Кносос: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Литература: Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г. (2)
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до , се додека → сè додека
Ред 1:
{{викификација}}
[[Податотека:Knossos - 09.jpg|right|thumb|300px|Минојската палата во Кносос]]
'''Кносос''' ([[грчки јазик|грчки]]: ''Κνωσός'') бил древен [[град]] на островот [[Крит]], престолнина на легедарниот крал Минос и најголем културен центар за време на периодот на раните егејски цивилизации. Градот во континуитет бил населен 7000 години, започнувајќи со неолитски населби околу 7-от милениум п.н.е., сесè додека не бил напуштен поради некоја голема катастрофа cca 1375 п.н.е. со што е означен падот на минојската цивилизација. На Крит исто така се родило и најстарото писмо на европска почва, што го покажува културниот и цивилизацискиот дострел на луѓето што живееле на островот. Кносос се наоѓа на 6 километри од [[Ираклион]], денешниот главен град на Крит. Археолошкото наоѓалиште бил откриен во 1878 година од страна на грчкиот археолог Минос Калокеринос. Најважните археолошки откритија ги направил [[Артур Еванс]] во 1900 година.
 
== Кносос во митологијата ==
Во грчката митологија Кносос и Крит биле овековечени во многу легенди. Според подоцнежните [[Античка Грција|Грци]] планината Ида, која се наоѓа на Крит, било местото каде што Реја, божицата-земја, го родила [[Зевс]]. Таму тој бил хранет од природата само со мед и козјо млеко, одгледуван од нимфите и заштитуван од група на младинци од неговиот татко Кронос кој сакал да го убие. Во друг мит пак се споменува како Зевс заедно со Европа имал син, Минос, кој подоцна станал крал на Кносос, Крит како и целиот егејски басен. Минос живеел за време на херојскиот период, а владеел три генерации пред почетокот на [[Тројанска војна|Тројанската војна]]. Секоја девета година одел во пештерата Иду каде што Зевс го советувал како да владее. Тој изградил голема флота и ја воспоставил критската талесократија. За Атињаните тој бил бездушен тиранин кој ги жртвувал нивните деца на Минотаурот, кои [[Атина]] требала да ги испраќа секоја година како данок. Минос во својот двор го држел познатиот митски градител Дедал кој за него ја изградил грандиозната палата и познатиот лавиринт во кој бил сместен Минотаурот, синот на Миносовата жена Песифаја заедно со еден бик. Откако [[Дедал]] побегнал на [[Сицилија]], Минос решил да го бара од тамошниот крал Кокал. Во кралскиот дворец на Кокал, од страна на неговата ќерка бил убиен кралот Минос со топла вода. По смртта тој се спуштил во подземјето каде што станал судија кој им го определувал патот на душите на починатите. Овие легенди биле единственото нешто што се знаело за историјата на Крит сесè до XIX век.
 
== Географска положба на Крит и Кносос ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кносос