на нова емпириско индустриска организација“. Предвидување на промени во конкурентноста на бизнис секторите станува составен и јасен чекор во јавното кроење на политика. Во капиталистичките економски системи, целта на претпријатијата е да ја одржат и подобрат својата сопствена конкурентност.
 
===Хиперконкурентност===