Историја на економската мисла: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Жан Баптист Сеј: Правописна исправка, replaced: 1930тите → 1930-тите using AWB
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (3), се додека → сè додека (3)
Ред 41:
=== Жан-Баптист Колберт===
Жан-Баптист Колберт (1619-1683) бил министер за финансии под власт на крал Луј XIV од Франција. Тој постави национални здруженија за да ги регулира повеќето индустрии. Свила, лен, таписерија, производство на мебел и вино биле примери за работите по кои Франција била позната и за кои било потребно членство во здружение во кое ќе функционираат. Вака останало сесè до француската револуција. Според Колберт едноставно и единствено изобилството на пари внатре во државата ја прават разликата во нејзината величенственост и моќ.
 
== Британско просветлување==
Ред 60:
=== Дејвид Хјум===
 
Дејвид Хјум (1711-1776) се согласува со филозофијата на Норт и ги напаѓа меркантилистичките претпоставки. Неговите придонеси биле запишани во „Political Discources” (1752), подоцна вметнат во неговата „Essays, Moral, Political, Literary” (1777). Додадено на фактот дека било непожелно да се залага за погоден баланс на трговијата Хјум рекол дека во секој случај е невозможно. Хјум рекол дека секој суфицит на извоз кој можеби е достигнат би бил платен од страна на увозителите со злато и сребро. Ова би ја покачила набавката на пари, и цените би пораснале. Тоа би предизвикало пад во извозот сесè до обновувањето на балансот на увоз.
 
== Теорија на обрт==
Ред 111:
=== Џереми Бентам===
 
Џереми Бентан (1748-1832) е можеби најрадикалниот мислител на своето време, и го разви концептот на утилитаризам. Бентам беше атеист, затворски реформатор, активист за правата на животните, верник во универзалното право на глас, слобода на говор, слободната трговија и здравственото осигурување во време кога само неколку се осмелија да ги дискутираат. Тој беше ригорозно школуван од рана возраст завршувајќи универзитет и да се активира во правниот сектор уште на 18 години. Неговата прва книга „Фрагмент на владата“ ( 1776) е објавена анонимно бесе остра критика на „коментари на законите во Англија“ на Вилијам Блекстон. Ова доби широк успех сесè додека не се откри дека всушност младиот Бентан е негов автор, а не некој почитувани професор. Во „Принципи на моралите и законодавството“ (1791) Бентам ја изнесе својата теорија за комунални услуги.
 
Целта на законската политика мора да се стреми кон тоа да се намалат бедата и страдањата колку што е можно повеќе и да се зголеми среќата на највисоко можно ниво. Бентам дури дизајнира и сеопфатна методологија за пресметка на агрегатна среќа во општеството со посебен закон за производствена анализа. Општеството, тврди Бентам, не е ништо повеќе од вкупниот број на поединци така што ако некој има за цел да произведе нето социјално добро тогаш треба само да се осигура дека се доживува поголемо задоволство насекаде, отколку болка, без оглед на броевите. На пример предложен е законот да се направи секој автобус во градот да е пристапен за инвалиди, но да се движи по бавно од своите предходници, како резултат на новиот дизајн. Милиони корисници на автобуси имат мала количина на незадоволство или “болка”со зголемување на сообраќајот и патувањето, но еден мал дел на луѓе со инвалидски колички ке ја доживеат огромната сума на задоволство да бидат во можност да фатат јавен превоз, кој го надминува вкупното незадоволство од другите корисници. Интерперсоналните споредби на комуналните услуги им беа дозволени од страна на Бентам, идејата дека огромното задоволство на еден човек може да се смета повеќе од болката на многу други. Многу критичари подоцна покажаа дека ова може да биде изопачено, на пример дали производствената анализа би дозволила многу среќен диктатор да го надмине коритото на бедата на неговите експлоатирани. И покрај методологијата на Бентам се појавија сериозни пречки во мерењето на среќата кај луѓето.
Ред 183:
Алфред Маршал е исто така заслужен за неговиот обид да се постави економијата поматематички основи. Тој беше првиот професор по економија на универзитетот во Кембриџ и неговото дело, „Основи на економија“ се совпадна со транзицијата на поимот од „политичката економија“ на неговиот омилен израз „Економија“. Тој гледа на математиката како начин да се поедностави економското размислување, но сепак не бил сосема убеден, како што подоцна открива во писмо до неговиот ученик Артур Сесил Пиџоу.
 
„(1) Користете математика како скратен јазик, а не како средство за истрага. (2) Продолжете да ја користите сесè додека не завршите (3) Преточете го тоа во зборови (4) Потоа илустрирајте со примери кои се важни во реалниот живот. (5) Целосно отстранете ја математиката (6) Ако не можете да успеете во број 4, поништете го број 3. Ова го правам често.“
 
Бидејќи доаѓа по маргинална револуција, Маршал се концентрирал на помирување на класичната работничка теорија на вредноста, која била концентрирана на снабдувачката страна на пазарот, со новата маргинална теоријата која била концентрирана на страната на побарувачката. Графичкото претставување на Маршал е познататиот графиконот на понудата и побарувачката, "Маршалски крст". Тој инсистираше на тоа дека пресекот на двете и на понудата и на побарувачката кои произведуваат рамнотежа на цената на конкурентниот пазар. Долгорочно, тврди Маршал, трошоците на производство и цената на стоките и услугите се стремат кон најниската точка во согласност со континуирана продукција. Артур Сесил Пиџоу во „богатството и благосостојбата“ (1920), се стремеше кон постоењето на пазарни интервенции. Пазарите се неефикасни во случај на економски екстерналии, а државата мора да се меша. Како и да е Пиџоу остана на убедувањата за слободна трговија, и во 1933 година, пред економска криза, во „Теорија на невработеноста“ тој објасни дека прекумерната интервенција на државата на пазарот на трудот е вистинската причина за масовна невработеност, бидејќи владите воспоставиле минимални плати, што било пречка платите автоматски да се подесуваат. Ова беше во фокусот на напад од Кејнз.
Ред 236:
=== Институционализам===
 
Торстејн Веблем (1857 – 1929), кој доаѓа од руралниот дел на централно-западна Америка и работи во Универзитетот во Чикаго, е еден од најпознатите рани критичари на „Американскиот начин“. Во „Теоријата на неработната класа“ (1899) ѓи напаѓа материјалистичката култура и богатите луѓе кои упадливо ги трошат нивните богатства како начин на покажување на нивниот успех, а во „The Theory of Business Enterprise“ (1904) Веблен прави дистинкција помеѓу производство за потребите на луѓето и производство за чист профит, тврдејќи дека првото е често попречено, бидејќи бизнисот го брка второто. Крајниот резултат и технолошкиот напредок се ограничени од бизнисот и креирањето на монополи. Бизнисот ги штити неговите капитални инвестиции и применува преголеми кредити, што води до депресија и зголемување на воената експанзија и војна, преку бизнис контрола на политичката моќ. Овие две книги кои се фокусираат на критицизмот како кон побарувачката така и кон профитирањето, не предложија промени. Како и да е, во 1911 Веблен се приклучи кон наставничкиот колегиум на Универзитетот во Мисури, каде ја доби поддршката на Херберт Девенпорт, главниот на економскиот оддел. Веблен останал во Колумбија, Мисури во текот на 1918 и истата година се преселил во Њујорк каде што започнал да работи како уредник во списанието “The Dial” за во 1919 заедно со Чарлс Бирд, Џејмс Харви Робинсон и Џон Дјуи да помогнат при основањето на Новата школа за социјални истражувања (позната како „Новата школа“). Исто така бил дел од „Техничка алијанса“ основана во 1919 пд Хауард Скот. Од 1919 па сесè до 1926 Веблен продолжил да пишува и да е активен во повеќе сфери во „Новата Школа“. Во овој период ја напишал „Инженери и ценовниот систем“ (1921).
 
Џон Р. Комонс (1862-1945) исто така доаѓа од централно-западна Америка. Изнесувајќи ги неговите идеи собрани во „Институционална Економија“ (1934) заклучува дека економијата е мрежа на соодноси помеѓу луѓе со различни интереси. Постојат монополи, големи корпорации, работнички несогласувања и флуктуирачки деловни циклуси. Но во нивни интерес е да се разрешат овие несогласувања. Владата, според Комонс, би требало да биде посредник помеѓу групите инволвирани во конфликтот. И самиот Комонс посветил многу време во советување и посредништво на влади и индустриски комисии.
Ред 274:
=== Роналд Коаз===
 
Роналд Коаз (роден 1910) е најпознатиот економски аналитичар на правото и добитник на Нобеловата награда во 1991 година. Во неговата прва поголема статија, „Природата на фирмата“ (1937), тврди дека причината за постоењето на фирми (фирми, партнерства, итн), е постоењето на трошоците за трансакции. Рационалните поединци, на отворените пазари тргуваат преку билатерални договори, сесè додека трошоците за трансакции доведат до тоа, користењето на корпорациите за производство да биде поисплатливо.
 
Во неговата втора поголема статија „Проблемот на социјалната цена“ (1960), тој тврди дека ако живеевме во свет без трансакционите трошоци, луѓето би склучувале зделки еден со друг, со цел да се создаде иста распределба на средствата, без оглед на тоа како судот би влијаел по пресудите во спорови за споственост. Коаз го користи примерот на еден стар правен случај со име „Sturges Vs. Bridgman“, каде што бучниот слаткар и тивкиот лекар биле соседи и отишле на суд за да се реши кој треба да се отсели. Според Коаз, без оглед на тоа дали судијата би пресудил слаткарот да престане со користење на неговите машини, или лекарот да мора да се помири со тоа, тие би можеле да постигнат заемно прифатливо решение, зделка, за тоа кој да се отсели, без да ја надминат истата распределба на средства потребна за судската интервенција. Само со постоењето на трансакционите трошоци може да се спречи ова. Значи законот треба да предвиди што ќе се случи, и тие да се водат од тоа што би било ефикасно решение. Идејата е дека законите и прописите, не се толку од помош на луѓето, колку што мислат адвокатите и оние кои ги носат законите.