Разлика помеѓу преработките на „Калниште“

Нема измена во големината ,  пред 7 месеци
с
Правописна исправка, replaced: се до → сè до , Се до → Сè до
с (→‎top: Додавање на потребен параметар, replaced: слика мапа → слика, Инфокутија за село во Република Македонија| → Инфокутија з using AWB)
с (Правописна исправка, replaced: се до → сè до , Се до → Сè до)
 
==Историја и местоположба==
Калниште е едно од поголемите села во Злетовската област, кое во времето од крајот на 19 и целиот [[XX век]] имало значајна историска и стопанска улога. Како потврда на тоа е и фактот што ова село било седиште на Калнишката општина, уште од ноември [[1912]] година, а во составот на оваа општина биле селата Калниште, [[Марчино]], [[Стрмош]], [[Петршино]], [[Бучиште]], [[Неокази]] и [[Ратавица]]. Калниште било Општина сесè до [[1931]] година, кога влегува во новоформираната поголема Злетовска општина, која опфаќала во својот состав вкупно 29 населени места од Злетовската област.
Калниште, како село се наоѓа во подножјето на висот Дебели Рид, кој селото го заштитува од студените северни ветрови. Куќите, групирани во две целини, Горно и Долно Маало, се распоредени од двете страни на потокот кој протекува низ селото. Селскиот атар преовладува со обработливо земјиште, додека пасиштата заземат околу 16 отсто, а шумите само околу 1 отсто, од вкупната површина на атарот.
Постоењето на топонимот Латински Гробишта, кој се наоѓа непосредно до селото, јасно кажува дека на ова место постоела населба уште од времето на Римјаните. Сепак името на сегашното село е од словенското потекло и произлегува од зборот кал и наставката – ниште, што покажува дека од земјата црвеница која е одлика на почвата на селскиот атар, после секој поголем дожд се создавало многу кал и од таму името Калниште.
 
Бројот на жителите на селото Калниште, почнувајќи од седумдесеттите години на XIX век во текот на целиот XX век, е во постојано зголемување. Така од околу 270 жители во почетокот на XX век, во 1971 година селото Калниште имало 682 жители, а на почетокот на 21 век (2005 година) Калниште како приградска населба има над 2.000 жители.
СеСè до периодот пред [[Втората светска војна]], мнозинството на жители на село Калниште, според потеклото на нивните предци, биле староседелци, а во периодот по 1945 година, преовладуваат доселеници.
Со пописот од 1994 година и според дефинитивните податоци со административно – територијалната поделба на Република Македонија од 14.09.1996 година, во целата приградска населба Калниште имало вкупно 1593 жители (793 мажи и 800 жени) кои живееле во 469 домаќинства.
Со пописот од 2002 година во Калниште живееле 2.102 жители (мажи 1.083 и жени 1.019) во 623 домаќинства а во Калниште имало 1.052 живеалишта (станови).