Историја на уметноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎'''Источна уметност''': Исправка на предлошка, replaced: , Христијанството → , христијанството
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2)
Ред 40:
 
==='''Египет'''===
Во Египет настанала една од првите големи цивилизации со детални и комплексни уметнички дела кои ја попримаат професионалната специјализација на уметникот/занаетчија. Неговата уметност била интензивно религиска и симболична со високо централизирана структура на моќ и хиерархија, давајќи му голема важност на верскиот концепт на бесмртност, посебно на фараонот за кого биле изградени многу споменици. Египетската уметност се протега од 3000 г. П.н.е. па сесè до освојувањето на Египет од страна на Александар III Македонски. Сепак неговото влијание опстоило во копската и византиската уметност.
За архитектурата, карактеристична е монументалноста постигната преку употребата на големи блокови од камења, трегер и цврсти столбови. Истакнати се надгробните споменици во три главни типови: мастаба, гроб со правоаголна форма, пирамида, која може да биде скалеста (Сакара) или со мазни рабови (Гиза) и хипогем, подземен гроб ( Долина на кралевите). Другата голема градба е храмот, монументален комплекс претходен од авенија на сфинги и обелисци кои го покажуваат патот до два далноводи и трапезоидни ѕидови, хипаетрос, хипостил сала и светилиште. Значајни се храмовите на Карнак, Луксор, Филае и Едфу. Друг вид на храм е камениот храм во форма на хипогеум како во Абу Симбел и Деир ел-Бахари.
 
Ред 52:
 
==='''Западна Европа'''===
Иако некои од наведените книги имаат глобален пристап, тие се универзално најсилни во западната историја на уметност. Книгите користат примери од секоја ера за да создадат приказна која спојува стилови кои се менуваат со социјална историја. Почнувајќи со праисториска уметност како што е Стоунхенџ, пред да се дискутира за античкиот свет, кој започнува со Месопотамија, па продолжувајќи со уметноста на стар Египет која се менува во класичните антиквитети. Класичната уметност вклучува и Грчки и Римски дела. По падот на римската империја, се фокусираме на Средновековна уметност, период кој траел речиси цел милениум. Високо интелектуалната култура во средновековниот период била претежно исламска, но оваа ера вклучува и дела на рано-христијанската уметност, Византиската, Готската, Англо-Саксонската и Викингшката уметност. Средновековната ера завршува со ренесансата, по што следат бароко и рококо. Понекогаш уште еден период, Маниризмот е инсертиран меѓу бароко и рококо, кој е визуелен хибрид. 18-от и 19-от век вклучувале неокласицизам, романтизам, академизам и реализам. Историчарите имаат несогласување околу прашањето кога започнала Модерната уметност. Уметничките движења во доцниот 19ти па сесè до раниот 21 век се премногубројни за детално да бидат опишани, па затоа може да бидат пошироко поделени на две категории: Модернизам и Современа уметност. Современата уметност понекогаш се нарекува и Постмодернистичка уметност.
Иако учебниците периодите ги класифицираат според движењата, тие истото го прават и по времето (вековите). Многу историчари на уметност ја препознаваат историската важност на Италијанската Ренесанса и Барокната уметност.